Александар Стамболијски

(Пренасочено од Александар Стамболиски)

Александар Стоименов Стамболијски (бугарски: Александър Стоименов Стамболийски, 1 март 187914 јуни 1923) — политичар од Бугарија и водич на Бугарскиот земјоделски народен сојуз (БЗНС). Тој бил премиер на Бугарија во периодот од 1919 до 1923 година.

Александар Стоименов Стамболијски
Александър Стоименов Стамболийски
20-ти премиер на Бугарија
На должноста
14 октомври 1919 – 9 јуни 1923
Монарх Борис III
Претходник Теодор Теодоров
Наследник Александар Цанков
Лични податоци
Роден(а) Александар Стамболијски
1 март 1879(1879-03-01)
Славовица, Источна Румелија
Починал(а) 14 јуни 1923(1923-06-14) (возр. 44)
Славовица, Бугарија
Народност Bulgarian
Партија Бугарски земјоделски народен сојуз
Потпис

Животопис

уреди
 
Стамболијски го потпишува Нејскиот договор
 
Разговор со советскиот претставник К. Раковски за време на Конференцијата во Џенова во 1922 година
 
Со членовите на бугарската делегација на Конференцијата во Џенова

Стамболијски е роден на 1 март 1879 во Славовица, Пазарџичко, Источна Румелија (денес Бугарија). Александар Стамболијски учел во земјоделското училиште во Садово (1893–1895) и завршил на Лозаровинарското училиште во Плевен (1895–1897). Во Плевен бил ученик на основачот на Бугарскиот земјоделски сојуз (БЗС) Јанко Забунов. Во 1899 учествувал на основачкиот конгрес на БЗНС. Следните години студирал филозофија во Хале и агрономија во Минхен, но го прекинал своето образованието поради туберкулоза.

После неговото враќање во Бугарија се занимавал со политичка дејност. Во 1908 година Александар Стамболијски бил избран за народен пратеник од редовите на БЗНС. Тој се претворил во „де фкато“ водич на БЗНС и под негово влијание сојузот се преобразил од претставничка организација во политичка партија. За пратеник бил избран на 14-то (1908-1911), 16-то и 20-то Народно собрание (1913-1923) како и во 5-то Народно собрание на Бугарија (1911).

Владеењето на Стамболијски

уреди

Во 1922 година бил одржан референдум за судење на виновниците за националните катастрофи. На него поддржувачите на БЗНС и БКП со големо мнозинство наложиле да се осудат дел од политичката и воена елита на Бугарија за време на војните (1913–1918). Подоцна се спровеле политички репресии како кон БКП, така и кон целата опозиција. Основен инструмент на репресиите бил т.н. Портокалова гарда — слабо вооружени одреди, следбеници на БЗНС и Стамболијски.

 
Крвавиот натпис на Александар Стамболијски пред смртта

За време на превратот, Стамболијски се наоѓал во своето родно село Славовица и не успевал да реагира соодветно. Во меѓувреме, во земјата избиле селски немири, кои во бугарската историографија останале познати како Јунско востание. Најголем замав тие имале во Плевенско и Шуменско. Плевен дури бил ставен под опсада и делумно заземен од селските дружини. Крајниот епилог на „востанието“ било задушување од страна на воениот гарнизон и поддржувачите на новата власт во Софија.

Самиот Стамболијски организирал стотици селани и направил обид за опсада на Пазарџик. Наредбата за напад не била дадена. Силите биле нерамномерни и откако месниот гарнизон не се потчинил на законскиот премиер, на 11 јуни Стамболијски наредил на селаните да се повлечат, за да не се дојде до крвопролевање.[1]

Атентат

уреди

Уште на 10 јуни воениот министер Иван Велков дал усна наредба на капитанот Иван Харлаков самиот Стамболијски да биде заробен и убиен и тој заминал со група воени лица за Пазарџик, каде операцијата за апсење била раководена од полковникот Славејко Василев. Стамболијски се обидел да пребегне до дворецот во Кричим, но на 13 јуни бил заробен кај селото Голак, по кое бил преместен во Пазарџик каде бил предаден на групата на Харлаков. Тој бил однесен во вилата во Славовица. Таму бил убиен од група членови на ВМРО- Автономистичка , водена од скопскиот војвода Величко Велјанов.[2]

Семејство

уреди
 
Александар и Милена Стамболијска со двете деца Надежда и Асен

Александар Стамболијски се оженил во 1900 со Милена Даскалова (1875–1944), со која имале две деца:

  • Надежда (р. 1901)
  • Асен (р. 1904)

Библиографија

уреди
  • Нашите възгледи по държавните пенсии (1908)
  • Земеделец по занятие и земеделец по убеждение (1908)
  • Политически партии или съсловни организации (1909)
  • Власт. Безвластие. Народовластие (1919)
  • Върховният принцип на народовластието (1919)
  • Двете ми срещи с цар Фердинанд (1919)
  • Защо се сдружават земеделците (1919)
  • Земеделският съюз и неговите врагове (1919)
  • Земеделският съюз и неговите оръжия за отбрана и победа (1919)
  • Интелигентните сили в Земеделския съюз и партиите (1919)
  • Резултатите от дейността на Земеделския съюз (1919)
  • Какъв трябва да бъде политикът (1919)
  • Принципите на БЗНС (1919)
  • Различието между Земеделския съюз и партиите (1919)
  • Защо ги съдим? (1922)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Фол, Александър и др., Кратка история на България, с.329, Издателство Наука и изкуство, София 1981
  2. Марков, Георги (2003). Покушения, насилие и политика в България 1878-1947. София: Военно издателство. стр. 163–164. ISBN 954-509-239-4.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: