Александар Домогаров

Александар Јурјевиќ Домогаров (јазик Алекса́ндр Ю́рьевич Домога́ров) Москва, 12 јули 1963) е советски и руски филмски и театарски глумец, телевизиски водител, изведувач на шансони и народен глумец на Русија (2007).[1]

Александар Домогаров
Александар Јурјевиќ Домогаров во кино, 2009 година.
Роден(а)12 јули 1963(1963-07-12)(61 г.)
Москва, Русија
ЗанимањеГлумец, водител
Страница
Официјално мрежно место

Животопис

уреди

Роден е на 12 јули 1963 година во Москва. После завршетокот на основното и средното образование, се запишал Виша театарска школа М.С Шепкин во 1984 година.[2]
Во периодот од 1984 до 1985 година играл во Малиот театар во Москва[2], а од 1985 година преминал во Театар на руската армија, каде останал сè до 1995 година.[2] Од 1995 година започнува да глуми во театарот Мосовет[2] и на таа сцена го играл Марат во театарската претстава Мојот сиромашен Марат, Сирано во претставата Сирано де Бержерак , докторот Џекил и господинот Хајда во руската верзии на мјузиклот Џекил и Хајд, каде го покажал својот талент за пеење, изведувајќи ги тешките вокални делови во претставата. Го играл и Астров во претставата Вујко Вања, Бершиниан во претставата Трите сестри, Гајев во претставата Вишњик и во многу други.

Покрај работата во театарот „Мосовет“, тој глумел и во многу други претстави во други театри, вклучително и во Московскиот драмски театар и во Краковскиот театар, каде својата улога ја поставил на полски јазик.

Дебитирал за филм во 1984 година, кога добил улога во филмот „Наследство“, во режија на Георгиј Натансон. Првата важна улога ја играл во ТВ филмот „Пирати 3“, каде ја играл улогата на Павел Горин, 1992 година. После улогата во историската телевизиска серија „Грофица Монсоро“ 1997 година, тој ја играл главната улога на грофот и привлекол поголемо внимание на јавноста. После тоа, тој играл во телевизиските серии „Турски марш“ (2000-2007) и „Гангстерите од Санкт Петербург“ (2000-2003).

Надвор од Русија првпат глумел во полската ТВ серија „ Со оган и меч“ (1999), во режија на Јержи Хофман, каде Домогаров ја играл улогата на полковникот Јурко Бохун. Покрај тоа, во Полска тој исто така глумел во ТВ серијата „Криминален бран“ (2003-2008), во филмовите „Една јунска ноќ“ во режија на Анджеј Вајда и во „Битката кај Варшава“, 2011 година, во режија на Јержи Хофман. Во Шведска, тој имал улога во филмот „Офицери“, 2001 година.

Неговиот личен живот е опишан во филмот „Исповед за осамениот човек“ на Александар Домогаров, кој премиерно бил прикажан на 17 март 2012 година.[3]

Семејство

уреди

Неговиот дедо од татковата страна бил поморски официр во Привремена влада на Русија и му помогнал на Александар Керенски да побегне од Зимскиот дворец во Санкт Петербург.[4]
Таткото на Александар Јуриј Домагов (1915—1991)[5] бил филмски и театарски глумец и војник на СССР, кој е повеќекратно наградуван.[6] Мајката на Александар била Наталија Петровна Домагова (21 август 1928[5] — јуни 2002 година)[7])[6], а постариот брат Андреј Домогаров (7 јули 1953) завршил Московски државен патнички и технички универзитет, каде предавал како професор.

Од бракот со Наталија Едуардовна Домогарова имал син Димитриј Александрович Домогаров (7 јануари 1985 — 7 јуни 2008), кој погинал во сообраќајна незгода.

Со другата сопруга Ирина Аљтоневна Домогарова во 1989 година, добил син Александр Александрович Домогаров, кој и ден денес се занимава со глума.
По завршувањето на вториот брак, Александар се оженил со Наталија Валеревна Громушкин, која исто така се занимава со глума. Четвртата сопруга му била Марина Андрејевна Александровна, Народна глумица на Русија, со која Александар бил во брак во периодот од 2005—2007 година.

Театарски улоги

уреди

Театар на руска армија

уреди
  • Дама со Камелии — Арман Дивал
  • Дрвјата умираат стоејќи — директор
  • Макабет — Макбуф
  • На умирачкото место — Миливидов
  • Моја професија — Викторио
  • Павел I — Александар

Театар Багатела

уреди
  • Макбет — Магбет од Шкотска

Отворен московски театар

уреди
  • Машка сезона — Арсениј

Театар Мосовета

уреди
  • Мојот сиромашен Марат — Марат
  • Скитници во бегство — Димитрие
  • Тој приде — Џералд Крофт
  • Добар другар — Жорж
  • Сирано де Бержерак — Сирано де Бержерак
  • Чудна приказна на докторот Џекил и господинот Хајд — доктор Џекил
  • Вујко Вања — Миахил Астров
  • Трите сестри — Александар Игњатијевиќ
  • Вишњевиот гај — Леондид Андрејевиќ Гаев

Филмографија

уреди
Година Филм Улога Напомена
1984 Наследство Слава
1985 Голема неволја Антон
1986 Михаил Ломоносов Александар Сумароков мини серија
1987 Асса Александар I Павлович
1988 Мојот сопруг и ќерка ми Тамара ученик Феди
1989 Посета на дама Кови тв филм
1990 Направи еднаш Гоша
1991 Крв за крв Бубус
1992 Пирати III Павел Горин
1993 Ако сакаш да знаеш Васили Солени, офоцир
1993 Одмазда на шверцер
1994 Крст на милосрдие Андреј тв серија
1996-97 Кралица Марго Буси ТВ серија
1997 Грофица Монсоро Буси тв серија
1996 Бел танц Никита, успешен стопанственик
1999 Со оган и меч Јурко Бохун
1999 Na koniec swiata Виктор
2000 Dykaren Виктор
2000 Игра на летење Николај
2000 Царство на удар Георгије Гапон тв серија
2000-01 Гангстери на Петербург Андреј Серегин мини серија
2001 Турски марш Александар Турески тв филм
2002 Јас сум кукла Виктор
2003 Зошто имаш алиби? Игор тв филм
2003 Идиоти Евегеније Радмоски тв серија
2004 Uzkiy most Гладијев мини серија
2004 Меден месец Андреј мини серија
2004-05 Криминален бран Сергеј – шефот на мафија тв серија
2005 Tyomny Instinct тв серија
2005 Губиток на Сонцето Антон мини серија
2005 Жена нобеловец Олег Ермарков тв серија
2005 Звезда на епоха Константин Симонов, песник мини серија
2006 Сатисфакција Александар Шуленин мини серија
2006 Горфот на Црна Гора Михаил Милорадовиќ, гроф
2006 Вукодав од родот Сив Пес Варварин Људодјеј
2007 Инди Арсени
2007 Сјај Миша Клименко
2008 Бела ноќ, слатка ноќ стопанственик Павел Власов
2009 Цар Алексеј Басманов
2009 Ако тоа е нашата судбина Александар Власов, познат уметник тв серија
2010 Легенда за летечкиот Кипран Валент
2010 Постарија сопруга Макс
2011 На сончевата страна на улицата Јуриј Кондрачевиќ тв серија
2011 Достојевски Александар Исајев мини серија
2011 Варшавска војна Крушкин
2011 Тајните на револуционарот на палатата Линар тв серија
2012 Зоннентау Харалд Сомерсет тв серија
2012 Марина роша Трошин тв серија
2012 Лицето на другиот Ставински тв серија
2012-13 Крв за крв Антон тв серија
2013 Викенд савршени Иван
2013 Убиј го Сталин Иван Бережнаја Mini-series
2014 Марина роша 2 Трошин тв серија
2015 Пенсилванија
2017 Голем

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди