Александар Керенски
Александар Фјодорович Керенски (Симбирск, Руската Империја, 4 мај 1881 - Њујорк, САД, 11 јуни 1970) (руски: Алекса́ндр Фёдорович Ке́ренский) бил руски политичар. Тој бил премиер на Русија во времето на Привремената руска влада која опстојувала помеѓу Февруарската револуција и Октомвриската револуција.
Александар Керенски Алекса́ндр Ке́ренский | |
---|---|
Втор претседател на Привремената руска влада | |
На должноста 21 јули 1917 – 8 ноември 1917 | |
Претходник | Григориј Лавов |
Наследник | Владимир Ленин |
Премиер на Русија | |
На должноста 21 јули 1917 – 8 ноември 1917 | |
Претходник | Григориј Лавов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 4 мај 1881 Симбирск, Руска Империја |
Починал(а) | 11 јуни 1970 (89 години) Њујорк, САД |
Националност | Русин |
Професија | политичар |
Во времето кога избила Февруарската револуција, Керенски бил еден од најголемите водачи на истата. Подоцна бил избран за потпретседател на петроградскиот совет. Освен тоа, Керенски бил и министер за правда во новата привремена влада. Во времето кога Советите изгласиле резолуција според која забраниле нивното членство да учествува во работата на владата, Керенски тоа остро го осудил. Кризата во привремената влада настанала кон почетокот на мај. По крајот на кризата, Керенски станал прв воен министер во новоформираната влада помеѓу социјалистите и либералите. Под притисок на сојузниците, Русите морале да продолжат со војната. Во почетокот тие забележиле одредени успеси, но сепак руската армија имала големи загуби. Ова дополнително придонело до распаѓање на коалицијата, на 2 јули 1917 година. Керенски по ова станал премиер на земјата. Нови немири настанале по поразот од Германија на Русија во војната. По ова, околу 20.000 морнари влегле во престолнината Петроград, барајќи Советите да ја заземат власта.
Во октомври 1917 избувнала Октомвриската револуција, со која беше соборена владата на Александар Керенски и беа поставени темелите на комунистичката власт во Русија, на чело со Ленин.