Александар Александров (фудбалер април 1986)
Александар Александров (роден на 13 април 1986, во Шумен) — фудбалер, играч од одбраната на Лудогорец и на бугарската репрезентација.
Александар Александров | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 13 април 1986 | ||
Роден во | Шумен, Бугарија | ||
Висина | м | 1,86||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Лудогорец | ||
Број | 15 | ||
Младинска кариера | |||
Волов Шумен | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2003-2005 | Черноморец Бургас | 27 | (0) |
2005-2013 | Черно Море | 217 | (5) |
2014- | Лудогорец | 23 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2006-2007 | Бугарија 21 | 6 | (1) |
2013- | Бугарија | 5 | (0) |
* Ажурирано на: 16 јануари 2012 ** Ажурирано на: 16 јануари 2012 |
Клупска кариера
уредиПочетоци и Черноморец
уредиАлександров ја започнал својата кариера во екипата на Волов Шумен. Во јуни 2003 година, кога имал само 17 години, Александров потпишал со екипата на Черноморец Бургас и го направи своето деби во A група во сезоната 2003-2004. Својата прва сезона како професионалец ја завршил со 13 настапи, но неговиот Черноморец испаднал во Б група. Следната сезона во втората лига на Бугарија, Александров одиграл 14 натпревари во првенството и еден во Купот на Бугарија, но неговиот клуб доживеал уште едно испаѓање завршувајќи на претпоследното место на табелата. По испаѓањето во аматерските лиги, клубот се нашол во голема финансиска криза и Александров заедно со уште неколку играчи биле ослободени од договорот. Неколку недели подоцна, тој ја прифатил понудата на прволигашот Черно Море.
Черно Море
уредиВо клубот од Варна, прво под раководството на Илиан Илиев, а потоа и на Јасен Петров, Александров се утврдила како стартер во одбраната на "морјаците". Своето деби во лигата за Черно Море го направил на 17 септември 2005 година, влагувајќи како замена во победата со 4-0 над Беласица Петрич. На 29 април 2006 година, тој го постигна својот прв гол, победничкиот за Черно Море на гостувањето против Пирин Благоевград (1-0). Во неговата прва сезона во Черно Море, тој направил 21 настап во А група.
Својот втор гол за клубот го постигнал во победата со 2-1 над Черноморец Бургас на 20 октомври 2007 година, прв на домашен терен.
На 1 ноември 2008 година, Александров го постигнал вториот гол за Черно Море во нивната победа со 3-0 над Сливен 2000. На 29 ноември, тој го постигна својот втор гол за сезоната 2008-2009 во победата со 4-0 победата против Мињор Перник.
На 5 април 2011 година, Александров бил исклучен во натпреварот против ЦСКА Софија во Купот на Бугарија што неховиот тим го загубил со 2-0; тоа бил неговиот прв црвен картон во дресот на Черно Море. Две недели подоцна, тој потпишал продолжување на договорот на две години кој го држел во Черно Море до 2013 година.
Лудогорец
уредиВо јануари 2014, Александров потпишал за бугарскиот шампион Лудогорец[1] и го направил своето во A Група на 30 март 2014 година, играјќи ги сите 90 минути во ремито 1-1 против Ботев Пловдив.[2] На 7 мај со победата над Локомотив Пловдив со 1-0 на домашен терен, Александров станал шампион на Бугарија со Лудогорец.[3]
Следната сезона дебитирал во групната фаза од Лигата на шампионите, играјќи ги сите 90 минути во поразот со 2-1 од Ливерпул на Енфилд. Сезоната ја завршил со 13 настапи во првенството, 2 во купот, 1 во суперкупот и 5 во Лигата на шампионите, помагајќи орлите да ја освојат четвртата титула по ред во А група и да го совладаат Ботев Пловдив во суперкупот.
Репрезентативна кариера
уредиВо периодот помеѓу 2006 и 2008 година Александров настапувал за младата репрезентација на Бугарија под 21 година.
Во март 2008 година, селектор на сениорската репрезентација Пламен Марков го повикал Александар во репрезентацијата за пријателскиот натпревар против Финска. Меѓутоа, своето деби го направил пет години подоцна кога Љубослав Пенев бил селектор, влагувајќи како замена за повредениот Илија Миланов во пријателски натпревар на гости против Јапонија игран на 30 мај 2013. На 7 февруари 2015 година, ги одиграл сите 90 минути во пријателскиот натпревар против Романија што завршил 0-0.[4] На 28 март 2015 година, тој бил стартер и останал на теренот во текот на целиот натпревар во ремито 2-2 против Италија во квалификациите за Евро 2016; првиот официјален натпревар на клупата на Бугарија за новиот селектор Ивајло Петев.[5]
Титули
уредиЛудогорец
уреди- Бугарско првенство (2) : 2013-2014, 2014–2015
- Куп на Бугарија (1) : 2013-2014
- Суперкуп на Бугарија (1) : 2014
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „Александров: на Лудогорец не се отказва, имаше варианти и за чужбина“ (бугарски). topsport.bg. Посетено на 2014-03-30.
- ↑ „Ludogorets Razgrad vs. Botev Plovdiv“. flashscore.com. Посетено на 2014-03-30.
- ↑ [1]
- ↑ „Romania vs. Bulgaria 0:0“. flashscore.com. 7 February 2015. Посетено на 6 March 2015.
- ↑ „Bulgaria vs. Italy MatchCast“. topsport.bg. 28 March 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 29 March 2015.