Алберт Наѓ (Земун, 29 октомври 1974) бил поранешен српски фудбалер. Настапувал како играч. Од 2017 година работи како фудбалски тренер, а моментално се наоѓа на клупата на Телеоптик.

Алберт Наѓ (2007)

За белградски Партизан играл во два наврати, и тоа првиот пат 1992 до 1996 година, и по втор пат кога се вратил во својот матичен клуб во 2002 година. Веќе во 2003 година заедно со црно-белиот тим обезбедил пласман во Лигата на шампионите. Тој одиграл вкупно 406 натпревари во „црно-белиот“ дрес и притоа постигнал 33 гола. Со екипата на Партизан освоил пет шампионски титули и еден трофеј во Купот на Југославија.

Покрај за екипата на Партизан настапувал и за составот на Чукарички во Србија, а во странство играл за шпанските клубови Реал Бетис (1996-1998), Овиедо (1998-2002) и Елче (2001), како и за рускиот тим на Ростов (2007).

Одиграл 45 натпревари за СРЈ (СР Југослвија) / СЦГ(Србија и Црна Гора) во државна репрезентација и притоа постигнал три гола. Со репрезентацијата настапувал на Европското првенство во 2000 година во Белгија и Холандија, како и на Светското првенство во 2006 година во Германија.

Клупска кариера

уреди

Партизан

уреди

Како роден во Земун, Наѓ започнал да игра фудбал во составот на Телеоптик [1] Во екипата на Партизан пристигнал како многу млад (категорија на петлиња) во 1988 година. Ги поминал сите селекции во младинското училиште на клубот, а од 1992 година започнал да настапува во првиот тим.[2] Во својот прв претстој во дресот на Партизан освоил три шампионски титули (1993, 1994 и 1996) и Купот (1994). На 19-годишна возраст, тој станал најмладиот капитен во историјата на екипата на Партизан (подоцна бил престигнат од Јоветиќ и од Нинковиќ).[3] Од 1992 до 1996 година, Наѓ одиграл вкупно 111 натпревари за црно-белиот дрес и постигнал 8 гола додека тренер бил Љубиша Тумбаковиќ.

Шпанија

уреди

Во месец јули 1996 година, Наѓ се преселил во Шпанија и потпишал за екипата на Бетис од првата шпанска лига.[4] Во неговата прва сезона во Бетис, тој одиграл 30 лигашки натпревари, а клубот завршил на четвртото место во Примера дивизион, зад Реал Мадрид и Барселона, и со ист број на бодови како и третопласираниот клуб на Депортиво. Во Шпанскиот Купекипата на Бетис стигнала до финалето каде биле поразени од составот на Барселона, со голот на Луис Фиго во продолжението од натпреварот.[5] Тој одиграл уште една сезона за Бетис, по што во летото 1998 година бил позајмен на клубот на Овиедо, кој исто така бил член на Примера дивизијата.

Во месец јули 1999 година, клубот на Овиедо го откупил договорот на Наѓ од екипата на Бетис.[6] Откако го загубил местото во тимот на Овиедо, Наѓ заминал на како позајмен играч во второлигашот Елче, со кого се борел на последниот натпревар за опстанок во Сегунда дивизион.[5] По истекот на времето како позајмен играч, тој се вратил во составот на Овиедо, кој во меѓувреме испаднал од Примера дивизијата, па Наѓ во овој клуб во сезоната 2001/02 играл во Сегунда дивизијата.[5] Во месец август 2002 година, Наѓ го напуштил тимот на Овиедо откако клубот потпаднал во финансиски тешкотии.[5][7]

Враќање во Партизан

уреди

Во месец септември 2002 година, Наѓ се вратил во екипата на Партизан.[8] Тој останал во црно-белиот дрес во следните пет години и освоиl уште две титули (2003, 2005). Бил дел од тимот кој се пласирал во групната фаза од Лигата на шампионите во 2003 година. Тој исто така бил член на генерацијата која во сезоната 2004/05 го играла осминафиналето на тогашната УЕФА лига, а денес позната како Лига Европа.[2] Тој ги напуштил популарните црно-бели во јули 2007 година, откако спогодбено го раскинал договорот со клубот.[9]

Наѓ за двата престоја во Партизан, сметајќи ги официјалните и пријателските натпревари, одиграл вкупно 406 натпревари во „црно-белиот“ дрес и постигнал 33 гола.[10]

Ростов и Чукарички

уреди

Во месец август 2007 година, Наѓ заедно со голманот Ивица Краљ потпишале договор со рускиот прволигаш Ростов.[11] Во тоа време, руската Премиер лига се играла од месец март до месец ноември. Наѓ за новиот клуб одиграл само седум првенствени натпревари. Екипата на Ростов испаднала од Премиер лигата, а Алберт Наѓ и Ивица Краљ по завршувањето на сезоната во ноември 2007 година го напуштиле клубот.[12]

Во месец јануари 2008 година, Алберт Наѓ се вратил во српскиот фудбал и потпишал договор со суперлигашот екипата на Чукарички.[13] За сезоната и половина која ја минал во Чукарички, Наѓ одиграл 33 натпревари во Супер лигата. Последниот натпревар во кариерата го одиграл на 30 мај 2009 година, во последното коло од првенството 2008/09, кога екипата на Партизан гостувала кај Чукарички на Баново Брдо.[14][15] Тогашните соиграчи од Чукарички му подготвиле оригинален подарок за да се прости од активниот фудбал. Имено, тие донеле пензионерско столче до центарот на игралиштето, и го турнале Наѓ во него, а потоа го покриле со ќебе кое го симболизирало негово пензионирање.[16]

Репрезентација

уреди

Својот прв натпревар за сениорската репрезентација на СР Југославија го имал на 23 декември 1994 година, на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Бразил, кој се одиграл на стадионот Олимпико Монументал во градот Порто Алегре.[17] На неговиот втор натпревар, кој се одиграл на 31 јануари 1995 година, против селекцијата на Хонгконг, тој го постигнал својот прв гол во националниот дрес.[17]

Наѓ со одлука на селекторот Слободан Сантрач не отпатувал на Светското првенство 1998 година во Франција, иако ги одиграл речиси сите натпревари во квалификациите, на позицијата лев бек.[18] Две години подоцна, со новиот селектор Вујадин Бошков, Наѓ се нашол на списокот на играчи за ЕП 2000 година во Белгија и Холандија. На тоа првенство тој настапил на два натпревари од групната фаза, првиот во нерешениот натпревар против составот на Словенија (3:3) и вториот натпревар во победата над репрезентацијата на Норвешка (1:0).[17]

По четиригодишна пауза, Наѓ повторно настапил за државната репрезентација дури во април 2004 година кога тренер на репрезентацијата бил Илија Петковиќ. Тој ги одиграл сите 90 минути од пријателскиот натпревар со составот на Северна Ирска (1:1).[17] Настапил и на два натпревари во успешните квалификации за Светското првенство во 2006 година во Германија. Тоа биле во победите против репрезентациите на Литванија (0:2) на гостински терен и против Босна и Херцеговина (1:0) на домашен терен во Белград.[17]

Тренерот Илија Петковиќ го вклучил Алберт Наѓ на дефинитивниот список на играчи кои ќе патуваат на Светското првенство во Германија,[19] па така Наѓ добил можност да игра на Светското првенство во неговите поодминати години. На Светското првенство во Германија, репрезентативците на СЦГ ги загубиле сите три натпревари, а Алберт Наѓ бил дел од тимот. Тој го одиграл целиот натпревар против селекцијата на Холандија, едно полувреме против репрезентацијата на Аргентина и половина час против составот на Брегот на Слоновата Коска кога морал да го напушти натпреварот поради два жолти картони.[5] Натпреварот против Брегот на Слоновата Коска бил и негов последен во националниот дрес.[17]

По крајот на играчката кариера

уреди

Алберт Наѓ станал член на Управниот одбор на ФК Партизан во 2009 година, каде што ја добил улогата на координатор на спортските селекции на клубот. Како координатор ја извршувал и должноста спортски директор во сезоната 2010/11 кога Партизан по втор пат се квалификувал во групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА.[2]

За спортски директор на ФК Партизан Наѓ бил именуван со одлука на УО од 29.05.2013 година.[2] На таа функција бил точно една година кога ја напуштил по истекот на неговиот договор.[20]

Во месец јануари 2017 година станал спортски директор на клубот од српската лига, екипата на Раковица,[21] а истата година бил назначен за тренер на овој клуб, што е негов прв тренерски ангажман во кариерата.[22] Во месец август 2019 година започнал да работи како помошник на тренерот Саво Милошевиќ во првиот тим на Партизан,[23] а на 31 октомври 2019 година ја презел филијалата на екипата на Партизан, тимот на Телеоптик.[24]

Трофеи

уреди

Партизан

уреди

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални или Европски натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Партизан 1992/93 25 1 25 1
1993/94 30 2 30 2
1994/95 30 3 30 3
1995/96 26 2 26 2
Вкупно 111 8 111 8
Бетис 1996/97 30 0 6 0 36 0
1997/98 25 1 3 0 3 0 31 1
Вкупно 55 1 9 0 3 0 67 1
Овиедо (како позајмен играч) 1998/99 27 1 2 0 29 1
Овиедо 1999/00 16 0 0 0 16 0
2000/01 3 0 0 0 3 0
Елче (како позајмен играч) 2000/01 16 1 0 0 16 1
Овиедо 2001/02 24 0 0 0 24 0
Вкупно 70 1 2 0 72 1
Партизан 2002/03 10 0 1 0 0 0 11 0
2003/04 24 0 3 0 8 0 35 0
2004/05 20 2 2 0 8 0 30 2
2005/06 28 2 0 0 6 0 34 2
2006/07 9 1 3 0 1 0 13 1
Вкупно 91 5 9 0 23 0 123 5
Ростов 2007 7 0 0 0 7 0
Чукарички 2007/08 9 0 1 0 10 0
2008/09 24 1 0 0 24 1
Вкупно 33 1 1 0 34 1
Вкупно во кариерата 383 17 21 0 26 0 430 17

Репрезентативна статистика

уреди
Репрезентација Година Натпревари Голови
СР Југославија 1994 година 1 0
1995 година 7 1
1996 година 7 0
1997 година 6 0
1998 година 4 0
1999 година 5 2
2000 година 5 0
2001 година 0 0
2002 година 0 0
Србија и Црна Гора 2003 година 0 0
2004 година 1 0
2005 година 4 0
2006 година 5 0
Вкупно 45 3

Наводи

уреди
  1. „INTERVJU NEDELJOM - Albert Nađ: Pripremam novi projekat za Partizan, biznismeni ne mogu sami“. 1 март 2015. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Albert Nađ – sportski direktor FK Partizan“. 28 јануари 2011. Архивирано од изворникот на 1 јули 2020. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. „Ninković najmlađi Partizanov kapiten“. 31 октомври 2012. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  4. „El Betis ficha a Nadj y negocia con Ferreira“ (шпански). elpais.com. 8 јули 1996. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Petrović, Nebojša (16 април 2019.). „Top 11, Albert Nađ: Zamalo da UBIJEM Jarnija!“. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  6. „Ovijedo otkupio Nađa“. glas-javnosti.rs. 21 јули 1999. Архивирано од изворникот на 2022-12-02. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „Nadj: "Me mintieron durante tres años" (шпански). as.com. 23 август 2002. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. „Albert Nadj potpisao za Partizan“. 24 септември 2002. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  9. „Nađ sporazumno napustio Partizan!“. 23 јули 2007. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)[мртва врска][мртва врска]
  10. Сви регистровани играчи Партизана од 1945 – 2015 Архивирано на 1 јули 2020 г., sr.partizan.rs
  11. „Nađ uz Kralja u Rostovu“. 8 август 2007. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  12. „Nađ i Kralj slobodni igrači“. 28 ноември 2007. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  13. „Nadj potpisao za Čukarički“. 18 јануари 2008. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  14. „To bi bilo to...“. 30 мај 2009. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)[мртва врска][мртва врска]
  15. „Nađ i Pantelić završili karijeru“. 30 мај 2009. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  16. „Na današnji dan, pre deset godina: Albert Nađ završio igračku karijeru u dresu Čukaričkog“. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)[мртва врска]
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 17,5 „Albert Nađ“. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  18. „Albert Nađ: Santrač me je sklonio“. 12 август 2014. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  19. „Petković saopštio spisak“. 16 мај 2006. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  20. „Razlaz Nađa i Partizana: Ovo mi je bio poslednji dan na poslu!“. 30 мај 2014. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  21. „A sad nešto sasvim drugačije: Albert Nađ sportski direktor u Srpskoj ligi“. 21 јануари 2017. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  22. „Nađ: Svestan sam da sam još u trenerskim pelenama“. 17 април 2017. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  23. „Albert Nađ u Partizanovom stručnom štabu“. 9 август 2019. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  24. „Zvanično: Albert Nađ trener Teleoptika štabu“. 31 октомври 2019. Посетено на 2 ноември 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)

Надворешни врски

уреди