Општини на Филипините
административна единица на Филипините
Општината (тагалски: bayan; хилигајнонски: banwa; себуански: lungsod; пангасинански: baley; капампангански: balen/balayan; централнобиколски: banwaan; варајски: bungto; илокански: ili) — локалноуправна единица на Филипините. Општините се нарекуваат и паланки (букв. превод од bayan). Се разликуваат од градовите најмногу по посебниот систем на управување. Во 2019 во земјата имало 1.488 општини.
Општини на Филипините | |
---|---|
Општини на Филипините (со бело) | |
Категорија | паланка (управна единица) |
Место | Филипини |
Број | 1.488 (2019) |
Можен статус | општини од I до VI класа |
Населенија | Најмалку: 193 (Калајаан) Највеќе: 443.954 (Родригес) |
Површини | Најмала: 1.66 км2 (Патерос) Најголема: 2.188,8 км2 (Саблајан) |
Подединици | барангаи |
Класификација
уредиОпштините се класифицираат според вкупните годишни приходи во последните четири календарски години:[1][2]
Класа | Прос. год. приход (₱) |
---|---|
I | барем 55.000.000 |
II | 45.000.000 – 55.000.000 |
III | 35.000.000 – 45.000.000 |
IV | 25.000.000 – 35.000.000 |
V | 15.000.000 – 25.000.000 |
VI | под 15.000.000 |
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Приходна класификација на општините Архивирано на 30 април 2013 г.