41°00′57.4″N 28°57′20″E / 41.015944° СГШ; 28.95556° ИГД / 41.015944; 28.95556

Аквадукт Валенс
Bozdoğan Kemeri
Аквадукт Валенс Bozdoğan Kemeri
Аквадуктот Валенс, под кој минува булеварот Ататурк
Официјално име турски: Bozdoğan Kemeri
Височина 29 метри
Ширина на канал 7.75–8.24 метри
Прва должина 971 метри
Втора должина непознато
Трета должина 921 метри


Аквадукт Валенс (турски: Bozdoğan Kemeri, што значи "Аквадукт на сивиот сокол"; грчки: Άγωγός του ὔδατος, Agōgós tou hýdatos, што значи едноставно "Аквадукт") претставувал главна водоводна мрежа на средновековниот Цариград, денеска Истанбул, Турција. Аквадуктот бил на неколкупати обновуван од страна на османлиските султани. Денеска, аквадуктот претставува едно од најзначајните културни споменици на градот.

Местоположба

уреди

Аквадуктот се наоѓа во наслебата Фатих, во близина на Истанбулскиот универзитет и Фатих џамија. Аквадуктот е долг 921 метри, 50 метри помалку од оригиналната должина.[1] Под него поминува булеварот Ататурк.

Историја

уреди

Римски период

уреди

Изградба на системот за водоснабдување на градот (тогаш сè уште се нарекувал Византион)започнала во времето на римскиот цар Адријан.[2] Во времето на Константин Велики, кога градот значително се проширил, како и неговата популација, во исто време бил реновиран и проширен системот на водоснабдување.[3] Овој аквадукт, првично градот го снабдувал со вода од падините на планините Кагитане и Мраморно Море,[4] и должината на водоснабдувањето изнесувала околу 250 километри. По престигнувањето на водата во градот, истата била пренесувана во многубројните цистерни кои се наоѓале под земјата. Една од најпознатите цистерни од тоа време е Цистерна Базилика, која имала вкупен капацитет од 1 милион кубни метри.[5]

Точниот датум за изградбата на аквадуктот не е позната, но се смета дека била завршена во 368 година, во времето на римскиот цар Валент, по кој го добил и името. Во тоа време, системот се наоѓал помеѓу третиот и четвртиот рид на Цариград, од помеѓу кој се наоѓале црквата посветена на Светите Апостоли и Капитолиум.[6] Според традицијата и верувањата, аквадуктот бил изграден од камења кои претходно се наоѓале на ѕидините на Халкедон, кои биле разрушени по бунтот против Прокопиј.[6]

По тешката суша во 382 година, царот Теодосиј I изградил нова линија (денеска позната како Теодосиева линија или аквадукт), а водата била снабдувана од областа која денеска се вика Саријер.[3]

Византиски период

уреди

Аквадуктот исто така бил реставриран во времето на Теодосиј II, кој решил дистрибуцијата на водата да биде исклучиво за Големата палата во Цариград.[3] Во следните години, аквадуктот бил оштетен од страна на земјотрес, и истиот бил реновиран од страна на Јустинијан I. Во исто време таа директно била поврзана со Цистерна Базилика, а поправена во времето на Јустин II во 576 година.[6][7]

За време на Аварската опсада на градот во 626 година, аквадуктот бил намален. Истиот повторно бил реновиран и проширен во времето на Константин V Копроним.[6] Реновирање, аквадуктот доживеал и во времето на Василиј II Македонецот и Роман III Аргир.[4][8]

Последниот византиски цар, кој дал некаков придонес за аквадуктот бил Андроник I Комнин.[7] Ниту за време на Латинското Царство, ниту за време на Палиологискиот период, аквадуктот не бил реновиран. Во тоа време населението на градот било околу 40.000 - 50.000 жители, така што снабдувањето со вода веќе не било многу важно прашање.[4] Сепак, според Реј Гонсалес де Клавијо, кастилски дипломат, кој патувал за Цариград во 1403 година, напишал дека аквадуктот сѐ уште функционира.[6]

Османлиски период

уреди

По паѓањето на Цариград (1453), султанот Мехмед II целосно го поправил водоводниот систем. Преку него била снабдувана првата царска палата Ески и Топкапи-сарај, кои биле поврзани со нова линија доаѓајќи од североисток. По големиот земјотрес од 1509 година, аквадуктот во голема мера бил уништен. Истиот бил обновен во времето на Бајазит II, кој додал нова линија.[8] Обновувањето на аквадуктот продолжило и во времето на Сулејман Величествениот, под раководство на архитектот Мимар Синин, при кое биле додадени уште две линии.[4] Зголемениот проток дозволил дистрибуција на вода до Киркчешме( "Четириесет Фонтани"), сместен по должината на аквадуктот на Златниот Рог, каде биле исто така изградени поголем број на градски чешми.[4] Аквадуктот бил реновиран и во времето на Мустафа II,[8]Ахмед III,[8] како и по реновирањето на Плоштад Таксим.[4]

Опис

уреди

Аквадуктот Валент имал должина од 971 метри и максимална висина од 63 метри, со константен склон од 1:1000[6]. Арките (1-40 и 46-51) биле изградени во времето на Валент, Мустафа II (41-45) и Сулејман Величествениот (52-56)[9]. Арките 18-73 имаат двојна цел.[6] Правиот тек на изградбата била исправувана во текот на својата историја, освен при изградбата на Фатих џамија, која од непознати причини била свиткана.[10]


Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Mamboury, p. 196.
  2. Evans, p. 30.
  3. 3,0 3,1 3,2 Mamboury, p. 193.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Mamboury, p. 202.
  5. Evans, p. 31.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 Müller-Wiener, p. 273.
  7. 7,0 7,1 Mamboury, p. 194.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Müller-Wiener, p. 274.
  9. Eyice, p. 78.
  10. Mamboury, p. 203.

Извори

уреди
  • Janin, Raymond (1950). Constantinople Byzantine. Paris: Institut Français d'Etudes Byzantines.
  • Mamboury, Ernest (1953). The Tourists' Istanbul. Istanbul: Çituri Biraderler Basımevi.
  • Eyice, Semavi (1955). Istanbul. Petite Guide a travers les Monuments Byzantins et Turcs. Istanbul: Istanbul Matbaası.
  • Gülersoy, Çelik (1976). A Guide to Istanbul. Istanbul: Istanbul Kitaplığı. OCLC 3849706.
  • Müller-Wiener, Wolfgang (1977). Bildlexikon zur Topographie Istanbuls: Byzantion, Konstantinupolis, Istanbul bis zum Beginn d. 17 Jh. Tübingen: Wasmuth. ISBN 9783803010223.
  • Evans, J.A.S. (1996). The Age of Justinian: The Circumstances of Imperial Power. Routledge.
  • Freely, John (2000). Blue Guide Istanbul. W. W. Norton & Company. ISBN 0-393-32014-6.

Надворешни врски

уреди