Ненад Новковски
Ненад Новковски (роден на 14 мај 1958 година во Крива Паланка) — македонски професор и политичар.
Ненад Новковски | |
---|---|
Министер за образование | |
На должноста 30 ноември 1998 – 28 декември 1999 | |
Премиер | Љубчо Георгиевски |
Претходник | Софија Тодорова |
Наследник | Гале Галев |
Министер за наука | |
На должноста 28 декември 1999 – 31 јули 2000 | |
Премиер | Љубчо Георгиевски |
Претходник | Мерие Рушани |
Наследник | нема[1] |
Министер за образование и наука | |
На должноста 1 ноември 2000 – 1 ноември 2002 | |
Премиер | Љубчо Георгиевски |
Претходник | Гале Галев |
Наследник | Азис Положани |
Лични податоци | |
Роден(а) | 14 мај 1958 Крива Паланка, Македонија |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Установа | Факултет по физика |
Животопис
уредиНенад Новковски е роден на 14 мај 1958 година во градот Крива Паланка. Основното и средното образование ги завршил во родниот град, каде што матурирал во 1976 година. Во 1976 година се запишал на Факултетот по физика во Скопје. Откако дипломирал во 1980 година станал помлад асистент по физика на тврдо тело при Факултетот за физика. Помеѓу 1981 и 1983 година студирал на Факултетот за електротехника на Белградскиот универзитет. Во 1985 година завршил магистерски степен со одбрана на магистерскиот труд “Нов приод кон теоријата на BSF сончевите ќелии”.
Од 1987 година заминал како стипендист на владата на Швајцарија на научно усовршување во Лозана. Во 1991 година бил избран за доцент на Институтот за физика на ПМФ. Во 1996 година бил избран за вонреден професор по физика на кондензирана материја и по основи на физиката на тврдо тело. Во 2001 година бил избран во звањето редовен професор, а во 2006 година реизбран во ова звање.
Ненад Новковски извршувал повеќе функции, како:
- раководител на постдипломските студии на Институтот за физика
- раководител на Заводот за физика на кондензираната материја
- заменик-главен и одговорен уредник на политичкиот магазин Глас
Политичка кариера
уредиНенад Новковски бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна станал претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-НП.
Во Владата на Македонија од 1998 година ја извршувал функцијата Министер за образование и наука до 2002 година.
Членство
уредиНенад Новковски е член на повеќе друштва:
- Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ)
- Европското друштво на физичари
- IEEE
- Американското друштво на физичари
- Светската академска асоцијација „Платон“
Наводи
уреди- ↑ Во 2000 година, Министетвото за образование и Министерството за наука на Република Македонија се споиле во Министерство за образование и наука на Република Македонија
Надворешни врски
уреди- Биографија на Ненад Новковски Архивирано на 22 април 2019 г.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Софија Тодорова |
Министер за образование 30 ноември 1998 - 28 декември 1999 |
Наследник Гале Галев |
Претходник Мерие Рушани |
Министер за наука 28 декември 1999 - 31 јули 2000 |
Наследник нема |
Претходник Гале Галев |
Министер за образование и наука 1 ноември 2000 - 1 ноември 2002 |
Наследник Азис Положани |