Ада Сафари
Ада Сафари е природно[1] езеро на полуостровот Ада Циганлија, во близина на долниот шпиц, помеѓу реката Сава и Чукарички рукавац,[1][2] во Белград, на 5 километри од центарот на градот.[3] Езерото е во форма на латинската буква S, со површина од околу 6 хектари и просечна длабочина од околу 2 метри.[4] Тоа првенствено е наменето за спортски риболов, но отворен е и за останатите посетители. Опкружен е со густа стовековна шума.[3][4]
Ада Сафари | |
---|---|
Поглед на езерото | |
Вид | Речно езеро |
Сливни земји | Србија |
Историја
уредиПовеќето белграѓани не знаат дека на Ада Циганлија, освен Савското Езеро, постои уште едно помало езеро.[5] Имено, пред формирањето на Савското Еезеро, во делот на ада каде што денес се наоѓа Ада Сафари, се наоѓала природна депресија, односно мочуриште, кое се полнело во текот на високите водостои на Сава. Жителите на Чукарица тогаш ја нарекувале Савска бара.[1] Кон крајот на 70 -тите и почетокот на 80-тите години на минатиот век, мочуриштето целосно било исушено, а на негово место бил направен забавен парк, кој набргу се покажал како нерентабилен и бил затворен. После тоа, теренот повторно се претворил во мочуриште обраснато со трски, шавар и грмушки.
На почетокот на 90-тите години со приватна иницијатива започнало ново чистење на Савската бара, за да во 1994 година темелно биде исчистена и станала езеро Ада Сафари.[1]
Инфраструктура
уредиАда Сафари е опкружена со густа шума. Околу понајголемиот дел од езерото постојат патеки за прошетка кои можат да се користат преку целата година. Тука се наоѓа и мини зоолошка градина,[5] со зајаци, кози, фазани, патки, лебеди, пауни, морки, гулаби, поради што целиот комплекс потсетува на еден вид природен резерват.[1][6] Во непосредна близина сместено е и детски театар-игралиште „Робинсонов Остров“, кое е особено активно во текот на летните месеци.[7]
Во близина на езерото, на површина од 10 хектари, отворена е терапевтска градина за деца со посебни потреби, како и за лица со инвалидитет, за хортикултурна терапија. Опремен е со клупи, амфитеатар и градина. Терапевтската градина ја осмислиле студентите од Шумарскиот факултет. Целта на оваа терапевтска градина е подобрување на психофизичката состојба на лицата со попреченост, поттикнување на нивната интеграција и активирање во општеството, со можност за поминување време во природно опкружување.[8]
На брегот на езерото во 2004 година бил отворен ресторан со специфична надворешна архитектура, ентериер, јадење, пиење и етно музика.
Фауна на птици
уредиПокрај домашните патки и гуски, езерото постојано или повремено е живеалиште на разни видови на диви птици, од кои најважна е дивата патка глувара, а редовно се гледаат и сивата чапја, малиот вранец и водомар. На дрвјата и во грмушките околу езерото свој дом наоќаат и сивата врана, зелената жуна, големиот клукајдрвец, гулаб гривнаш, големата сеница, сината сеница, бргљезот, малото славејче, црноглаво грмушарче, страчка, сојка, жолна, ѕвингалка и други птици.
За време на преселбата се забележани шумското свирче, елов свиркач, сиво муварче, шарена мува. Во пролет остануваат само неколку дена пред да го продолжат своето патување на север, но во август и септември се собираат во големи јата на дрвјата околу водата.
Езерото Ада Сафари го надлетуваат птици кои прелетуваат од еден до друг крај на Ада Циганлија, како што се речниот галеб, жолтоногиот галеб, јастребот, ветрушката, соколот ластовичар, селската ластовица и други. Понекогаш може да се види дури и белоопашестиот орел, но на голема височина.
Риболов
уредиЕзерото е порибено со капитални и ретки примероци на риби, со строго контролиран квалитет. Со жичана мрежа е поделена на два дела, од кои еден дел зафаќа површина од околу 3,2 хектари и има уреден брег и 30 нумерирани риболовни места. Езерото е полно со риби, има многу капитални примероци. Водата главно е богата со крап, има многу цверглан,[4] но може да се најдат и амур, и карас.[1] Риболов е возможен со дозвола за еден или повеќе дена со задолжителна резервација. Риболовот на ова езеро се одвива според строги правила со цел да се зачува рибниот фонд.[3] Секоја риба се враќа во водата, додека примероци до 5 килограми може да се купат. [6] Оваа е прво езеро во Србија на кое е воведено риболовното правило „фати и пушти“.[1]
На Ада Сафари во 2007 година е основан клуб на риболовци, кој секоја година има се поголем број на членови. Негова цел е омасовување на риболовот на крап во Србија, пружање на информации на сите риболовци, организирање на различни натпревари, а работеле и на опорибување на Савското Езеро.[9]
Поврзано
уредиНаводи
уреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Београдска језера: Ада Сафари Архивирано на 28 декември 2012 г., Посетено на 28. 1. 2013.
- ↑ Ада Циганлија Архивирано на 18 јули 2013 г., Посетено на 28. 1. 2013.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Ада Сафари: О нама Архивирано на 29 октомври 2012 г., Посетено на 28. 1. 2013.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Београдски излет: Ада Сафари, 12. 3. 2012. Архивирано на 28 декември 2012 г., Посетено на 28. 1. 2013.
- ↑ 5,0 5,1 Дан у Београду: Забава на Ади: скијање на води, школа роњења, јога, јун 2013, Посетено на 28. 1. 2013.
- ↑ 6,0 6,1 Риболовачка прича: Ада Сафари, 16. 2. 2009. Архивирано на 11 јули 2014 г., Посетено на 28. 1. 2013.
- ↑ Национална ревија бр. 8: Острво привезано за обалу, Брано Павличић, Посетено на 28. 1. 2013.
- ↑ Родитељи Србија: Терапијски врт за децу са посебним потребама Архивирано на 30 мај 2013 г., Посетено на 28. 1. 2013.
- ↑ Ада Сафари: Догађаји Архивирано на 29 септември 2012 г., Посетено на 28. 1. 2013.
Литература
уреди- Мала енциклопедија Просвета (3 изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2.
- Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)