Обичен фазан
Обичен фазан | |
---|---|
Мажјак | |
Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Кокошковидни |
Семејство: | Phasianidae |
Потсемејство: | Phasianinae |
Род: | Phasianus |
Вид: | Обичен фазан |
Научен назив | |
Phasianus colchicus Карл Линеј, 1758 |
Обичниот фазан (Phasianus colchicus), е птица од семејството фазани, редот на кокошковидните. Потекнува од Азија, но раширена е низ целиот свет, зашто луѓето ги размножувале за лов. На ваквите места, претежно во Европа, каде птицата е натурализирана, позната е само како фазан. Зборот потекнува од античкиот град Фасис кој се наоѓа во близина на современиот Поти, во Грузија. Фазанот го има и во Македонија.
Опис
уредиПроблеми со пуштањето? Помош. |
Има многу видови бои кај обичниот фазан, мажјак, варирајќи од речиси бел до скоро потполно црн. Ова се случува заради внатрешно размножување и мешање меѓу подвидовите и со зелениот фазан, како и други диви видови. На пример, фазаните со прстен на вратот, чести во Европа, Северна Америка и Австралија, не припаѓаат на некој посебен вид, тие повеќе претставуваат стереотипни хибриди.[2]
Телесната тежина варира од 0.5 до 3 кг, со просек кај мажјаците 1.2кг и кај женките 0.9 кг.[3][4] Возрасниот мажјак е 60-89 см долг, со долг кафеав опаш со црнии линии, кој одзема 50 см од целосната должина. Телесните перја се во линии - светло златни и кафени, со зелени, виолетови и бели шари. Главата е зелена со мала креста и посебен црвен подбрадок. P. c. colchicus и некои други подвидови имаат бел прстен на вратот.
Кај фазаните, половиот диморфизам е изразен, па женката e поскромна во боите, односно е кафена и малку прошарана со црни линии. Долга е 50-63 см, а младенчињата личат на женката додека не почнат да им растат карактеристичните светли перја на градите, главата и грбот, по околу 10 неделии од несењето. Зелениот фазан (P. versicolor) е многу сличен на обичниот. Мажјаците имаат пократок опаш и потемно перје, обично темнозелено на градите и стомакот, и секогаш им фали прстенот на вратот. Женките, пак, кај зелениот фазан се потемни, со многу црни точки на градите и стомакот.
Живеалиште и поведение
уредиПриродното живеалиште на обичниот фазан е Азија, меѓу Црното и Касписко Море. Живеат во шуми, фарми, грмушки, мочуришта, близу до вода. Обичните фазани се друштвени птици кога се вон сезона на парење и тогаш формираат големи јата. Плашливи се, и кога ќе го почувствуваат присуството на ловците се кријат на безбедни места.
Можат да летаат на кратки растојанија, но претпочитаат трчање. Ако се уплашени, тие одеднаш се вивнуваат нагоре со голема брзина, со трепетлив звук што го прават крилјата и се огласуваат со “кок кок кок“ како предупредување за другите птици. Летаат со брзина од 43 до 61км на час, но кога се ловени летаат и со 90 км на час.
Исхрана
уредиФазанот се храни претежно на земја. Јадат и животинска и растителна храна: овошје, семиња, листови; гуштери, змии, мали цицачи, а понекогаш и птици.
Размножување
уредиТипично за фазаните е тоа што се полигинични, односно имаат харем од повеќе женки.[5] Женките ги несат јајцата на земја, по 10 во период на 2-3 недели од април до јуни. Периодот на инкубација е околу 23-26 дена. Пилињата сè до мајката неколку недели по несењето, но напредуваат брзо, и наликуваат на возрасни со 15 недели возраст.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Phasianus colchicus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Sibley (2000): p. 141
- ↑ „Ring-necked Pheasant, Life History, All About Birds – Cornell Lab of Ornithology“. Allaboutbirds.org. Посетено на 2011-04-25.
- ↑ „Ring-necked pheasant: Definition from“. Answers.com. 2009-05-12. Посетено на 2011-04-25.
- ↑ NDGFD (1992)
Дополнителна книжевност
уреди- Albin, Eleazar (1731): A natural history of the birds Архивирано на 9 декември 2012 г.. William Innys, London.
- Aldrovandi, Ulisse (Ulyssis Aldrovandus) (1600): Ornithologia Архивирано на 18 декември 2012 г. (vol. 2: Tomus alter).
- BBC Four (2005): Open Country. Version of 2005-JUN-11. Retrieved 2008-FEB-21.
- h2g2 (2007): A17365755 – Common Pheasant and Relatives. Created 2007-AUG-17. Retrieved 2008-FEB-21.
- Henninger, W. F. (1906). „A preliminary list of the birds of Seneca County, Ohio“ (PDF). Wilson Bulletin. 18 (2): 47–60. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-08-19. Посетено на 2013-04-25.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Lin-Liu, Jen; McMahon, Dinny; Mooney, Paul; Owyang, Sharon; Reiber, Beth; Smith, Graeme & Winnan, Christopher D.: Frommer's China (2nd ed.). John Wiley & Sons. ISBN 978-0-7645-9743-5
- Линеј, Карл (1758): 90.3. Phasianus colchicus. In: Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis (10th ed., vol. 1): 158. Laurentius Salvius, Holmius (= Stockholm). PDF fulltext[мртва врска]
- Madge, Steve; McGowan, Philip J. K. & Kirwan, Guy M. (2002): Pheasants, partidges and grouse: a guide to the pheasants, partridges, quails, grouse, guineafowl, buttonquails and sandgrouse of the world. Christopher Helm, London. ISBN 0-7136-3966-0
- North Dakota Game and Fish Department (NDGFD) (1992). „The ring-necked pheasant in North Dakota“. North Dakota Outdoors. 54 (7): 5–20.
- Olina, Giovanni Pietro (1622): Uccelliera. Архивирано на 6 јануари 2013 г.
- Ohio Ornithological Society (OOS) (2004): Annotated Ohio state checklist Архивирано на 18 јули 2004 г.. Version of April 2004.
- Proper, Datus C. (1990): Pheasants of the Mind: A Hunter's Search for a Mythic Bird. Prentice Hall Press. ISBN 0-13-662750-1
- Ray, John (Joannis Raii) (1713): Synopsis methodica avium & piscium: opus posthumum, etc. (Volume 1). William Innys, London. PDF fulltext Архивирано на 11 февруари 2009 г.
- Ray, Nicolas & Adams, Jonathan M. (2001): A GIS-based Vegetation Map of the World at the Last Glacial Maximum (25,000–15,000 BP). Internet Archaeology 11. PDF fulltext
- resourcesforhistory (2006): Some foods introduced by the Romans to Britain. Retrieved 2008-FEB-21.
- Robertson, Peter (1997): Pheasants. Voyageur Press, Inc. ISBN 0-89658-361-9
- Sibley, David Allen (2000): The Sibley Guide to Birds. Alfred A. Knopf, New York. ISBN 0-679-45122-6
- uk.rec.birdwatching (URB) (2007): Scientific bird names explained. Version of 2007-NOV-10. Retrieved 2008-FEB-21.
Галерија
уреди-
Обичен фазан во Зоо Скопје.
-
Албино обичен фазан во Зоо Скопје.
Надворешни врски
уреди„Обичен фазан“ на Ризницата ? |