Споредба на единици за површина
Единица најблиска SI основна SI
1 ca 1 m2 1 m2
1 a 1 dam2 102 m2
1 ha 1 hm2 104 m2
100 ha 1 км2 106 m2
Споредби вон SI
вон SI метричка основна SI
119.6 sq yard 1 a 102 m2
1076.39 sq ft 1 a 102 m2

Ар (симбол: a) е мерна единица за површина, еднаква на 100 метри квадратни (10 m × 10 m), која се користи за изразување на големина на земјиште. Оваа единица била дефинирана според постарите облици во метричкиот систем, и така денес не припаѓа на системот SI.[1]

Оваа единица се користи во многу земји, а особено многу во Индонезија, француско-, португалско-, словачко-, чешко-, полско-, холандско- и германско-говорни земји за мерење на недвижности; во останатите земји обично се користи квадратниот метар. Арот понекогаш се користи во комбинација со центиарот, како да речеме „10 ари 12 центиари“ = 1012 m2. Поголеми земјишта се мерат во хектари. Во земјите кои порано биле под турска власт се користи декарот, честопати под локални називи. Други претставки за множители или делители на арот не се користат вон науката. Постојат и други локални единици кои се точни множители на арот, како на пример тајландскиот раи (= 16 a).

„Сотка“ уреди

Арот е стандардна единица мерка за приватни плацови и парцели (наспроти големи индустриски и земјоделски имоти) во Русија и сите земји на поранешниот Советски Сојуз. Но бидејќи изворниот збор „ар“ никогаш не се употребувал во Русија, за мерење земјиште постои само зборот „хектар“, додека арот се нарекува „сотка“ (мак. стотка, т.е. стотинка). Така, во рускиот јазик хектарот игра улога на основна единица, а сотката е изведена, со значење „центихектар“, или (1 a × 100 ÷ 100).

Претворање уреди

Еден ар е еднаков на:

Метрички уреди

Англиски единици уреди

Други уреди

Поврзано уреди

  • 1 E2 m² за споредба со други површини

Наводи уреди

  1. „Боршура на SI (VIIII изд.)“. МБТМ. 2006. (англиски)