Езерски галеб

вид птица
Езерски галеб
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Галеби
Род: Chroicocephalus
Вид: Езерски галеб
Научен назив
Chroicocephalus ridibundus
(Linnaeus, 1766)
Синоними

Larus ridibundus

Езерски галеб или речен галеб (науч. Chroicocephalus ridibundus) — мал галеб кој се гнезди во поголем дел од Европа и Азија, како и во крајбрежниот дел на источна Канада. Поголем дел од популациите се преселнички, зимуваат далеку на југ, но некои птици во поблагите западни области на Европа се станарки. Како и со повеќето други галеби, претходно овој вид бил сместуван во родот Larus.

Опис

уреди

Овој галеб е долг 38-44 см и има распон на крилјата од 94-105 см. Во сезоната на парење главатa и вратот на птицата се чоколаднокафеави, темето и стомакот се бели, врвовите на пердувите за летање се црни, а останатите делови од телото се сиви. Вон сезоната на парење, главата е бела, со 2 мали кафени точки кај очите.

Живеалиште и исхрана

уреди

Речниот галеб живее во големи јата и густи колонии составени од илјадници парови, често и со други видови галеби. Останува во колонијата и за време на размножувањето. Тогаш бара места крај мочуришта и езера со богата водна растителност. Останатото време го минува во депонии, рибници, канали и сл. Сака плитки, мирни води и влажни места. Овие галеби, како и другите, јадат сè. Водни и сувоземни инсекти, риби, црви, мекотели, ракови, глодачи, а понекогаш и семиња. Јадат остатоци од храната на луѓето.

Размножување

уреди

Гнездата им се грубо изградени и поставени директно на земја, послани со суви гранки. Ако се блиску до вода тогаш се конусни или поставени на повискоко за да не се намократ. Женката несе 2-4 маслинестокафеави јајца, испрскани со сиви и црно-кафени точки. Ги инкубираат и двата родитела во период од 22 до 24 дена. Малечките ги хранат со полусварена храна. По десетина дена малечките првпат излегуваат од гнездото.

Статус

уреди

Бројот на овие птици се намалува, но падот не е многу брз за да предизвика тревога. Во 2006 година во светот имало 4.800.000 до 8.900.000 птици од овој вид. Јајцата на овие птици во Велика Британија се сметаат за деликатес и се јадат тврдо варени.[2][3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Larus ridibundus. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 11 May 2006.
  2. Copping, Jasper (28 March 2009). „Top restaurants face shortage of seagull eggs“. The Daily Telegraph. London.
  3. Conservation (Natural Habitats&c
  • Harrison P. Seabirds of the World. Princeton University Press, Princeton (NJ), 1987 ISBN 0-691-01551-1
  • Dunn JL, Alderfer J. National Geographic Field Guide to the Birds of North America National Geographic Society 2006 ISBN 0-7922-6877-6
  • Pons J.M., Hassanin, A., and Crochet P.A.(2005). Phylogenetic relationships within the Laridae (Charadriiformes: Aves) inferred from mitochondrial markers. Molecular phylogenetics and evolution 37(3):686-699

Надворешни врски

уреди