АТП 500 е треторангирана серија на АТП, после четирите Гренд Слем турнири и деветте турнири од АТП Мастерс 1000 серијата. Серијата претходно била позната како Гран при супер серија и АТП меѓународна златна серија. Оваа серија вклучува 13 турнири. Бројот 500 означува дека победникот добива 500 бодови. Турнирите имаат различна жрепка во поединечна конкуренција и може да има 32, 48 или 56 тенисери а во двојки 16 или 24. Најдобрите тенисери мораат да изиграат четири АТП 500 турнири во сезоната, вклучувајќи и еден турнир после Отвореното првенство на САД.