Џовани Алехандро Рејна (англиски: Giovanni Alejandro Reyna; роден на 13 ноември 2002) — американски професионален фудбалер кој игра како офанзивен играч за врска или крилен играч за бундеслигашкиот клуб Борусија Дортмунд и за репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.

Џовани Рејна
Лични податоци
Полно име Џовани Алехандро Рејна
Роден на 13 ноември 2002(2002-11-13)(22 г.)
Роден во Сандерланд, Англија
Држава САД САД
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција Офанзивен играч за врска, крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд
Број 7
Младинска кариера
2015–2019 Њујорк Сити Њујорк Сити
2019–2020 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2020– Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 67 (8)
Репрезентација
2016–2017 САД САД 15 11 (7)
2017–2018 САД САД 16 2 (1)
2018-2019 САД САД 17 18 (8)
2020- САД САД 14 (4)
* Ажурирано на: 11 ноември 2022
** Ажурирано на: 27 септември 2022

Тој бил вклучен во „Следната генерација 2019“ на Гардијан и е еден од последните кандидати за наградата „Златно момче“ за 2022 година.

Клупска кариера

уреди

Борусија Дортмунд

уреди

Сезона 2019-20

уреди

На 18 јануари 2020 година, Рејна го направил своето деби во Бундеслигата за Борусија Дортмунд, влегувајќи како замена во 72. минута, во победата со 5–3 против Аугсбург.[1] Оттука, тој стана најмладиот Американец, на возраст од 17 години и 66 дена, кој некогаш се појавил во Бундеслигата, соборувајќи го рекордот претходно поставен од Кристијан Пулишиќ.[1]

На 4 февруари, Рејна го постигнал својот прв професионален гол во поразот со 3–2 од Вердер Бремен во осминафиналето на ДФБ-Покал. Со тоа, тој станал најмладиот стрелец во историјата на Купот на Германија.[2] На 18 февруари 2020 година, Рејна станал третиот најмлад играч кој некогаш се појавил во нокаут натпревар во Лигата на шампионите на УЕФА кога влегол како замена во 67. минута против Париз Сен Жермен. Девет минути подоцна, Рејна го асистирал победничкиот гол на Ерлинг Холанд за Борусија Дортмунд во реваншот од осминафиналето, станувајќи најмладиот Американец кој играл и забележал асистенција во натпревар од Лигата на шампионите.

На 16 мај, Рејна требало да го започне својот прв натпревар во Бундеслигата за Борусија Дортмунд во нивното дерби против Шалке, но се здобил со повреда на потколеницата за време на загревањето. Рејна се вратил на 23 мај и играл во последните 11 минути од победата со 2-0 на Волфсбург.[3]

Сезона 2020-21

уреди

На 14 септември 2020 година, Рејна започнал во натпреварот од ДФБ-Покал и постигнал гол со слободен удар во победата од 5–0 против Дисбург.[4] На 19 септември 2020 година, Рејна го постигнал својот прв гол во Бундеслигата во победата од 3-0 против Борусија Менхенгладбах, на возраст од 17 години и 311 дена, и станал вториот најмлад американски стрелец во Бундеслигата зад Кристијан Пулишиќ, на возраст од 17 години и 211 денови.

На 3 октомври 2020 година, во неговиот трет настап во лигата во сезоната 2020-2021, Рејна асистирал на 3 гола - два на Ерлинг Холанд и еден на Емре Џан со глава од корнер, во победата врз Фрајбург со 4-0.[5] Како резултат на тоа, Рејна станал првиот Американец кој забележал хет-трик со асистенции во една од 5-те големи европски лиги откако Стив Черундоло го направил тоа за Хановер во март 2008 година, и најмладиот играч што некогаш го направил тоа во Бундеслигата.[6]

На 5 декември, Рејна го постигнал својот втор гол во Бундеслигата против Ајнтрахт Франкфурт. Овој гол го направи вториот најмлад Американец кој постигнал два голови во лигата, откако Кристијан Пулишиќ го направил тоа за истиот клуб како Рејна.[7] На 22 декември, тој бил избран за најдобар млад машки играч на годината во американскиот фудбал за 2020 година.[8]

Рејна бил замена во второто полувреме за Дортмунд во нивната победа со 4-1 над РБ Лајпциг во финалето на ДФБ-Покал на 13 мај 2021 година. Неговото учество во натпреварот го означува како најмладиот Американец што се појавил во финале на домашен куп во Европа, рекорд кој претходно го држел неговиот интернационален соиграч Кристијан Пулишиќ.[9]

Сезона 2021-22

уреди

На 28 јули 2021 година, Дортмунд објавил дека Рејна ќе го носи дресот со број 7 за претстојната сезона, кој претходно го носел Џејдон Санчо.[10] На 27 август, тој станал најмладиот играч со 50 настапи во Бундеслигата за време на првенствениот натпревар против Хофенхајм.[11]

Рејна претрпел серија повреди поради кои го пропуштил поголемиот дел од сезоната 2021-2022.[12]

Сезона 2022-23

уреди

Враќајќи се од повредите, на 6 септември 2022 година, Рејна станал првиот американски играч кој обезбедил две асистенции во натпревар од Лигата на шампионите во победата од 3-0 против Копенхаген.[13]

Меѓународна кариера

уреди

Откако ги претставувал Соединетите Држави на неколку младински нивоа, Рејна го добил својот прв повик во сениорскиот тим на Соединетите Држави за натпреварите против Велс и Панама во ноември 2020 година.[14] На 12 ноември 2020 година, еден ден пред неговиот осумнаесетти роденден, Рејна го направил своето деби за сениорската репрезентација против Велс.[15] Во следниот натпревар, пријателска победа над Панама со 6–2, Рејна започнал и го постигнал својот прв сениорски гол директно од слободен удар.[16]

Личен живот

уреди

Рејна е роден во Сандерленд, Англија од американски родители кога неговиот татко, Клаудио Рејна, играл за Сандерленд. Неговото семејство се вратило во Соединетите Држави, населувајќи се во Бедфорд, Њујорк, во 2007 година кога Џовани имал пет години. Џовани се приклучил на младиот тим на Њујорк Сити, во 2015 година и продолжи да игра со тимовите на академијата Сити до 2019 година кога се преселил во Германија за да се приклучи на академијата на Борусија Дортмунд.

Статистика

уреди

Клуб

уреди
Клуб Сезона Лига Национален куп Континентален куп Друго Вкупно
Дивизија Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Борусија Дортмунд 2019–20 Бундеслига 15 0 1 1 2 0 18 1
2020–21 Бундеслига 32 4 5 3 8 0 1 0 46 7
2021–22 Бундеслига 10 2 1 0 1 0 1 0 13 2
2022–23 Бундеслига 10 2 1 0 5 0 16 2
Вкупно цела кариера 67 8 8 4 16 0 2 0 93 12

Репрезентација

уреди
Репрезентација Година Настапи Голови
САД 2020 2 1
2021 7 3
2022 5 0
Вкупно 14 4

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 mlssoccer. „New York City FC academy alum Giovanni Reyna makes Bundesliga debut in Borussia Dortmund win | MLSSoccer.com“. mlssoccer (англиски). Посетено на 2022-11-26.
  2. „Gio Reyna, rising U.S. soccer star, scores gorgeous strike for first professional goal with Dortmund“. CBSSports.com (англиски). Посетено на 2022-11-26.
  3. „USMNT hopeful Reyna back for Dortmund“. ESPN.com (англиски). 2020-05-22. Посетено на 2022-11-26.
  4. Meyers, Brian (2020-09-14). „BVB Post Match Report: BVB dismantle Duisburg 5-0“. Fear The Wall (англиски). Посетено на 2022-11-26.
  5. „Reyna stars for Dortmund in 4-0 win against Freiburg“. Daily Herald (англиски). 2020-10-03. Посетено на 2022-11-26.
  6. „Dortmund teenager Reyna makes history with three-assist display against Freiburg | Goal.com“. www.goal.com. Посетено на 2022-11-26.
  7. Jackson, Wilton. „USMNT's Reyna Scores Stunner for Dortmund“. Sports Illustrated (англиски). Посетено на 2022-11-26.
  8. „Reyna voted U.S.'s Young Male Player of Year“. ESPN.com (англиски). 2020-12-22. Посетено на 2022-11-26.
  9. „Borussia Dortmund beats Leipzig 4-1 in German Cup final“. AP NEWS (англиски). 2021-05-13. Посетено на 2022-11-26.
  10. „USMNT's Reyna takes Sancho's No. 7 shirt“. ESPN.com (англиски). 2021-07-28. Посетено на 2022-11-26.
  11. „Gio Reyna makes history as Borussia Dortmund beat Hoffenheim in dramatic thriller“. bundesliga.com - the official Bundesliga website (англиски). Посетено на 2022-11-26.
  12. Creditor, Avi. „USMNT's Reyna Exits in Tears After Suffering Another Injury for Dortmund“. Sports Illustrated (англиски). Посетено на 2022-11-26.
  13. „Supersub Gio Reyna Comes On And Becomes First American With 2 Assists In UCL Game“. The18. Посетено на 2022-11-26.
  14. „USMNT Roster Announcement: Berhalter Calls 24 Players for November Camp matches vs Wales and Panama“. www.ussoccer.com (англиски). Посетено на 2022-11-26.
  15. „USA 0 - Wales 0: Match Report & Stats“. www.ussoccer.com (англиски). Посетено на 2022-11-26.
  16. „USA 6 - Panama 2: Match Report & Stats“. www.ussoccer.com (англиски). Посетено на 2022-11-26.