Џенифер Лопес

(Пренасочено од Џенифер Лопез)

Џенифер Лин Лопес (англиски: Jennifer Lynn Lopez) — позната американска глумица, поп-пејачка и танчерка. Родена е на 24 јули 1969[3] во Бронкс, Њујорк, од родители со порториканско потекло: Гвадалупе Родригес и Дејвид Лопес. Има две сестри, Линда и Лесли. Посетувала католичко средно училиште каде што почнала да се занимава со спорт, а од 16 години започнала да посетува часови по танцување и пеење. Го напуштила школувањето после еден семестар на колеџ и целосно се посветила на танцувањето.

Џенифер Лопес
Lopez in 2019
Роден(а)Џенифер Лин Лопес
24 јули 1969(1969-07-24)(55 г.)
Њујорк, САД
Други имиња
  • J.Lo
  • Џеифер Афлек[б 1]
Занимање
  • пејачка
  • глумица
  • танчерка
  • текстописец[2]
  • businesswoman
Активен период1989–денес
Сопружник
Деца2
РодниниЛинда Лопес (сестра)
НаградиЦелосен список
Потпис
Страница
jenniferlopez.com

Нејзин прв позначаен настап како танчерка бил во популарното телевизиско шоу „Во живи бои“ (In Living Color), а нејзин прв познат филмски настап е во филмот „Воз со пари“ (Money Train). Како пејачка се проби во врвот на популарната музика со деби албумот „На 6-ка“ (On the 6) објавен на 1 јуни 1999, како и со вториот албум „Џеј Ло“ (J.Lo).

Почетоци

уреди

Џенифер Лопес е родена и израсна во Касл Хил, кварт во Бронкс, Њујорк.[4][5] Таа е ќерка на Гвадалупе (мом. Родригес), воспитувачка во градинка и Дејвид Лопес, информатичар, и двајцата родени во Понсе, Порторико. Лопес израснала како припадник на Римокатоличката црква. Има две сестри, Линда и Лесли.[6] Целото свое образование го помина во Католички училишта, завршувајќи го Preston средното училиште во Бронкс. Потоа, таа сама се грижеше за плаќањето на нејзините часови по пеење и танцување на возраст од 19 години. По запишувањето на Baruch колеџот, таа го распредели нејзиното време помеѓу работа во правна канцеларија, часови по танцување, и танцови изведби во ноќните клубови на Менхетен. Лопес имаше мала улога во филмот од 1987 година, My little girl. По неколку месечни аудиции за танцови улоги Лопес беше избрана како танчерка на различни рап музички спотови во 1990 година, за Yo!МТВ RAPS,[7] како и бекап танчерка на New Kids on the Block во нивната изведба на песната "Games" за настапот на Американските музички награди во 1991 година.[8] Таа доби своја прва постојана работа како "Fly Girl", танчарка на телевизиската комедија In Living Color во 1990 година. Набргу потоа, Лопес стана бекап танчерка на Џенет Џексон и се појави во нејзиниот спот од 1993 година, "That's the Way Love Goes".[9]

Филм и телевизија

уреди

Првото телевизиско деби на Лопес како глумица беше во серија на Fox, South Central. Таа, исто така гостуваше во Second Chances и Hotel Malibu. Потоа се појави во филмот Nurses on the Line: The Crash of Flight 7. Првата сериозна улога на Лопес беше во 1995 година во драмата на Gregory Nava, My family,[10] играјќи ја улогата на младата Марија во 1920-тите. По играњето заедно со Jimmy Smits и Edward James Olmos во My Family, Лопес се појави во акциониот филм Money Train, заедно со Wesley Snipes и Woody Harrelson. Во 1996 година, таа пред другите кандидати (Ashley Judd и Lauren Holly) ја доби споредната улога во комедијата на Francis Ford Coppola, Jack, глумејќи заедно со Робин Вилијамс.[11] Потоа, заедно со Џек Николсон, се појави и во трилерот на Bob Rafelson, Крв и вино.[12]

Првиот голем успех за Лопес дојде во 1997 година, кога беше избрана да ја игра главната улога во Селена, биографски филм за поп-пејачката Селена. И покрај тоа што претходно работеше со Nava на филмот Mi Familia, Лопес беше подложена на поригорозен аудициски процес за да ја добие таа улога.[13] За нејзината глума во филмот доби многубројни награди и пофалби, вклучувајќи ја и номинацијата за Најдобра глумица во мјузикл или комедија на доделувањата на наградите „Златен глобус".[14] Подоцна таа година, Лопес се појави во два значајни филмови. Глумеше во филмот Анаконда заедно со Ice Cube и Jon Voight,[15] играјќи ја улогата на Teri Flores, режисерка која снима документарен филм, додека патува по реката Амазон. И покрај тоа што скромно помина на кино благајните, за учеството и глумата во филмот доби добри оцени од критичарите. Потоа ја доби главната улога во филмот Полукружно свртување,[16] кој е заснован на книгата Stray dogs, во кој се појавува со Sean Penn и Billy Bob Thornton.

Во 1998 година, ја има една од нејзините најценети улоги, глумејќи заедно со Џорџ Клуни, во адаптацијата на Стивен Содерберг на романот Out of sight на Elmore Leonard.[17] Играјќи како заменик федерален маршал кој се вљубува во осуденик, Лопес доби многу позитивни критки[18] и воедно стана и првиот глумец од латинско потекло кој заработил повеќе од 1.000.000 долари за улога во филм. Во истата година, нејзин беше гласот за Azteca во компјутерски — анимираниот филм Antz.[19] Потоа се појави заедно со Vincent D'Onofrio, во психолошкиот трилер Cell. Таа го играше детскиот психолог Catherine Deane, кој ja користи виртуелната реалност за да влезе во главите на своите пациенти и да ги разбуди од кома. Филмот имаше премиера во август 2000 година и успех на благајните искачувајќи сè до првото место. Следната година, Лопес паузираше со глумецството во филмовите, со цел да работи на нејзината музичка кариера

Во 2001 година, се појави заедно со Метју Меконахи во романтичната комедија Wedding Planner. Филмот дебитираше на прво место, правејќи ја првата глумица и пејачка во историјата која истовремено зад себе има филм и албум на прво место на табелите (албумот J.LO беше на прво место во истата таа недела).[20] Нејзината следна улога беше во натприродната романса Angel eyes ( 2001)[21] и во психолошкиот трилер Enough (2002).[22] И двaтa не успеајa кај публиката, а исто така имаа и негативни критики. Таа се појави заедно со Ralph Fiennes во романтичната комедија Maid in Manhattan (2002). Нејзиниот лик, Marisa Ventura е самохрана мајка која живее во Бронкс заработувајќи како чистачка во супер-луксузен хотел на Менхетен, во која се заљубува еден политичар. Maid in Manhattan беше хит на благајните заработувајќи одлично и уште на почетокот се искачи на прво место. New York Times ја спореди приказната од филмот со нејзината песна " Jenny from the Block ", коментирајќи: „Во нејзиниот нов сингл, Jenny from the Block, Џенифер Лопес изјавува дека и покрај нејзиното огромно богатство и светската слава, таа не заборава од каде потекнува." Некои од нејзините филмови за кои доби позитивни критики се An Unfinished Life и Shall We Dance?.[23] Два независни филмови продуцирани од Лопес имаа добри критики на филмските фестивали: El Cantante на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто и филмот Bordertown на Бриселскиот филмски фестивал. Нејзината скромно успешна филмска кариера го вклучува и филмот Monster-in-law (2005). Сепак, Gigli, ќе стане многу познат по тоа што воопшто не направи некоја голема заработка на кино благајните.[23][24][25] Во август 2007 година, Лопес соработуваше со нејзиниот сопруг – пејачот и глумец Марк Ентони, за филмот Еl Cantante. Филмот е на англиски јазик, со креативна употреба на преводи за песни со шпанската лирика. Во 2010 година, таа се појави во романтичната комедија Back up plan.[26]

Лопес е една од највисоко платените глумици во Холивуд и најскапо платената глумица со латинско потекло во историјата на Холивуд, иако таа никогаш немала филм кој заработил над 100.000.000 долари во САД. Таа беше во првите десет најплатени глумици на списокот на "Hollywood Reporter" во 2002, 2003, и 2004 година. Лопес доби 15.000.000 долари за нејзината улога во Monster-in-law. Филм кој најмногу заработил на кино благајните во САД е Maid in Manhattan, кој заработи 94.011.225 долари, а нејзин најуспешен филм во однос на заработката на меѓународно ниво е Shall we dance, кој заработи 112.238.000 долари, на благајните ширум светот. Во САД, Shall we dance заработи 57.890.460 долари, што вкупно низ целиот свет би дало сума од 170.128.460 долари. Во 2007 година, Лопес се појави на деветтото место на списокот на списанието Forbes за 20 најбогати жени во шоу бизнисот. Нејзиното богатство беше проценето на 110.000.000 долари во 2007 година. На 27 јануари 2010 година беше најавено дека Лопес ќе гостува во една епизода од серијата How I Met Your Mother како Anita Appleby, автор на книги за само поттикнување кои ги учат жените како да се справат со мажите преку моќта на одбивањето. Откако Робин ќе ја информира Анита за начинот на кој Барни ги третира жените, Анита си поставува за цел да го „скрши“.

Музичка кариера

уреди

1999 — 2001: On the 6 и J. Lo

уреди

Деби албумот на Лопес On the 6, кој се однесува на линијата број 6 од метрото на кое таа се возеше, растејќи во Castle Hill, Бронкс,[27] беше објавен на 1 јуни 1999 година и стигна во првите десет на Билборд 200. Албумот се појави на Billboard Hot 100 со синглот број еден, "If you had my love",[28] како и со хитот кој беше во првите десет "Waiting for Tonight". На албумот исто така имаше и песна на шпански јазик, латински ориентираниот дует "No Me Ames" со Марк Ентони (кој подоцна ќе стане нејзин сопруг). Иако "No Me Ames" никогаш не беше пуштен како комерцијален сингл, тој го достигна првото место на U.S. Hot Latin Tracks. На албумот On the 6 гостуваа артисти како: Big Pun и Fat Joe на песната "Feelin' So Good" која имаше умерен успех на Billboard Hot 100. Синглот "Let's get Loud" и ја донесе на Лопес номинацијата за Греми во категоријата "Best Dance Recording" во 2001 година. “Waiting for Tonight” беше номинирана во истата категорија претходната година. "No Me Ames" доби две номинации на Латинските Греми награди во 2000 година – за „Најдобра вокална изведба на поп дуо/група" и „Најдобар спот".

Вториот албум на Лопес, JLo, беше издаден на 23 јануари 2001 година и дебитираше на првото место на Billboard 200. Овој албум беше повеќе урбано ориентиран отколку On the 6. Водечкиот сингл "Love don’t cost a thing", беше нејзин прв сингл кој се најде на прво место во Обединетото Кралство и ја одведе меѓу првите пет на Американската Billboard Hot 100.[29] Потоа следуваше "Play", која ја доведе до нов топ 20 пласман на Billboard Hot 100 и стигна до третото место во Велика Британија. Нејзините следни два синглови беа "I’m real" и "Ain't It Funny", кои брзо го достигаа врвот на топ листите. За да заработи од ова, Лопес побара од The Inc. Recirds (тогаш попознати како Murder Inc.) да направат ремикс од двете песни, во кои беа вклучени рап артистите Ja Rule (за двете) и Caddillac Tah (на ремиксот на "Ain't It Funny"). Двата ремикси стигнаа до број еден на Billboard Hot 100 за неколку недели. Таа го реиздаде J.Lo на нејзиниот триесет и втори роденден со ремиксот на "I’m real", како бонус трака. Исто така, заради претходниот успех на Que Ironia во 2001 година, во Шпанија беше издадена и Si Ya Se Acabó. Истата година Лопес настапи на турнејата на Let's get Loud на концерт во Порторико

2002–06: J to thе L-O!, This Is Me... Then и Rebirth

уреди

Следејќи го успехот на ре-изданието на Ј Lo, Лопес одлучи да го ре-издаде целиот албум под наслов: J to tha L-O!: The Remixes, на 5 февруари 2002 година. Овој албум дебитираше на прво место на Billboard 200,[30] станувајќи првиот ремикс албум во историјата кој дебитирал на врвот на табелите. Други артисти кои гостуваат на овој албум се: P Diddy, Fat Joe и Nas, а на самиот албум имаше и танц и хип-хоп ремикси на синглови од минатото. Тоа е четвртиот најпродаван ремикс албум во историјата, после Blood on the Dance Floor: HIStory in the Mix на Michael Jackson, Love на The Beatles и You can dance на Madonna.

Лопес го реализира нејзиниот трет студиски албум This Is Me... Then, на 26 ноември 2002 година, кој го достигна второто место на Билборд 200 и од кој произлегоа четири синглови: "Jenny from the Block" (заедно со Jadakiss и Styles P), кој го достигна третото место на Billboard Hot 100; "All I Have" (заедно со LL Cool J), кој повеќе недели беше на прво место; "I'm Glad"; и "Baby I Love U!". На албумот се наоѓаше и насловната нумера "You Belong to Me", песна на Карли Сајмон од 1978 година. Спотот за "I'm Glad" имаше сцени од филмот Flashdance од 1983, што резултира со тужба за кршење на авторски права која подоцна беше отфрлена.

По една година оддалеченост од музичката сцена, Лопес го издаде нејзиниот четврти студиски албум, Rebirth, на 1 март 2005 година.[31] Иако дебитирајќи и појавувајќи се на второ место на Билборд 200, албумот брзо испадна од топ листите.[32] Потоа следуваше хитот "Get right", кој стигна во првите петнаесет во САД и стана нејзиниот втор хит со платинест тираж (по "If you had my love"). "Get right" исто така беше успешен во Велика Британија, со што стана нејзиниот втор број еден сингл таму. Вториот сингл, "Hold You Down", во кој учествуваше Fat Joe, стигна до број шеесет и четврто место на the U.S. Hot 100; го достигна шестото место во Велика Британија и стигна до првите дваесет во Австралија. Песната, "Cherry Pie" беше закажана да се издаде кон крајот од 2005 година, но плановите да се сними спот беа променети. Беше пуштена на радио станиците во Шпанија. Rebirth доби платинест тираж во САД. Потоа Лопес гостуваше на синглот на LL Cool J, "Control Myself", кој беше објавен на 1 февруари 2006 година. Го достигна четвртото место на Американската Billboard Hot 100 и второто на списокот на синглови во Велика Британија. Тоа беше прв пробив на Лопес во топ 10 во САД после три години. Rebirth најмногу имаше успех во Велика Британија, каде севкупно повеќето од нејзините синглови успеваа да се пробијат во топ пет.

2007–08: Como Ama Una Mujer и Brave

уреди

Лопес официјално го издаде нејзиниот прв албум на шпански јазик, Como Ama una Mujer, во март 2007 година.[33][34] Нејзиниот сопруг, пејачот Марк Ентони, беше продуцент на албумот, заедно со Estefano, освен за "Que Hiciste", за која песна Ентони беше ко-продуцент со Julio Reyes. Албумот го достигна десеттото место на Билборд 200[35] и четири недели го задржа првото место на U.S. Top Latin Albums, како и седум последователни недели на U.S. Latin Pop Albums. Албумот добро помина и во Европа, наоѓајќи се на трето место на листите, што главно се должи на големиот успех во земјите како Швајцарија, Италија, Шпанија, Франција, Белгија, Грција, Германија, Австрија и Португалија. На 24 јули 2007 магазинот Billboard објави дека Лопес и сопругот Марк Ентони ќе настапуваат на заедничка светска турнеја наречена "Juntos en Concierto" со почеток на 29 септември во Њу Џерси.[36][37] Билетите започнаа да се продаваат на 10 август. Турнејата беше мешавина од нејзината актуелна музика, постари нумери и шпанскa музика. Во подоцнежните соопштенија за печатот, Лопес објави детален план за маршутата. Турнејата започна на 28 септември 2007 година на Mark G. Etess арената и заврши на 7 ноември 2007 во American Airlines арената во Мајами, Флорида. Водечкиот сингл, "Que Hiciste" беше (шпански превод на "What did you do"), официјално пуштен на радио станиците во јануари 2007 година. Оттогаш, тој сингл го достигна својот врв како 86 пласиран на Американската Billboard Hot 100 и прво пласиран на Hot Latin songs и Hot Dance Club Play. Исто така се проби во првите десет на европските листи. Спотот за песната е првиот спот на шпански јазик кој ќе се појави на прво место на Total Request Live daily countdown на MTV. Вториот сингл е наречен "Me Haces Falta", а третиот "Por Arriesgarnos". Лопес победи на Американските музички награди, во категоријата Омилен латински артист во 2007 година. Со Como Ama Una Mujer, Џенифер Лопес е една од ретките изведувачи кој дебитирал на топ 10 на Billboard 200 со шпански албум. Лопес го издаде нејзиниот петти студиски албум на англиски јазик (шести севкупно) Brave, на 9 октомври 2007 година, по шест месеци излезе Komo ama una Mujer. Таа соработуваше со продуцентите Midi Mafia, J. R. Rotem, Lynn и Wade и Ryan Tedder, а Rotem на некои траки соработуваше со својот партнер Evan "Kidd" Bogart. Претходно, на 26 август 2007 година, ABC, премиерно објави промотивен клип за четвртата сезона на серијата Desperate Housewives, на кој има дел од песната " Mile In These Shoes". "Do It Well" беше водечки сингл и стигна до топ 20 во многу земји. "Hold It, Don't Drop It" беше издаден како втор сингл, само во некои европски земји. Третиот сингл беше насловен Brave и дури иако беше објавено на официјалното мрежно место на директорот Michael Haussman дека снимањето на спотот е завршено, сепак неговата промоција не се случи, најверојатно поради ниската продажба на албумот.

2009 — до денес: Love?

уреди

За време на нејзината бременост во 2007 Лопес го пишуваше нејзиниот седми студиски албум, Love? со цел да биде издаден во летото 2010 година. Има соработки со Danja, Jim Jonsin, Darkchild, Chris n Teeb (од Dropzone), Tricky Stewart, The-Dream, D'Mile Mike Caren, Jean Baptiste и The Neptunes. Песната со наслов "Fresh Out The Oven" во кој учествуваше раперот од Мајами, PitBull се појави онлајн во октомври 2009 година, но нејзината издавачка куќа рече дека едноставно тоа е сингл со кој сака да се привлече внимание. Од тогаш го зазеде врвот на Hot Dance Club табелата. Официјалниот сингл на овој проект, "Louboutins", имаше свое радио деби на 23 ноември 2009 година, по премиерата на песната и изведбата на Американските музички награди. Песната само успеа да влезе во Hot Dance Club Play листата шест недели по пуштањето и да стигне до првото место, сепак, не успеа да влезе на било која листа, вклучувајќи ги и Billboard Hot 100. Кон крајот на февруари 2010 година, беше потврдено дека Лопес и Epic Records ја прекинаа соработката.[38] Менаџерот на Лопес, Benny Medina ја потврди веста велејќи: „Џенифер имаше прекрасен однос со Sony Music Group и тие споделија многу успеси заедно, но време беше да се направи промена која најдобро ќе служи на правецот на нејзината кариера како глумица и артист кој снима музика, таа е многу благодарна кон сите во Sony за сè што остварија заедно." Подоцна Лопес објави соопштение до медиумите, каде што рече дека таа веќе ги исполни договорните обврски со Sony Music Entertainment и Epic Records и одлучи дека е најдобро да се стави крај на партнерството на срдечен и пријателски начин. Таа додаде дека пронашле нов „дом" (издавачка куќа) за албумот "Love?” и тој ќе излезе летото 2010 година. Набрзо откако беше забележано како разговараат со претседателот на Island Def Jam Music Group и извршен директор на LA Reid, беше потврдено (на 19 март 2010 година) дека Лопес потпиша договор со Def Jam Recordings и дека веќе работат на новиот материјал за Love? со RedZone Entertainment (Kuk Harrell, The-Dream и Tricky Stewart).

Други проекти

уреди

На 10 април 2007 Лопес се појави како ментор на Aмерикански идол.[39] Таа, исто така стана извршен продуцент на осум епизоди од реалното шоу, DanceLife, кое се прикажува на MTV и започна на 15 јануари 2007.[40] Лопес помогна во изборот на учесниците и се појави во самото шоу. Потоа работеше како извршен продуцент на мини-серија емитувана на Univisión, именувана по нејзиното CD, Como Ama Una Mujer, кое се емитуваше во пет епизоди од 30 октомври - 27 ноември 2007 година и во кое глумеше Adriana Cruz. Лопес потпиша договор како ѕвезда и извршен продуцент на реалити сериите без сценарио на TLC, оддел на Discovery Communications Inc. Сериите беа со цел да го рекламираат лансирањето на нејзиниот нов парфем, а не се фокусира на нејзиното семејство. Тие не беа профитабилни.

Бизнис

уреди

Лопес започна своја модна линија во 2003 година. Именувана како JLO од Џенифер Лопес, кон линијата беа вклучени различни видови на облека за млади жени, вклучувајќи и фармерки, маици, палта, каиши, чанти и долна облека, како и накит и галантерија што вклучува капи, ракавици и марами. Лопес учествуваше во кампања на Louis Vuitton, зима 2003. Во 2005 година, таа започна линија наречена Sweetface. Кон крајот на 2007 година, Лопес ја затвори J LO од Џенифер Лопес и отвори нова линија за тинејџери наречена JustSweet. Нејзините модни линии се појавија на многу настани на модните недели во Њујорк. Честата употреба на животинско крзно во нејзините модни линии и личната гардероба ѝ донесе презир од луѓето кои се занимаваат со правата на животните. На премиерата на Monster-in-Law, во Лос Анџелес, повеќе од сто демонстранти, од People for the Ethical Treatment of Animals (PETA) одржаа демонстрација за да се потенцира нивната загриженост. На 12 април 2002, Лопес отвори кубански ресторан наречен Madre’s, во областа South Lake, во Пасадена, Калифорнија. Лопес се појави и во индустријата за парфеми со нејзиниот прв парфем "Glow by J.Lo". Во октомври 2003 година, го претстави парфемот "Still", навраќајќи се на "Glow" претходната година, со пуштање на ограничена едиција " Miami Glow by J.Lo", во чест на нејзиниот усвоен роден град, Мајами. Лопес, исто така, на пазарот ги претстави и " Glow " лосионите за тело, како и производите за потемнување. За Божиќната сезона, 2005 година, таа пушти во продажба уште еден парфем, " Live by Jennifer Lopez ". За Денот на вљубените " во 2006 година, “Miami Glow" беше заменет со " Love at First Glow by J.Lo ". Нејзиниот следен мирис беше " Live Luxe " издаден во август 2006, проследен со " Glow After Dark" во јануари 2007 година. Следните парфеми од Џенифер Лопес беа: "Deseo", "Deseo Forever " за азискиот пазар и првиот мирис за мажи наречен "Deseo for men". Во февруари 2009 Лопес го претстави "Sunkissed Glow". Последниот парфем е "My Glow", која е достапен од октомври 2009 година. Лопес е портпарол за Lux шампоните во Јапонија, појавувајќи се во телевизиски реклами за производот. Лопес е сопственик на филмската и телевизиска продукциска компанија Nuyorican Productions. Беше ко-основана со нејзиниот менаџер Bennu Medina, кој се претпоставува дека требаше да добие половина од приходите на компанијата. Лопес се раздели со Медина многу брзо откако компанијата беше основана, но тие подоцна ги обновија нивните деловни односи. Од страна на магазинот “People en Español” Лопес беше ставена на насловната страна од „50 Најубави" во 2006 година и „100 највлијателни луѓе со потекло од Латинска Америка" во февруари 2007 година.

Приватен живот

уреди

Беше објавено дека на крајот од 2006 година Џенифер Лопес и Марк Ентони посетуваа професионални деловни часови во Church of Scientology Celebrity Centre во Холивуд, Калифорнија. Исто така имаше гласини дека Лопес и Ентони станаа сциентологисти во тој период, со помош на Angelo Pagan, сопругот на глумицата и сциентолог Leah Remini. Пред да се рашират тие гласини Лопес имаше изјавено на NBC: „Јас не сум сциентолог, јас бев израсната како католик. Но, чуден е начинот на кој луѓето доаѓаат во сциентологијата. За мене тоа е толку чудно. Тоа се некои од најдобрите луѓе што сум ги сретнала во мојот живот." Таа додава: „Татко ми е сциентолог веќе 20 години. Тој е најдобриот човек што го знам во мојот живот и затоа чудно е за мене што луѓето сакаат да говорам за сциентолозите во негативна конотација.” На 7 ноември 2007 година, последната ноќ од нејзината турнеја "En Concierto", Лопес потврди дека таа и нејзиниот сопруг Марк го очекуваат своето прво дете. Со соопштението завршија месеци и месеци на шпекулации кои ја пратеа во текот на бременоста. Нејзиниот татко подоцна потврди (на 5 февруари 2008 година) дека таа очекува близнаци. Лопес, на 22 февруари 2008 година донесе на свет близнаци, девојче и момче, Emme Maribel Muñiz, и Maximilian "Max" David Muñiz. Близнаците беа претставени пред јавноста на 11 март 2008 во изданието на магазинот People, за што магазинот ѝ исплати на Џенифер 6.000.000 долари.

Врски

уреди

Вниманието на медиумите се фокусираше на нејзиниот личен живот. Таа имаше врски со Ojani Noa, Sean Combs, Cris Judd, Ben Affleck и Marc Anthony. Почнувајќи во 1984 година, кога Лопес беше на возраст од 15 години и сè уште беше средношколка, таа почна да излегува со David Cruz. Тие се разделуваат во 1994 година, а таа сè уште останува во блиски односи со него, десет години откако тие се разделија; Лопес во 2004 година изјави: „Тој е пријател и тој најверојатно знае повеќе за мене отколку било кој друг". Првиот брак на Лопес беше со Кубанецот Ojani Noa, на 22 февруари 1997 година. Лопес го запозна Noa додека тој работеше како келнер во еден ресторан во Мајами. Се разведуваат во јануари 1998 година. Лопес подоцна го вработи Noa како менаџер на својот ресторан во Пасадена, во април 2002 година, но тој беше отпуштен во октомври 2002 година. Откако Noa ја тужел Лопес за престанокот на работниот однос, тие се одлучиле спогодбено да го завршат судскиот спор. Во април 2006 година Лопес поднесе тужба за да го спречи својот поранешен сопруг во намерата да објави книга која содржи лични податоци за нивниот краткoтраен брак, тврдејќи дека го прекршил предбрачниот договор. Во август 2007 година, судот назначи посредник кој издаде постојана забрана за Ojani Noa за „критикување, оцрнување, претставување во негативно светло или на друг начин деградирање" на Џенифер Лопес. Нејзе ѝ беа дадени 545.000 долари за обесштетување, што вклучуваше речиси 300.000 долари за легални такси и речиси 48.000 долари за арбитража трошоци. На Noa исто така му беше наредено да ги предаде лично на Лопес или на нејзиниот адвокат сите копии на материјали поврзани со книгата. Во ноември 2009 година, Лопес го тужеше Noa за прекршување на договорот и нарушување на приватноста, со цел да го спречи во издавањето на филмот, "How I Married Jennifer Lopez: The JLo and Ojani Noa Story" (Како се оженив со Џенифер Лопес: Приказната на JLO и Ојani Noa) и дотогаш необјавените домашни снимки. На 1 декември 2009 година, судијата James Chalfant му издава привремена забрана на Noa и неговиот агент, Ed Meyer, забранувајќи им да ги дистрибуираат снимките. Бидејќи налогот е само привремен, адвокатот на Лопес, Jay Lavely, рече дека тој ќе направи сè за налогот да биде траен. Lavely истакна дека „Немаше ништо налик на секс снимка во сопственост на Ноа. Тоа е приватно и лично, но не е секс лента. Тие се погрешно презентирани пред јавноста за да се зголеми вредноста и вниманието на медиумите". По сослушувањето, Noa рече дека тој планира да поднесе жалба на одлуката, изјавувајќи: „Не е за парите, тоа е за мојот живот". Потоа Лопес ја имаше две и пол годишната врска со хип-хоп магнатот Sean Combs. На 27 декември 1999, Лопес и Комбс беа во еден Клуб на Менхетен во Њујорк, кога при расправија помеѓу Комбс и една друга група беше употребено оружје. Лопес и Комбс го напуштиле местото на настанот и подоцна биле застанати од страна на полицијата. Пиштол беше пронајден под предното седиште на нивното возило. Комбс беше обвинет за недозволено поседување на оружје. Стресот од судењето на Комбс и прогонувањето од страна на печатот само ги зголеми проблемите кои ги имаа помеѓу нив. Лопес ја прекина нејзината врска со Комбс една година подоцна. За време на граѓанската тужба во 2008 година, адвокатот на тужителот изјави дека Лопес „не може ништо да придонесе за случајот". Нејзиниот втор брак беше со нејзиниот поранешен танчер кој ја пратеше на настапите, Cris Judd. Таа се запозна со Judd за време на снимањето на музичкиот спот за синглот "Love don’t cost a thing." Тие стапија во брак на 29 септември 2001 година, во нивниот дом, во едно предградие на Лос Анџелес. Нивниот брак делотворно заврши во јуни 2002 година, кога Лопес започна да се појавува во јавноста со Ben Affleck. Тие официјално се разведоа во јануари 2003 година. По разводот, Лопес започна врска со глумецот Ben Affleck. Нејзиниот однос со Afflek доби голем публицитет, со дуплирањето на медиумите на парот "Bennifer". Лопес ја објави нејзината свршувачка со Affleck во ноември 2002 година, откако Affleck ѝ даде шест-каратен розов дијамантски прстен во вредност од 1.200.000 долари. Лопес изјавуваше дека Affleck навистина е „вистинскиот" и дека тие наскоро ќе има семејство. Бракот, кој беше планиран за 14 септември 2003 во Санта Барбара, Калифорнија, беше откажан само неколку часа пред настанот. Тие го објавија крајот на нивната свршувачка во јануари 2004 година. За нивната врска имаше направено пародија во една од епизодите на South Park, "Fat Butt and Pancake Head", која се емитуваше на 16 април 2003. Во 2003 година, Лопес и Afflek настапија заедно во филмот "Gigli" и во филмот од 2004 година "Jersey Girl". По помалку од два месеци откако раскина со Afflek, Лопес беше видена со пејачот Marc Anthony, долгогодишен пријател со кого работела во музичките спотови. Тие кратко биле во врска кон крајот на 1990-тите, пред неговиот прв брак и нејзиниот втор. Лопес и Anthony снимија дует во почетокот на 2004 година, за претстојниот филм на Лопес, “Shall we dance”. Во октомври 2003 година, Anthony се раздели по вторпат, од својата прва сопруга, поранешна Мис на универзум Dayanara Torres, со која има две деца. Torres поднесе барање за развод три месеци подоцна. Лопес и Ентони направија мала свадба во домашна атмосфера на 5 јуни 2004 година, четири дена откако неговиот развод од Торес беше финализиран. Нивната церемонија беше приватна и без публицитет. Гостите на Лопес имаа покана за „попладневна забава" во куќата на Лопес и не биле свесни дека тие всушност ќе присуствуваат на нејзината свадба. Двојката не планирала нивниот брак толку рано да добива публицитет, давајќи си поголема приватност и време кое ќе го поминат заедно. По свадбата, Ентони одби да го коментира нивниот брак за време на интервјуата што беа закажани претходно за промоција на новиот албум "Amar Sin Mentiras" (Да се љуби без лаги). Во февруари 2005 година, Лопес го потврди бракот, и додаде дека: „Секој го знае тоа. Тоа не е тајна". Неколку месеци подоцна, ќерката на Anthony, Ariana, се појави на крајот на музички спот на Лопес "Get right", како нејзина помала сестричка. Во однос на неговиот брак и семејниот живот, Ентони одржува приватен, а понекогаш и дефанзивен став со медиумите, што имаше влијание и врз Лопес да постави некои граници во врска со интервјуата. На 29 декември 2008 година, Daily News објави дека Лопес и Ентони планираат да го објават нивниот развод на Денот на вљубените. Ова тврдење беше ставено во мирување од страна на нејзиниот претставник за јавноста кој наведе дека: „Нема пристојност во натписот".

Поддршка на Детската болница во Лос Анџелес

уреди

Лопес е голем поддржувач на Детската болница во Лос Анџелес. Затоа и беше доделена „Детската Хуманитарна награда“ на инаугурацијата на болницата Noche de Niños во септември 2004 година. Лопес продолжува да присуствува на годишните доделувања на награди и е редовен посетител на болницата. Пејачката учествуваше во Nautica Malibu тријатлонот во 2008 година, со што болницата на еден начин доби голема полза. Во мај 2009 година, Лопес ја формираше Maribel Фондацијата, со цел поддршка на Детската болница во Лос Анџелес и подобрување на здравствената заштита на меѓународно ниво.

Застапување за човекови права

уреди

На 14 февруари 2007, Лопес ја доби наградата на "Amnesty International" како признание на нејзината работа како продуцент и ѕвезда на Bordertown, филм кој ги прикажува убиствата на стотици жени во пограничниот град Хуарес, Мексико. Добитникот на Нобеловата награда за мир José Ramos-Horta ѝ ја додели наградата на Лопес на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Таа, исто така, доби специјално признание и благодарност од Norma Andrade, соосновачот на Nuestras Hijas de Regreso a Casa A.C. (граѓанското здружение „Нека се вратат нашите ќерки дома"), чии членови се мајките и семејствата на убиените жени од Хуарес. Заложување за вакцинација Лопес исто така се вклучи во промовирањето на вакцинација за магарешка кашлица. Таа соработуваше со непрофитните организации Sounds of Pertussis и March of Dimesза со цел да се зголеми свеста за болеста и да ги поттикне родителите да ги вакцинираат новороденчињата со цел да се спречи ширењето на истата.

Видеографија

уреди
Спот Година Режисер
Baila 1998. Џим Гејбл
If You Had My Love 1999. Пол Хунтер
No Me Ames 1999. Кевин Бреј
Waiting for Tonight 1999. Францис Лавренс
Feelin' So Good 2000. Пол Хунтер
Love Don't Cost a Thing 2000. Пол Хунтер
Play 2001. Францис Лавренс
Ain't It Funny 2001. Херб Рајтс
I'm Real 2001. Дејв Мејерс
I'm Real (Murder Remix) 2001. Дејв Мејерс
Ain't It Funny (Murder Remix) 2002. Крис Џад
I'm Gonna Be Alright 2002. Дејв Мејерс
Alive 2002. Џим Гејбл
Jenny from the block 2002. Францис Лавренс
All i have 2002. Дејв Мејерс
I'm glad 2003. Дејвид ЛаЧапел
Baby I Love You 2003. Мејерт Авис
Get Right 2004. Францис Лавренс
Hold You Down 2005. Дајан Мартел
Control Myself 2006. Хјуп Вилијамс
Qué Hiciste 2007. Мајкл Хаусман
Me Haces Falta 2007. Sanji
Brave 2007. Мајкл Хаусман
Do It Well 2007. Дејвид ЛаЧапел
Hold It Don't Drop It 2007. Мелина Метсоукас
Fresh Out the Oven 2009. Џонас Акерлунд
Good Hit 2011. Алекс Морс
On the Floor 2011. TAJ Stansberry
I'm Into You 2011. Мелина Метсоукас
Papi 2011. Пол Хунтер
T.H.E. (The Hardest Ever) 2011. Рич Ли
Dance Again 2012. Пол Хунтер
Follow the Leader 2012. Џеси Тереро
Goin' In 2012. Ејс Нортон
Live It Up 2013. Џеси Тереро
Same Girl 2014. Gomillion & Leupold
Adrenalina 2014. Џеси Тереро
I Luh Ya Papi 2014. Џеси Тереро
We Are One (Ole Ola) 2014. Бен Мур
First Love 2014. Антони Мандлер
Booty 2014. Хјуп Вилијамс
Stressin 2014. Еиф Ривера
Feel the Light 2015. Хјуп Вилијамс
Back It Up 2015. Колин Тили
Ain't Your Mama 2016. Камерон Дуди
Ni Tú Ni Yo 2017. Емил Нава
Amor Amor Amor 2017. Џеси Тереро
Se Acabó el Amor 2018. Даниел Дјуран
El Anillo 2018. Сантјаго Салвиче
Dinero 2018. Џозеф Кан
Te Guste 2018. Мајк Хо
Limitless 2018. Џенифер Лопес
Medicine 2019. Џора Францис
Pa Ti 2020. Џеси Тереро
Lonely 2020. Џеси Тереро
It's The Most Wonderful Time of the Year 2020. Сантјаго Салвиче
In the Morning 2021. Џора Францис
Cambia El Paso 2021. Џеси Тереро
On My Way 2021. Сантјаго Салвиче
On My Way (TELYKast Remix) 2022. kennygfilms
Marry Me 2022.
Can't Get Enough 2024. Дејв Мејерс
Can't Get Enough (Remix) 2024. Тану Муино
This Is Me...Now 2024. Дејв Мејерс
To Be Yours 2024. Дејв Мејерс
Mad In Love 2024. Дејв Мејерс
Not.Going.Anywhere. 2024. Дејв Мејерс
Rebound 2024. Дејв Мејерс
Dear Ben,Pt.II 2024. Дејв Мејерс
Hummingbird 2024. Дејв Мејерс
Hearts and Flowers 2024. Дејв Мејерс
Broken Like Me 2024. Дејв Мејерс
This Time Around 2024. Дејв Мејерс
Midnight Trip To Vegas 2024. Дејв Мејерс
Greatest Love Story Never Told 2024. Дејв Мејерс

Филмографија

уреди
1995. Mi Familia Марија Санчес
1995. Money Train Грејс Сантјаго
1996. Jack госпоѓица Маркез
1996. Blood and Wine Габриела „Габи“
1997. Selena Селена Квинтанила-Перес
1997. Anaconda Тери Флорес
1997. U-Turn Грејс Макена
1998. Out of Sight Карен Сиско
2000. The Cell Кетрин Дин
2001. The Wedding Planner Мери Фиоре
2001. Angel Eyes Шерон Поуг
2002. Enough Слим Хилер
2002. Maid in Manhattan Мариса Вентура
2003. Gigli Рики
2004. Jersey Girl Гертруд Стенли
2004. Shall We Dance? Паулина
2005. Monster-in-Law Чарли
2005. An Unfinished Life Џин Гилкосон
2006. Bordertown Лорен
2006. El Cantante Пучи
2007. Feel the Noise себе
2010. The Back-up Plan Зои
2012. What to Expect When You're Expecting Холи
2013. Parker Лесли Роџерс
2015. The Boy Next Door Клер Петерсон
2015. Lila & Eve Ив
2018. Second Act Маја Варгас
2019. Hustlers Рамона Вега
2022. Marry Me Кет Валдес
2023. Shotgun Wedding Дарси
2023. The Mother Мајката
2024. Atlas Атлас Шипхерд
2024. Unstoppable Џуди Роблес
TBA. The Godmother
TBA. Kiss of the Spider Woman

Наводи

уреди
  1. Sanchez, Rosa (November 9, 2022). „Jennifer Lopez Defends Her Name Change to Mrs. Affleck After Wedding to Ben“. Harper's Bazaar. Посетено на October 2, 2023. her name change to Jennifer Affleck ... People are still going to call me Jennifer Lopez. But my legal name will be Mrs. Affleck because we're joined together.
  2. „ACE Repertory“. www.ascap.com. Архивирано од изворникот March 6, 2013. Посетено на July 31, 2024.
  3. Schillaci, Sophie (August 1, 2023). „Inside Jennifer Lopez's 54th Birthday Party Hosted by Ben Affleck“. Entertainment Tonight. Посетено на October 20, 2023.
  4. „Duty Captain's Report“. Court TV. January 17, 2001. Архивирано од изворникот на February 9, 2008. Посетено на October 29, 2006.
  5. „Jennifer Lopez: Actress, Reality Television Star, Dancer, Singer (1969–)“. Biography.com. A&E Networks. Посетено на February 11, 2019.
  6. Fernandez, Celia (June 22, 2019). „Jennifer Lopez's Sisters Still Think of Their Middle Sister as a "Goofball". OprahDaily. Посетено на August 15, 2022.
  7. „Jennifer Lopez left red-faced!“. Hindustan Times (англиски). April 25, 2010. Посетено на June 15, 2021.
  8. Perricon, Kathleen (May 10, 2011). „Jennifer Lopez dances with New Kids on the Block in 1991 video clip“. The New York Times. Посетено на December 26, 2021.
  9. Morales, Ed (May 30, 1999). „It's Not La Vida Loca to Her“. Los Angeles Times. Посетено на December 26, 2021.
  10. Tobey, Matthew. „My Family – Cast, Reviews, Summary, and Awards“. AllRovi. Архивирано од изворникот на October 13, 2011. Посетено на October 30, 2011.
  11. Fountain, Clarke. „Jack – Cast, Reviews, Summary, and Awards“. AllRovi. Архивирано од изворникот на February 5, 2012. Посетено на October 30, 2011.
  12. Brennan, Sandra. „Blood and Wine – Cast, Reviews, Summary, and Awards“. AllRovi. Архивирано од изворникот на December 22, 2011. Посетено на October 30, 2011.
  13. „Lopez gets Selena role“. Dallas Morning News. Associated Press. June 14, 1996.
  14. Setoodeh, Ramin (August 26, 2019). „Why Wasn't Jennifer Lopez Nominated for an Oscar for 'Selena'?“. Variety. Посетено на September 22, 2021.
  15. Deming, Mark. „Anaconda – Cast, Reviews, Summary, and Awards“. AllRovi. Архивирано од изворникот на October 4, 2011. Посетено на October 30, 2011.
  16. „U Turn“. Rotten Tomatoes. Архивирано од изворникот на January 2, 2013. Посетено на December 10, 2012.
  17. Stewart, Bhob. „Out of Sight – Cast, Reviews, Summary, and Awards“. AllRovi. Архивирано од изворникот на October 30, 2011. Посетено на October 30, 2011.
  18. Kehr, Dave (June 26, 1998). „Clooney & Lopez Are Lovable At First 'Sight' George Plays A Bank Robber Who Steals Jennifer's Heart“. Daily News. New York. Архивирано од изворникот на September 20, 2013. Посетено на January 30, 2012.
  19. Stewart, Bhob. „Antz – Cast, Reviews, Summary, and Awards“. AllRovi. Архивирано од изворникот на January 19, 2012. Посетено на October 30, 2011.
  20. Tyrangiel, Josh (August 13, 2005). „Jennifer Lopez“. Time. Архивирано од изворникот на March 1, 2009. Посетено на January 13, 2007.
  21. „Lopez is simply out of sight in 'Angel Eyes'“. The Detroit News. May 18, 2001.
  22. Schaefer, Stephen (May 19, 2002). „Movies: Singer-actress Jennifer Lopez shows her strength in thriller 'Enough'“. Boston Herald. Boston.
  23. 23,0 23,1 Gray, Brandon (April 22, 2010). „Bankability Breakdown: Jennifer Lopez“. Box Office Mojo. Посетено на October 17, 2016.
  24. Stern, Marlow (August 1, 2013). „A Look Back at 'Gigli,' the Infamous Bennifer-Starring Film, on Its 10th Anniversary“. The Daily Beast. IAC. Посетено на December 26, 2021.
  25. Bailey, Jason (January 25, 2021). „Hear me out: why Gigli isn't a bad movie“. The Guardian. Посетено на June 15, 2022.
  26. Persall, Steve (April 21, 2010). „Jennifer Lopez returns from 3-year break in 'The Back-up Plan'. Tampa Bay Times. Архивирано од изворникот на May 10, 2017. Посетено на December 13, 2016.
  27. „Puff Daddy out on bail“. BBC News. December 28, 1999. Посетено на July 3, 2012.
  28. Billboard Magazine Vol. 111, No. 24. Nielsen Business Media, Inc. June 12, 1999. стр. 90. Посетено на July 2, 2012.
  29. Azzopardi, Chris (September 1, 2016). „Jennifer Lopez's 'I'm Real' 15 Years Later: How the Rule-Breaking Duet With Ja Rule Prevented a Sophomore Slump“. ETonline. CBS Studios, Inc. Посетено на November 23, 2016.
  30. Bronson, Fred (2003). The Billboard Book of Number One Hits (5. изд.). Crown. стр. 922. ISBN 9780823076772.
  31. Goodman, Abbey (March 3, 2005). „Jennifer Lopez Calls Rebirth 'A New Beginning'. MTV News. Архивирано од изворникот на 2022-05-17. Посетено на December 26, 2021.
  32. Rodriguez, Priscilla (June 12, 2014). „Jennifer Lopez's Chart Topping Hits“. Latina. Архивирано од изворникот на January 9, 2018. Посетено на October 17, 2016.
  33. „Jennifer Lopez – Rebirth – Album Review“. Contactmusic News. Посетено на April 1, 2012.
  34. „Jennifer Lopez – J.Lo To Prove Critics Wrong With Spanish Album“. Contactmusic News. January 30, 2006. Посетено на June 3, 2012.
  35. Празен навод (help)
  36. Sanneh, Kelefa (October 9, 2007). „Sure, Bring Your Family to Work“. The New York Times. Посетено на October 9, 2021.
  37. Kilgore, Kym (August 13, 2007). „Jennifer Lopez to drop 'Brave' new album“. LiveDaily. Архивирано од изворникот на May 28, 2012. Посетено на September 4, 2010.
  38. Gatecrasher (February 23, 2010). „After 'Louboutins', 'Fresh Out of the Oven' flop, Epic Records gives Jennifer Lopez the boot: source“. Daily News. New York. Посетено на August 16, 2014.
  39. Setoodeh, Ramin (August 26, 2019). „How Jennifer Lopez Learned to Dance Again“. Variety. Посетено на October 9, 2021.
  40. „Dancelife | Full Episodes, Photos, Episode Synopsis and Recaps“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2009-08-15. Посетено на August 8, 2012.

Надворешни врски

уреди


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.