Селена (пејачка)
Селена Кинтаниља-Перез (шпански: Selena Quintanilla-Pérez; 16 април 1971 – 31 март 1995), естрадно позната како Селена ― американска пејачка. Таа се нарекува „Кралица на техано-музиката“, а нејзиниот придонес во музиката и модата ја направил една од најпознатите мексиканско-американски музичари од крајот на 20-тиот век. Во 2020 година, магазинот Билборд ја ставил на третото место на нивниот список на „Најдобри латино-музичари на сите времиња“.[3] Медиумите поради нејзиниот избор на облека ја нарекувале „Техано Мадона“.[б 1] Таа, исто така, се вбројува меѓу највлијателните латино-музичари на сите времиња и придонела за катапултирање на техано-жанрот во забавната музика.[8][9]
Селена | |
---|---|
Роден(а) | Селена Кинтаниља април 16, 1971 Лејк Џексон, Тексас, САД |
Починал(а) | март 31, 1995 Корпус Кристи, Тексас, САД | (возр. 23)
Причина за смрт | Убиство (прострелна рана) |
Споменици | Mirador de la Flor |
Други имиња | Селена Кинтаниља Перез[1][2] |
Занимање |
|
Сопружник | Крис Перез (в. 1992) |
Потпис | |
Страница q-productions.com |
Живот и кариера
уреди1971–1988: Рани години и почетоци на кариерата
уредиСелена Квинтанила е родена на 16 април 1971 година во Лејк Џексон, Тексас.[10] Таа била најмало дете на нејзините родители.[11] Селена била воспитана како Јеховин сведок.[12] Во 1981 година, заедно со семејството се преселила во Корпус Кристи, каде што ја започнала нејзината музичка кариера. Нејзиниот татко, Абрахам Квинтанила Џуниор, бил пејач на групата Los Dinos од 1957 до 1972 година и го поттикнувал музичкиот талент на неговите деца. Селена, нејзиниот брат Абрахам Исак III (бас) и нејзината сестра Сузет (тапани) станале втора генерација на Los Dinos. Другите двајца членови на групата биле Рики Вела на клавијатури и Роџер Гарсија на гитара.[5][13][14] Селена своето прво појавување пред публика го имала на осум годишна возраст во мексиканскиот ресторан на нејзиниот татко во Лејк Џексон. Нејзините први снимки се направени на деветгодишна возраст. За време на нејзината младост, Селена често била на турнеи.
Нејзината популарност како пејачка брзо растела, а побарувачката за нејзини настапи и честите патувања почнале да го попречуваат нејзиното образование. Татко ѝ ја отпишал од училиште кога Селена била осмо одделение.[15] Гимназија завршила учејќи од далечина додека патувала низ земјата[10] и била примена на Државниот универзитет во Луизијана.[10] Се запишала на Универзитетот Пацифик Вестерн, и одбрала бизнис-администрација како насока.[16]
По успешните албуми Alpha и Muñequito de trapo (и двата 1986), Селена ја освоила наградата за музичар на годината на музичките награди Техано во 1987 година на 15-годишна возраст.[17]
До 1988 година, Селена објавила уште пет ЛП плочи; Alpha (1986), Muñequito de Trapo (1987), And the Winner Is... (1987), Preciosa (1988) и Dulce Amor (1988).[10]
Врв на кариерата
уредиХозе Бехар од новоформираната издавачка куќа EMI Latin Records, ја забележал Селена како настапува на Техано музичките награди во 1989 година. Бехар барал нови латино-музичари и сметал дека ја открил „следната Глорија Естефан“, но неговиот претпоставен го нарекол Бехар нелогичен затоа што бил во Јужен Тексас помалку од една недела.[15] И покрај двојно поголемиот понуден хонорар од Sony Music Latin, татко ѝ ја избрал понудата од EMI Latin поради можноста за кросовер албум и сакал неговите деца да бидат првите музичари кои ќе потпишат за издавачката куќа.[18]
На 17 октомври 1989 година, Селена го издала нејзиниот прв албум под наслов Selena. Нејзиниот брат А.Б., станал нејзин главен продуцент и текстописец во поголемиот дел од нејзината музичка кариера.[19]
Истата година, Кока-Кола потпишала договор со Селена бидејќи ја сметала за соодветно лице за реклами насочени кон младата латино целна група и изработила неколку реклами со неа.[16] Џинглот кој бил користен во нејзините први две реклами за компанијата бил компониран од АБ и Крис Перез. Перез се приклучил на Selena y Los Dinos неколку месеци претходно како нов гитарист на групата.[20] Перез почнал да се вљубува во Селена, и покрај тоа што имал девојка во Сан Антонио.[20] Тие ги изразиле своите чувства еден кон друг во ресторанот „Пица Хат“ и набргу потоа станале двојка.[21] [20] Перез и Селена ја криеле нивната врска, плашејќи се дека Квинтанила Џуниор ќе се обиде да ја раскине.[20] [22]
Селена го издала нејзиниот втор студиски албум, Ven Conmigo, во септември 1990 година. Песната „Baila Esta Cumbia“ од овој албум станала една од најуспешните песни на Селена. Албимот бил многу популарен во Мексико, каде што бил сертифициран со платинест тираж, односно биле продадени 150.000 единици.[23][24]
Во мај 1992 година, Селена го издала нејзиниот трет студиски албум, Entre a Mi Mundo. Критиката го сметала албумот за нејзин „пробивен албум“.[25][26][27] Entre a Mi Mundo станал прв техано-албум од женски изведувач кој е продаден во преку 300.000 примероци.[б 2]
Една година по Entre a Mi Mundo Селена го објавила албумот Live!; албумот бил снимен за време на бесплатен концерт во Меморијалниот Колосеум во Корпус Кристи, на 7 февруари 1993 година.[10] На албумот имало претходно објавени песни кои биле отпеани во живо и три студиски снимки.[30] Live!!освоил награда Греми за најдобар мексикански/американски албум на 36тото доделување на Греми награди.[31]
Во мај 1994 г. Live! ја добил наградата албум на годината од <i id="mwAag">Билбордовите</i> латински музички награди.[32] Бил прогласен за албум на годината на Техано музичките награди во 1994 година,[33] а на Lo Nuestro наградите во 1994 година, бил номиниран за Регионален мексикански албум на годината.[34] Live! бил сертифициран со златен тираж од RIAA за продадени 500 000 примероци, а во Мексико биле продадени 250 000 единици.[32]
Покрај кариерата како пејачка, Селена работела и како дизајнерка на облека. Таа отворила два бутика во Корпус Кристи и во Сан Антонио, и двата под брендот Selena Etc.[10]
Списанието Hispanic Business објавило дека пејачката од овие бутици заработила над пет милиони долари.[35] Таа била рангирана меѓу дваесетте најбогати хиспански музичари со најголем приход во 1993 и 1994 година.[36] Селена во март 1994 година го издала нејзиниот четврти студиски албум, Amor Prohibido.
Amor Prohibido станал нејзин најуспешен албум за време на нејзиниот живот. Хитовите како Bidi Bidi Bom Bom, No me queda más и насловната песна Amor Prohibido се сè уште многу популарни и денес. Албумот станал вториот техано-албум кој до крајот на годината се продал во над 500.000 примероци, што претходно било постигнато само од групата La Mafia.[10] [37] Исто така, станал еден од најпродаваните латино албуми во САД[38] [36] и бил меѓу најпродаваните американски албуми во 1995 година.[39] Албумот е сертифициран за 36× платинест од RIAA за продажба од 2,16 милиони примероци во САД.
Amor Prohibido ја популаризирала техано-музиката кај помладата и кај пошироката публика. [40] [41] Двете песни, „Amor Prohibido“ и „No Me Queda Más“, биле најуспешни американски латино-песни за1994 и 1995 година, соодветно.[42][43] Поради комерцијалниот успех, албумот бил номиниран за Греми за најдобар мексикански/американски албум на 37-те Греми награди во 1995 година.[44] Ја добил наградата Запис на годината на Техано музичките награди во 1995 година [33] и Регионален/мексикански албум на годината на Ло Нуестро наградите во 1995 година. [10]
По објавувањето на Amor Prohibido, Селена се сметала за „попопуларна од самата техано-музика“ и ги пробила бариерите во светот на латино-музиката.[45] Многу медиуми ја нарекле „Кралица на техано-музиката“.[б 3] Списанието Билборд го ставило Amor Prohibido меѓу најважните латино-записи во претходните 50 години[52] и го ставило на нивниот список од топ-100 албуми на сите времиња.[53] Во 2017 година, NPR го рангирал Amor Prohibido на 19-то место на нивната листа од 150 најдобри албуми направени од жени.[54] Селена снимила дует со Barrio Boyzz под наслов „Donde Quiera Que Estés“, кој бил објавен на нивниот истоимен албум во 1994 година. Песната го достигнала првото место на топ-листите за латино-песни,[55] што ѝ овозможило на Селена да гостува во Њујорк, Аргентина, Порторико, Доминиканска Република и Средна Америка, каде што не била многу популарна.[10] [56]
Кон крајот на 1994 година, претседателот на ЕМИ, Чарлс Копелман, увидел дека Селена ги постигнала нејзините цели на пазарот на шпански јазик. Тој сакал да ја промовира како соло поп-музичар на англиски јазик. Селена продолжила со турнејата додека ЕМИ почнала да го подготвува кросовер-албумот, за кој биле ангажирани композиторите добитници на Греми.[10] Во 1995 година, таа имала камео појавување во Дон Хуан ДеМарко, во кој глумеле Марлон Брандо, Џони Деп и Феј Данавеј.[57]
Убиство
уредиСемејството Квинтанила ја именувало Јоланда Салдивар (една од најблиските пријателки на Селена) за менаџер на бутиците на Селена на почетокот од 1994 година.[58] Во декември 1994 година, почнал да се намалува бројот на вработени во двете продавници.[10] Според персоналот, Салдивар честопати ги отпуштала вработените што не ги сакала. Вработените во продавниците на Селена редовно ѝ се жалеле за однесувањето на Салдивар, но таа не верувала на таквите тврдења и сметала дека Салдивар нема да носи негативни непредвидливи одлуки за модниот потфат.[10]
Според Квинтанила Џуниор, вработените потоа му се обратиле нему и го информирале за однесувањето на Салдивар. Квинтанила Џуниор сериозно ги сфатил тврдењата; тој ѝ укажал на Селена дека треба „да биде внимателна“ и ѝ рекол дека Салдивар можеби не влијае добро врз неа. Селена ги отфрлила забелешките на нејзиниот татко затоа што тој честопати не им верувал на луѓето во минатото.[10] Во јануари 1995 година, модниот дизајнер на Селена, Мартин Гомез, нејзината братучетка Дебра Рамирез и клиентите ја изразиле својата загриженост за однесувањето и управувањето на Салдивар.[10] [10]
Квинтанила Јуниор открил дека Салдивар проневерила повеќе од 30.000 долари преку фалсификувани чекови од фан клубот на Селена и од бутиците.[10] [59] Тој на Салдивар ѝ укажал за недоследностите околу исчезнатите средства. Квинтанила Џуниор ѝ рекол дека ако не обезбеди докази со кои ќе ги отфрли неговите обвинувања, тој ќе ја пријави во полиција. Квинтанила Џуниор ѝ забранил на Салдивар секаков контакт со Селена. Сепак, Селена не сакала да го прекине нивното пријателство; таа мислела дека Салдивар е важна за успехот на линијата за облека во Мексико.
Неколку пред смртта на Селена, Салдивар го одложила предавањето на банкарските изводи и финансиската евиденција под изговор дека била физички и сексуално нападната во Мексико.[15] Салдивар, заедно со Селена, на 31 март 1995 година, отишле во клиника за Салдивар да се прегледа за нападот за кој таа тврдела дека ѝ се случил во Монтереј.[б 4] За време на посетата, Салдивар била прегледана од лекарот на клиниката, но немало гинеколошки преглед кој требало да се напраи во секој случај на сексуален напад. Медицинската сестра Карла Ентони рекла дека Салдивар требало да го направи испитот за силување во Сан Антонио од три причини: Салдивар била жител на Сан Антонио, клиниката во која моментално биле во Корпус Кристи, а нападот се случил во Мексико.
Потоа, Селена повторно се сретнала со Салдивар во нејзината соба во хотелот Days Inn во Корпус Кристи.[5] Во мотелот Селена ги побарала финансиските документи. Во 11:48 часот, Салдивар извадила пиштол од нејзината чанта [61] и го вперила во Селена. Додека Селена се обидувала да побегне, Салдивар ја застрелала во десното долно рамо, отсекувајќи ѝ ја субклавијалната артерија што предизвикало голема загуба на крв. Критично ранета, Селена истрчала кон лобито, оставајќи зад себе 119 метри долга трага крв. Откако службеникот повикал брза помош, таа паднала на подот, а Салдивар сè уште ја бркала и ја нарекла „кучка“.[62] Пред да се онесвести, Селена ја именувала Салдивар како нејзин напаѓач и го дала бројот на собата во која била застрелана.[63] Во меѓувреме, Салдивар се обидела да замине со нејзиниот пикап. Таа била забележана од полициската патролна кола.[64] Таа се предала по речиси девет и пол часовен судир со полицијата и ФБИ.[5] Дотогаш стотици фанови се собрале на местото на настанот. Многумина плачеле додека полицијата ја одвела Салдивар.[5][64]
Селена била пренесена во болницата во Корпус Кристи во 12:00 часот. Нејзините зеници биле фиксирани и проширени, немало евиденција за невролошка функција, немала витални знаци,[36] и била прогласена клиничка мозочна смрт.[65] Лекарите успеале доволно долго да воспостават „нерамномерно чукање на срцето“ за да ја пренесат во шок-соба,[66] и започнале со трансфузија на крв за да ја обноват циркулацијата на крвта откако ги отвориле градите на Селена и откриле обилно внатрешно крварење.[64] Лекар за итна помош почнал да ѝ го „масира срцето“ откако тоа престанало да чука.[67] Лекарот од итната медицинска помош донел одлука да ја реанимира пејачката.[68] По 50 минути операција, била констатирана смрт поради загуба на крв и срцев удар (во 13:05 часот).[64][69]
Во октомври 1995 година, судот во Хјустон за убиството на Селена ја осидул Салдивар на доживотен затвор.
Влијание
уредиВеста за убиството на Селена брзо се проширила. Реакциите за нејзината смрт биле споредувани со оние по смртта на музичарите Џон Ленон и Елвис Присли и онаа на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди.[31] [70] На вестите Селена била нарекувана „Мексиканската Мадона“.[71] Нејзината смрт два дена била вест на насловната страница во The New York Times.[10] На нејзиниот погреб присуствувале 60.000 луѓе.[72]
Веста исклучително тешко ја погодило хиспано-заедница во САД. Многу обожаватели патувале илјадници колометри за да ја видат куќата и бутиците на Селена и местото на злосторството.[10] [73] Меѓу познатите личности кои изразиле сочуство на семејството Квинтаниља биле Глорија Естефан, Селија Круз, Хулио Иглесијас и Мадона.[10]
На 12 април 1995 година, две недели по смртта на Селена, Џорџ В. Буш, тогаш гувернер на Тексас, го прогласил нејзиниот роденден, 16 април, за Ден на Селена во државата.[16][74] Тој рекол дека Селена ја претставува „суштината на културата на јужен Тексас“.[75]
Оставштина
уредиСелена дала голем придонес во редефинирањето на латино-музиката[76] и нејзините поджанрови техано, [38] [77] кумбија и латино-поп. [78] [79] Селена ги срушила бариерите во латинскиот музички свет.[80] [77] [81] Таа се смета за „една од најзначајните мексиканско-американски пејачки од крајот на дваесеттиот век“. [78] Списанието People ја прогласило Селена за една од најинтригантните луѓе од 20 век.[82] Американскиот сенатор Кеј Бејли Хачисон ја нарекол Селена една од „жените кои ги обликуваа САД“. [83]
Селена е прогласена за една од највлијателните латино-музичари на сите времиња и е заслужна за издигнувањето на музичкиот жанр на мејнстрим пазарот.[8][9] Latin Post ја нарекол „една од најпознатите уметници во латиноамериканската музичка историја“,[84] а „Њујорк тајмс“ ја нарекол „веројатно најважна латино-музичарка во земјата, на пат да стане една од најважните, точка." [85] Селена станала познато име во САД и Мексико по нејзината смрт и станала дел од американската поп-култура.[85] [86] Таа станала попопуларна по смртта отколку додека била жива.[87]
Во јули 1995 година бил објавен првиот албум на Селена на англиски јазик, Dreaming of You; албум на кој Селена работела непосредно до пред нејзината смрт. Се продал во 175.000 примероци на денот на објавувањето во САД - тогашен рекорд за женски изведувач - и бил продаден во 331.000 примероци во првата недела.[88][89] Селена станала трета музичарка која продала над 300.000 примероци за една недела, по Џенет Џексон и Мараја Кери.[90] Дебитирал на првото место на американската топ-листа Билборд 200, со што станал прв албум од хиспано-изведувач кој успеал во тоа.[91][92][92] Со Dreaming of You, Селена станала прв солист кој дебитирала на прво место со постхумен албум.[93] Dreaming of You се придружил на пет студиски албуми на Селена на Билборд 200 топ-листата истовремено, со што Селена станала прва жена-изведувач во историјата на Билборд што го направила тоа.[92] Албумот бил сертифициран 59-кратно платинест (латино-албуми), за продажба од 3,54 милиони единици еквивалентни на албуми само во САД.[92]
До 2017 година албумот е продаден во над 2,942 милиони копии во САД и со тоа е најпродаван латино-албум на сите времиња во САД (според Nielsen SoundScan).[94] Се смета дека нејзината смрт предизвикала интерес за латино-музиката кај луѓе кои не биле свесни за нејзиното постоење.[22][76][95] Исто така, се смета дека нејзината смрт ги „отворила вратите“ за други латино-музичари како Џенифер Лопез,[22] Рики Мартин и Шакира.[96]
Во 2023 година, Ролинг Стоун ја ставило Селена на 89-то место на списокот од 200 најдобри пејачи на сите времиња.[97]
Постхумен филм, стриминг-видео и почести
уредиВо 1995 година, Селена била примена во Билбордовата Куќа на славните <i id="mwBMY">на л</i>атино-музиката,[98] Куќата на славата на Hard Rock Cafe, [36] и Музичката куќа на славните во Јужен Тексас.[70] Во 2001 година, била примена во Куќата на славните на техано-музиката.[99] Во 2017 година, добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[100] Од писателката Лори Јасински била прогласена за една од 20-те највлијателни Тексашани на сите времиња.[70] Била рангирана на петто место од „100 највлијателни латино-музичари на 20 век“ според регистарот на округот Оринџ.[101] Медиумите на Селена ѝ дале многу епитети, како: „Кралицата на кумбија-музиката“,[102] „Женски Елвис“,[103] „Кралица на хибридната поп-култура“, „Хиспанската Мерлин Монро“,[95] „ Тупак Шакур на латино-музиката“,[104] „кралица на Корпус Кристи“,[105] и „Принцеза на народот“.[106] [22]
Во 1995 година, мексиканската актерка Салма Хајек била избрана да ја глуми Селена во биографски филм продуциран од семејството Квинтаниља и Ворнер Брос.[107] Хајек ја одбила улогата затоа што сметала дека е „прерано“ да се прави филм за Селена, и дека ќе биде чувствително затоа што смртта на Селена сè уште се покрива на американската телевизија.[108][109] Над 21.000 луѓе учествувале на аудицијата за главната улога, и тоа станало втора најголема аудиција по онаа кога се барала глумица за улогата на Скарлет О'Хара во Однесено со виорот (1939).[36] [110] Порториканско-американската актерка Џенифер Лопез ја заменила Хајек, што на почетокот наишло на критики поради порториканското потекло на Лопез, но откако ја видоа нејзината изведба, фановите ги смениле ставовите. [111]Филмот бил објавен на 21 март 1997 година. Со продукциски буџет од 20 милиони долари, филмот заработил 35 милиони долари во САД [112] Филмот бил комерцијален и критички успех [113] и често критичарите го наведуваат како пробивната улога на Лопез.[86] [114]
Дискографија
уредиАлбуми на Selena y Los Dinos
- Selena y Los Dinos (1984)
- Alpha (1986)
- Muñequito de Trapo (1986)
- And the Winner Is... (1987)
- Preciosa (1988)
- Dulce Amor (1988)
Соло студиски албуми
- Selena (1989)
- Ven Conmigo (1990)
- Entre a Mi Mundo (1992)
- Amor Prohibido (1994)
- Dreaming of You (1995)
Белешки
уреди- ↑ Media outlets that called Selena the "Mexican American equivalent" of Madonna include The Victoria Advocate,[4] The New York Times,[5] MTV.com,[6] and Rhapsody.[7]
- ↑ According to a book written by Stacy Lee, she reported sales of 300,000 units,[28] while María Celeste Arrarás wrote in her book that the album sold 385,000 units in Mexico.[29]
- ↑ Outlets describing Selena as "Queen of Tejano Music" include: Entertainment Weekly,[46] Billboard magazine,[47] Los Angeles Magazine,[48] Vibe magazine,[49] The Huffington Post,[50] and The New York Times.[51]
- ↑ Testimony given by nurse Carla Anthony at the Saldívar trial indicated that Saldívar and Selena's visit to her clinic occurred March 24, not March 31.[60] The predominance of other sources indicate that Nurse Anthony is mistaken.
Наводи
уреди- ↑ „Selena Seaside Memorial Park obituary“. Посетено на March 18, 2022.
- ↑ „Selena autopsy report, first page“. Посетено на March 18, 2022.
- ↑ Ramirez, Sonia (October 26, 2020). „Selena comes in at No. 3 on Billboard's“. Chron (англиски). Посетено на October 14, 2021.
- ↑ Martin, Dale (July 16, 1999). „Selena Album Goes Mainstream“. The Victoria Advocate. Посетено на April 7, 2015.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Howe Verhovek, Sam (April 1, 1995). „Grammy Winning Singer Selena Killed in Shooting at Texas Motel“. The New York Times. стр. 1.
- ↑ „Selena Murder Trial Begins Monday“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2015-04-05. Посетено на March 26, 2015.
- ↑ Palomares, Sugey. „Hispanic Icons: Selena“. Rhapsody.com. Посетено на April 15, 2015.
- ↑ 8,0 8,1 Flores, Daniel (March 28, 2015). „Selena's Legacy: Queen of Tejano still reigns“. Valley Star News. Архивирано од изворникот на April 29, 2015. Посетено на April 29, 2015.
- ↑ 9,0 9,1 Празен навод (help)
- ↑ 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 10,14 10,15 10,16 10,17 10,18 Patoski 1996.
- ↑ „Selena, the Queen of Tejano Music“. Legacy.com. Посетено на October 11, 2011.
- ↑ Bernstein, Ellen (April 16, 1997). „Birthday hoopla is prohibited“. Corpus Christi Caller-Times. Corpus Christi, Texas. Архивирано од изворникот на April 3, 2009. Посетено на August 27, 2010.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Latin singer Selena killed in Texas motel“. Milwaukee Journal Sentinel. April 1, 1995. Посетено на October 10, 2011.[мртва врска]
- ↑ 15,0 15,1 15,2 Mitchell, Rick (May 21, 1995). „Selena, the making of the queen of Tejano“. Houston Chronicle. Архивирано од изворникот на July 9, 2007. Посетено на February 1, 2008.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 Orozco, Cynthia (August 31, 2010). „Selena Biography“. Texas State Historical Association. Архивирано од изворникот на September 8, 2015. Посетено на September 27, 2015.
- ↑ Morales, Tatiana (October 16, 2002). „Fans, Family Remember Selena“. CBS News. Посетено на January 29, 2015.
- ↑ Gershman, Rick (March 18, 1997). „Selena's legacy“. St. Petersburg Times. Архивирано од изворникот на January 31, 2013. Посетено на October 11, 2011.
- ↑ Morales 2003.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 20,3 Pérez 2012.
- ↑ Novas 1995.
- ↑ 22,0 22,1 22,2 22,3 Jones 2000.
- ↑ Castrellón 2007.
- ↑ „Disco de Oro y Platino a Viene de la Uno“. El Siglo de Torreón (шпански). December 13, 1993. Посетено на October 10, 2014.
- ↑ Tarradell, Mario (July 16, 1995). „Dreaming of Selena A new album celebrates what she was but only hints at what she could have become“. The Dallas Morning News. Посетено на November 18, 2011.
- ↑ „Record company planning Selena retrospective“. Fort Worth Star-Telegram. April 12, 1995. Посетено на November 18, 2011.
- ↑ Burr, Ramiro (July 18, 1995). „Selena crosses over to pop – Posthumous release a reminder of talent cut short“. San Antonio-Express News. Посетено на November 18, 2011.
- ↑ Stacy 2002, стр. 746.
- ↑ Arrarás 1997, стр. 104.
- ↑ „Allmusic > Selena Awards“. AllMusic. Посетено на June 21, 2012.
- ↑ 31,0 31,1 Stacy 2002.
- ↑ 32,0 32,1 Празен навод (help)
- ↑ 33,0 33,1 „Tejano Music Awards Past Award Winners“. TejanoMusicAwards.com. Архивирано од изворникот на August 15, 2010. Посетено на August 23, 2010.
- ↑ González, Fernando (May 16, 1994). „Lo Nuestro, Billboard Honor Latin Singers“. The Miami Herald.
- ↑ „Selena – Life Events“. Corpus Christi Caller Times. March 27, 2005. Архивирано од изворникот на May 13, 2006. Посетено на June 7, 2006.
- ↑ 36,0 36,1 36,2 36,3 36,4 Arrarás 1997.
- ↑ Tarradell, Mario (April 1, 1995). „Singer soared beyond traditional limits on Tejano music“. The Dallas Morning News. Посетено на November 4, 2011.
- ↑ 38,0 38,1 Parédez 2009.
- ↑ Burr, Ramiro (April 14, 1995). „Five Selena albums reach Billboard 200“. San Antonio Express-News. Посетено на August 14, 2011.
- ↑ Miguel 2002.
- ↑ „Born on the Border“. Newsweek. October 22, 1995. Посетено на February 28, 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Rivas, Jorge (March 31, 2011). „Remembering Selena's Trailblazing Music“. Colorlines. Архивирано од изворникот на July 1, 2017. Посетено на April 14, 2011.
- ↑ Valdes, Alisa (April 7, 1995). „Loving Selena, fans loved themselves“. Boston Globe. Архивирано од изворникот на January 4, 2013. Посетено на August 14, 2011.
- ↑ Schone, Mark (April 20, 1995). „A Postmortem Star In death, Selena is a crossover success“. Newsday. Архивирано од изворникот на January 31, 2013. Посетено на November 4, 2011.
- ↑ Cortina, Betty (March 26, 1999). „A Sad Note“. Entertainment Weekly. Бр. 478. Архивирано од изворникот на June 23, 2011. Посетено на September 11, 2012.
- ↑ Lannert, John (April 6, 1996). „Tejano Music Awards: Bigger, But Not Necessarily Better“. Billboard. том 108 no. 14. Посетено на September 11, 2012.
- ↑ Katz, Jesse (December 2002). „The Curse of Zapata“. Los Angeles Magazine. том 47 no. 12. Посетено на September 11, 2012.
- ↑ „The Year In Review“. Vibe. том 6 no. 7. September 1998. Посетено на September 11, 2012.[мртва врска]
- ↑ Hernandez, Lee (April 15, 2012). „Selena Quintanilla: Remembering The Queen Of Tejano Music On Her Birthday“. The Huffington Post. Посетено на January 30, 2015.
- ↑ Verhovek, Sam (April 1995). „Grammy-Winning Singer Selena Killed in Shooting at Texas Motel“. The New York Times. Посетено на January 30, 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Roiz & 2015 (b).
- ↑ Diaz-Hurtado, Jessica (July 24, 2017). „The 150 Greatest Albums Made By Women“. NPR. Посетено на July 24, 2017.
- ↑ „Chart history > Selena > Donde Quiera Que Estes“. AllMusic. Архивирано од изворникот на January 16, 2013. Посетено на July 13, 2011.
- ↑ Jones 2013.
- ↑ „Selena: Singer was on the verge of mainstream stardom“. The Atlanta Journal. April 5, 1995. Посетено на October 11, 2011.
- ↑ Reports, Wire (April 1, 1995). „Gunshot Silences Singing Sensation Selena At Age 23“. Orlando Sentinel. Архивирано од изворникот на January 31, 2013. Посетено на October 10, 2011.
- ↑ Liebrum, Jennifer; Jamieson, Wendell (October 27, 1995). „Selena's Killer Gets 30 Years“. NY Daily News (англиски). Архивирано од изворникот на May 19, 2017. Посетено на July 12, 2017.
- ↑ „October 12, 1995 testimony of Carla Anthony“. Houston Chronicle. October 12, 1995. Архивирано од изворникот на April 6, 2007. Посетено на September 27, 2015.
- ↑ Hewitt, Bill (April 17, 1995). „Before Her Time – Death, Murder, Selena“. People. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „October 12, 1995, the testimony of Norma Martinez“. Houston Chronicle. October 12, 1995. Архивирано од изворникот на July 15, 2007. Посетено на September 27, 2015.
- ↑ „Friday, October 13, testimony of Shawna Vela“. Houston Chronicle. October 13, 1995. Архивирано од изворникот на July 10, 2007. Посетено на September 27, 2015.
- ↑ 64,0 64,1 64,2 64,3 Selena.
- ↑ „Surgeon Recalls Futile Emergency Treatment of Selena“. The Journal News. October 20, 1995. стр. 7. Посетено на June 5, 2022.
- ↑ Mitchel, Rick (March 25, 2005). „In life, she was the queen of Tejano music. In death, the 23-year-old singer became a legend“. Houston Chronicle. Посетено на March 8, 2015.
- ↑ „Doctor: Selena Arrived Brain Dead“. Daily News. October 20, 1995. стр. 7. Посетено на March 18, 2018.
- ↑ „'Futile' Efforts to Save Selena“. Philadelphia Daily News. October 20, 1995. стр. 19. Посетено на March 18, 2018.
- ↑ Villafranca, Armando (April 1, 1995). „Singer Selena shot to death“. Houston Chronicle. Архивирано од изворникот на June 21, 2007. Посетено на September 27, 2015.
- ↑ 70,0 70,1 70,2 Jasinski 2012.
- ↑ Rodriguez, Gregory (April 7, 1997). „'Selena': A Symbol of Today's Cultural Ties“. Los Angeles Times. Посетено на September 27, 2015.
- ↑ „Selena's death leaves Tejano music world shocked, mournful“. Corpus Christi Caller Times. April 1, 1995. Посетено на September 19, 2015.
- ↑ Katz, Jesse (April 2, 1995). „For Barrio, Selena's Death Strikes a Poignant Chord Tragedy: Fans descend on superstar's home in Texas community. Idolized singer didn't forget her roots“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на February 1, 2013. Посетено на September 15, 2011.
- ↑ Reports, Wire (April 14, 1995). „Sunday's Selena Day“. San Antonio Express-News. Посетено на October 6, 2011.
- ↑ „Texas Declares 'Selena Day'“. Houston Chronicle. April 17, 1995. Посетено на February 28, 2015.
- ↑ 76,0 76,1 Sickels 2013.
- ↑ 77,0 77,1 Habell-Pallán 2002.
- ↑ 78,0 78,1 Vargas 2012.
- ↑ Segura 2007.
- ↑ Mendoza, Madalyn (February 27, 2015). „28 reasons Selena makes our hearts go 'bidi bidi bom bom'“. San Antonio Express-News. Посетено на March 26, 2015.
- ↑ Quaintance, Zack (March 31, 2010). „Remembering Selena“. The Monitor. Посетено на March 26, 2015.
- ↑ Dunkel & Smolowe 1998.
- ↑ Bailey 2004.
- ↑ Akoukou Thompson, Nicole (January 3, 2014). „Selena, Shakira, Santana & More: The 100 Year History of Latin Music in the United States“. Latin Post. Посетено на March 26, 2015.
- ↑ 85,0 85,1 Pareles, Jon; Caramanica, Jon; Ratliff, Ben; Chinen, Nate; Holden, Stephen (November 26, 2010). „Wow! Every Song What's-His-Name Ever Recorded: Movies, Performing Arts/Weekend Desk“. The New York Times. ISSN 0362-4331. ProQuest 812033801.
- ↑ 86,0 86,1 Mitchell & Reid-Walsh 2007.
- ↑ Espinosa 2009.
- ↑ „No. 1 start for Selena's 'Dreaming'“. USA Today. July 27, 1995. Посетено на July 22, 2011.[мртва врска]
- ↑ „Selena's Popularity Grows“. The Hour. March 24, 2004. Посетено на April 28, 2013.
- ↑ Burr, Ramiro (July 25, 1995). „Selling like a dream — Selena CD outpaces previous top sellers“. San Antonio Express-News. Посетено на January 19, 2013.
With first-week sales of "Dreaming of You" at about 400,000-plus, Selena has become the fastest-selling female artist in music history. Final full-week sales figures will not be available until later this week, but on Monday EMI Latin officials estimated Selena's sales at more than 400,000, which puts the late singer ahead of other previous top sellers including: Janet Jackson, "Janet," 350,000; Mariah Carey[...]
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 92,0 92,1 92,2 92,3 Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 95,0 95,1 Празен навод (help)
- ↑ Guerra, Joey (July 24, 2012). „A tribute to Selena among this year's QFest offerings“. Houston Chronicle. Посетено на March 26, 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Meier 2003.
- ↑ Marti, Diana (November 4, 2017). „Selena Quintanilla Officially Receives Star on Hollywood Walk of Fame“. E! Online. Посетено на November 4, 2017.
- ↑ Wener, Ben; Chang, Daniel; Eddy, Steve; Darling, Cary (December 30, 1999). „Choosing the 100 most influential Latin musicians of the 20th century“. Orange County Register. Посетено на March 26, 2015.
- ↑ Guerra, Joey (April 15, 2014). „Happy birthday, Selena: 'Our cumbia queen'“. Houston Chronicle. Посетено на April 7, 2015.
- ↑ Lopez, Antonio (April 6, 1997). „Selena, Selena: We Hardly Knew You“. Santa Fe New Mexican. Посетено на March 26, 2015.
- ↑ Ryan, Patrick (June 25, 2014). „Michael Jackson joins a Posthumous Hot 100“. USA Today. Посетено на March 26, 2015.
- ↑ Salians, Rebecca (December 9, 2014). „Fake story reporting Selena's killer leaving prison early nearly 'breaks the Internet' in S. Texas“. San Antonio Express-News. Посетено на March 26, 2015.
- ↑ Ybarra, Rose (April 1, 2005). „Family perseveres after Selenas death“. The Brownsville Herald. Архивирано од изворникот на April 4, 2015. Посетено на March 26, 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Pearlman, Cindy (March 16, 1997). „Selena: the story behind the legend“. Chicago Sun-Times. Посетено на December 28, 2011.
- ↑ Longsdorf, Amy (March 21, 1997). „Director Aims For Truth About Selena's Life“. The Morning Call. Архивирано од изворникот на June 30, 2013. Посетено на December 28, 2011.
- ↑ Puente, Teresa (March 30, 1997). „The Unforeseen Legacy Of Selena Quintanilla Perez“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на 2015-03-28. Посетено на March 26, 2015.
- ↑ Tracy 2008.
- ↑ „Selena – Box Office Data, News, Cast Information“. The Numbers. Архивирано од изворникот на 2011-06-11. Посетено на January 22, 2012.
- ↑ „Selena“. Rotten Tomatoes. March 21, 1997. Посетено на November 29, 2011.
- ↑ „Breakout Roles: Jennifer Lopez“. Latina. December 19, 2011. Архивирано од изворникот на December 3, 2013. Посетено на January 9, 2012.
Извори / Библиографија
уредиA-C
уреди- Arrarás, María Celeste (1997). Selena's Secret: The Revealing Story Behind Her Tragic Death. Simon and Schuster. ISBN 978-0684831930.
- Bailey, Kay (2004). American heroines female role models in america. HarperCollins. ISBN 978-0061875359.
- Burr, Ramiro (1999). The Billboard guide to Tejano and regional Mexican music (1st. изд.). Billboard Books. ISBN 978-0823076918. Посетено на October 10, 2014.
- Candelaria, Cordelia (2004). Encyclopedia of Latino Popular Culture, Volume 1. Greenwood Publishing Group. ISBN 978-0313332104.
- Castrellón, Cristina (August 31, 2007). Selena: su vida después de su muerte (шпански). Penguin Random House Grupo Editorial México. ISBN 9786071110367. Посетено на October 10, 2014.
- Caulfield, Carlota (2007). A Companion to US Latino Literatures. Boydell & Brewer Ltd. ISBN 978-1855661394.
- Clark, Walter Aaron (2013). From Tejano to Tango: Essays on Latin American Popular Music. Routledge. ISBN 978-1136536878.
D-F
уреди- Dunkel, Tom; Smolowe, Jill (1998). The most intriguing people of the century. New York, NY: People Books. ISBN 978-1883013141.
- Espinosa, Gastón (2009). Mexican American Religions: Spirituality, Activism, and Culture. Duke University Press. ISBN 978-0822388951.
- Foley, Neil (1997). Reflexiones 1997: New Directions in Mexican American Studies. University of Texas Press. ISBN 978-0292725065.
- Fregoso, Rosa Linda (2010). Lourdes Portillo: The Devil Never Sleeps and Other Films. University of Texas Press. ISBN 978-0292757929.
G-J
уреди- Garcia, Alma M. (2002). The Mexican Americans. Greenwood Publishing Group. ISBN 978-0313314995.
- Gutiérrez, José Angel (2003). Chicano Manual on How to Handle Gringos. Arte Publico Press. ISBN 978-1611920932.
- Habell-Pallán, Michelle (2002). Latino/a Popular Culture. NYU Press. ISBN 978-0814737255.
- Ilan, Stavans (2014). Latin Music: Musicians, Genres, and Themes. ABC-CLIO. ISBN 978-0313343964.
- Jasinski, Laurie E. (2012). Handbook of Texas Music. Texas A&M University Press. ISBN 978-0876112977.
- Jones, Steve (2000). Afterlife as Afterimage: Understanding Posthumous Fame. Peter Lang. ISBN 978-0820463650.
- Jones, Veda Boyd (2013). Selena (They Died Too Young). Infobase Learning. ISBN 978-1438146379.
K-M
уреди- Lannert, John; Bronson, Fred; Mayfield, Geoff (April 15, 1995). „Selena's Tragedy Echoed in Charts“. Billboard. том 107 no. 15. стр. 72, 80, 82. Посетено на August 19, 2016.
- Malone, Bill C. (2003). Southern Music/American Music. University Press of Kentucky. ISBN 978-0813126357.
- McDonald, Les (2010). The Day the Music Died. Xlibris Corporation. ISBN 978-1469113562.Предлошка:Unreliable source?
- Meier, Matt S. (2003). The Mexican American Experience: An Encyclopedia. Greenwood Publishing Group. ISBN 978-0313316432.
- Miguel, Guadalupe San (2002). Tejano Proud: Tex-Mex Music in the Twentieth Century. Texas A&M University Press. ISBN 978-1585441884. - Read online, registration required
- Mitchell, Claudia; Reid-Walsh, Jacqueline, уред. (2007). Girl Culture: An Encyclopedia. Greenwood Publishing Group. стр. 387. ISBN 978-0-313-08444-7. Посетено на November 27, 2011.
- Moon, Tom (2008). 1,000 Recordings to Hear Before You Die: A Listener's Life List. Workman Publishing. ISBN 978-0761139638.
- Morales, Ed (2003). The Latin Beat: The Rhythms And Roots Of Latin Music From Bossa Nova To Salsa And Beyond. Da Capo Press. ISBN 978-0786730209.
- Moreno, Michael P. (2010). Term Paper Resource Guide to Latino History. ABC-CLIO. ISBN 978-0313379321.
N-P
уреди- Novas, Himilce (1995). Remembering Selena. Turtleback Books. ISBN 978-0613926379.
- Parédez, Deborah (2009). Selenidad: Selena, Latinos, and the Performance of Memory. Durham, NC: Duke University Press. ISBN 978-0822344896. Ebook: ISBN 978-0822390893.
- Patoski, Joe Nick (1996). Selena: Como La Flor. Boston: Little Brown and Company. ISBN 978-0-316-69378-3.
- Peña, Manuel (1999). Música Tejana: The Cultural Economy of Artistic Transformation. Texas A&M University Press. ISBN 978-0890968888.
- Pérez, Chris (2012). To Selena, with Love. Penguin Books. ISBN 978-1101580264.
- Pilchak, Angela M. (2005). Contemporary Musicians: Profiles of the People in Music. Cengage Gale. ISBN 978-0787680695.
- Prampolini, Gaetano (2013). The Shade of the Saguaro / La sombra del saguaro. Essays on the Literary Cultures of the American Southwest. Firenze University Press. ISBN 978-8866553939.
R-S
уреди- Rebolledo, Tey Diana (2005). The Chronicles of Panchita Villa and Other Guerrilleras: Essays on Chicana/Latina Literature and Criticism. University of Texas Press. ISBN 978-0292709638.
- Roiz, Jessica Lucia (June 8, 2015). „Selena Quintanilla On NBC Universo: When, Where To Watch Back-To-Back 'Queen Of Tejano' Special“. Latin Times. Архивирано од изворникот June 10, 2016. Посетено на August 19, 2016.
- Segura, Denise A. (2007). Remembering Selena. Duke University Press. ISBN 978-0822341185.
- Sickels, Robert C. (2013). 100 Entertainers Who Changed America: An Encyclopedia of Pop Culture Luminaries. ABC-CLIO. ISBN 978-1598848311.
- Sobek, Maria (2012). Celebrating Latino Folklore: An Encyclopedia of Cultural Traditions, Volume 1. ABC-CLIO. ISBN 978-0313343391.
- Stacy, Lee (2002). Mexico and the United States. Marshall Cavendish. ISBN 978-0761474029.
T-Z
уреди- Tatum, Charles (2013). Encyclopedia of Latino Culture: From Calaveras to Quinceaneras. ABC-CLIO. ISBN 978-1440800993.
- Tiscareño-Sato, Graciela (2011). Latinnovating: Green American Jobs and the Latinos Creating Them. Gracefully Global Group. ISBN 978-0983476009.
- Tracy, Kathleen (2008). Jennifer Lopez: A Biography. Greenwood Publishing Group. ISBN 978-0313355158.
- Vargas, Deborah (2012). Dissonant Divas in Chicana Music: The Limits of la Onda. University of Minnesota Press. ISBN 978-0816673162.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- SelenaVEVO on YouTube
- Selena on Grammy Awards
- Селена (пејачка) на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Archival footage related to Selena from the Texas Archive of the Moving Image