„Крв и вино“ (англиски: Blood and Wine) – филм на режисерот Боб Рафелсон (Bob Rafelson) од 1996 година, снимен по сценариото на Ник Вилиерс (Nick Villiers) и Алисон Крос (Alison Cross). Главните улоги ги играат: Џек Николсон (Jack Nicholson), Стивен Дорф (Stephen Dorff), Џенифер Лопес (Jennifer Lopez), Џуди Дејвис (Judy Davis), Мајкл Кејн (Michael Caine), Каролд Перино Помладиот (Harold Perrineau Jr.) и Робин Питерсон (Robyn Peterson).[1]

Синопсис

уреди

Алекс Гејтс (го игра Николсон) е трговец со вино од Мајами. Во последно време, работата не му оди најдобро, сопругата Сузеан (ја игра Дејвис) е незадоволна од бракот и од финансиските проблеми, а синот Џејсон (го игра Дорф) веќе со години го игнорира. Поради тоа, единствената утеха на Алекс е романтичната врска со убавата Габриела (ја игра Лопес) коај работи како негувателка во вилата на богатиот Рис (го игра Сајц). Алекс решава да ја ограби куќата на Сајц, а за таа цел го ангажира стариот, искусен крадец Виктор (го игра Кејн) кој успева да го украде дијамантскиот накит вреден 1,3 милиони долари...

Наводи

уреди
  1. Krv i vino, američko-britanski film (пристапено на 7.5.2022)