New Kids on the Block
New Kids on the Block (понекогаш се користи и акронимот NKOTB) ― американскa машка група од Дорчестер, Масачусетс. Групата била составена од браќата Џонатан и Џордан Најт, Џои Мекинтајер, Дони Волберг и Дени Вуд. Најголем успех New Kids on the Block постигнале во доцните 1980-ти и раните 1990-ти и продале преку 80 милиони плочи. Ним им се припишува заслугата за трасирањето на патот за следните машки групи на музичката сецена како: Take That, Backstreet Boys и NSYNC.[2] Во 1990 година освоиле две Американски музички награди: „Омилена поп/рок група или дуо“ и „Омилен поп/рок албум“.[3]
New Kids on the Block | |
---|---|
New Kids on the Block на концерт во 2008; од лево кон десно: Џои Мекинтајер, Џонатан Најт, Дони Волберг, Дени Вуд, Џордан Најт | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | NKOTB |
Потекло | Дорчестер, Масачусетс, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1984–1994, 2008–денес[1] |
Издавачи | Columbia/CBS, Interscope, The Block, NKOTB Music |
Мреж. место | nkotb.com |
New Kids on the Block биле основани во 1984 година, а биле на врвот на популарноста во 1989 година. Групата се распаднала во 1994 година. Повторно се обединиле во 2007 година за да снимат албум и за да организираат концертна турнеја во 2008 година. По ова групата објавила уште два студиски албуми и продолжила со концертни турнеи.
Групата добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во 2014 година.[4][5]
Членови
уредиСегашни
уреди- Џордан Најт - примарен водечки вокал, придружен вокал (1984-денес)
- Дони Волберг – секундарен водечки вокал, рапување, придружен вокал (1984-денес)
- Џои Мекинтајер – секундарен водечки вокал, придружен вокал (1985-денес)
- Дени Вуд – терцијарен водечки вокал, придружен вокал (1984-денес)
- Џонатан Најт – повремено водечки вокал, придружен вокал (1984-денес)
Поранешни
уреди- Џејми Кели (1984)
- Марк Волберг (1984)
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- New Kids on the Block (1986)
- Hangin' Tough (1988)
- Merry, Merry Christmas (1989)
- Step by Step (1990)
- Face the Music (1994)
- The Block (2008)
- 10 (2013)
- Still Kids (2024)
Турнеи
уредиСопствени
уреди- Hangin' Tough Tour (1988)
- Magic Summer Tour (1990–1992)
- Face the Music Tour (1994)
- New Kids on the Block Live (2008–2010)
- South America and Mexico Tour (2012)
- European Tour (2014)
- Magic Summer Tour (2024)
Заеднички
уреди- NKOTBSB Tour (со Backstreet Boys) (2011–12)
- The Package Tour (со 98 Degrees и Boyz II Men) (2013)
- The Main Event (со TLC и Нели) (2015)
- Total Package Tour (со Boyz II Men and Пола Абдул) (2017)
- Mixtape Tour (со Salt-N-Pepa, Naughty by Nature, Тифани и Деби Гибсон) (2019)
- Mixtape Tour (со Salt-N-Pepa, Рик Естли и En Vogue) (2022)
Наводи
уреди- ↑ Anne Janette Johnson. „New Kids on the Block“. Encyclopedia.com. Посетено на October 24, 2019.
- ↑ „Back on the block“. The Columbus Dispatch. Посетено на July 24, 2018.
- ↑ Mitchell, Claudia; Reid-Walsh, Jacqueline (2008). Girl Culture: An Encyclopedia. Greenwood Publishing Group. стр. 453. ISBN 978-0-313-33908-0.
- ↑ Randall, Eric (2014-10-10). „New Kids on the Block Finally Get Their Hollywood Star“. Boston Magazine (англиски). Посетено на 2024-02-07.
- ↑ Chad (2019-10-25). „New Kids on the Block“. Hollywood Walk of Fame (англиски). Посетено на 2024-02-07.
Надворешни врски
уреди- Официјална веб страна
- New Kids on the Block — AllMusic (англиски)
- New Kids on the Block на Семрежната филмска база на податоци (англиски)