Полукружно свртување (филм)
Полукружно свртување е американски игран филм во режија на Оливер Стоун (Oliver Stone).[1] Главните улоги во филмот ги толкуваат: Шон Пен, Били Боб Торнтон и Џон Вајт.[2]
Содржина
уредиЕден млад човек бега од лихварите. Поради проблеми со автомобилот, тој мора да запре во едно мало провинциско гратче. Таму стапува во врска со млада жена за која не знае дека е омажена. Во исто време, тој се запознава со нејзиниот сопруг, кој го изнaјмува да ја убие жената.[2]