Кесендре
Кесендре (понекогаш: Ќесендре) — село во Општина Кавадарци, во нејзиниот северозападен дел. Денес нема жители.[2]
Кесендре | |
Координати 41°23′36″N 21°49′56″E / 41.39333° СГШ; 21.83222° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Раец |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1423 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11020 |
Надм. вис. | 773 м |
Кесендре на општинската карта Атарот на Кесендре во рамките на општината | |
Кесендре на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Раец, западно од Кавадарци. Лежи на рамнината во северното подножје на Кобиларник, лево и високо над долината Курит. Тука се наоѓаат селската чешма и изворот Глава, а нешто подалеку од селото, под отсекот на Бурински Рид, има врел извор од кој потекува Желишка Река.[3]
Историја
уредиПодрачјето на Кесендре е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта југоисточно и североисточно од селото.[4]
Селото е основано во почетокот на XIX век во атарот на средновековното село Желиште (на турски: Девол Касабаси), уништено од Османлиите во една буна во средината на XVIII век. Урнатините на Желиште се наоѓаат до изворот на Желишка Река. Кај изворот се наоѓа и наоѓалиштето Црквиште, кое пак е остаток од населба со некропола од доцната антика, и каде се најдени грчки натписи.[3]
Во XIX век Кесендре било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство. Селската црква „Св. Димитрија“ е подигната во 1896, а иконите се изработени во 1898 г.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кесендре имало 155 жители, сите Македонци христијани.[6][7]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кесендре (Kessendré) имало 136 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[8]
Стопанство
уредиГлавно занимање на жителите било земјоделството и сточарството. Во текот на 1970-тите бројот на жители почнал нагло да опаѓа поради раселување во околните места и градот Кавадарци, за да биде целосно напуштено во некаде во 1990-тите.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]
Според пописот од 2002 година, селото Кесендре немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 155 | 136 | 244 | 259 | 230 | 158 | 51 | 7 | 9 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Општествени установи
уредиКултурни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Грбавечка Кула — градиште од доцноантичко време
- Црквиште — населба и некропола од доцноантичко време
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 јануари 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Кесендре на порталот на Општина Кавадарци (архивирано)
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 152. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Маренска парохија“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Посетено на 18 февруари 2014.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 154. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.