Желиште

историско село во Кавадаречко

Желиште[2] или Желишта[3] — историско село на територијата на Општина Кавадарци, денес во атарот на селото Кесендре.[2]

Желиште
Желиште во рамките на Македонија
Желиште
Местоположба на Желиште во Македонија
Желиште на карта

Карта

Координати 41°22′58″N 21°49′57″E / 41.38278° СГШ; 21.83250° ИГД / 41.38278; 21.83250
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Раец
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 11020
Надм. вис. 915 м

Географија

уреди

Селото се наоѓало во областа Раец, кај изворите на Желишка Река. Лежело западно под падината на Бурински Рид, јужно од селото Кесендре.[2]

Историја

уреди

Селото е доста старо. За првпат се спомнува во грамота на феудалните владетели Јован Драгаш и Константин Драгаш од 1378 година: и єштє приложихъ оу Тиквєшоу... сєло Полошко,... сєло Жєлишта.[3] Турците го нарекувале „Девол Касабаси“. Уништено е од османлиска војска во една буна во средината на XVIII век. Преживеаните жители се преселиле претежно во Кесендре. Во 1920-тите во с. Никодин е забележан родот Новоселци (9 куќи) кој се доселил од Желиште.[4]

Кај изворот на Желишка Река е наоѓалиштето Црквиште каде има населба и некропола од доцната антика.[2]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Ќесендре“. Општина Кавадарци. Архивирано од изворникот на 14 јуни 2021. Посетено на 20 јули 2024.
  3. 3,0 3,1 Дуриданов, Иван (1996). Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. София: Македонски научен институт. стр. 173. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help)
  4. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.