Љубен Димкароски

академски музичар, поет и сликар со македонско потекло

Љубен Димкароски (Прилеп, 12 ноември 1952 - Прилеп, 12 август 2016),[1][2] — македонско-словенечки академски музичар, поет и сликар.

Љубен Димкароски
Роден 12 ноември 1952
Прилеп
Починал 12 август 2016
Љубљана
Националност Македонец
Занимање музичар, поет и сликар

Животопис

уреди

Љубен Димкароски е роден во Прилеп.

Музичко творештво

уреди

Димкароски е член е на Операта и балетот при „Словенско народно гледалишче“ од Љубљана. Како трубач, настапувал со повеќе симфониски и камерни оркестри и камерни групи, во придружба на пијано и оргули. Исто така, тој свири и на неандерталско свирче (копија на експонат направен од бутна коска на пештерска мечка со две-три дупчиња). Веќе 20 години се занимава и со хорско диригирање. Во областа на народната музика, тој најпрвин го оновал оркестарот „Струна“, кој постоел седум години и издал два албума: „Ритамот и звуците на Македонија“ и „Јасно сонце“. Во 2004 година, во Љубљана го формирал вокалниот квартет „Пела“, кој негува стари народни македонски и словенечки песни. Тој е иницијатор на прилепскиот фестивал „Маркукуле“.[3]

Поетско творештво

уреди

Димкароски е автор на збирките поезија: „Македониум“, „Чекор поблиску“ и „Пела и Македонија“. Исто така, тој е и автор на стихозбирка со 150 македонски бисери.

Сликарско творештво

уреди

Димкароски се занимавали со сликарство. Тој собирал камчиња од разни места и ги обработувал во различни форми при што изработил над 200 такви уметнички минијатури. Димкароски имал одржано над 40 самостојни изложби со своите слики и минијатури.

Награди и признанија

уреди

Димкароски е добитник на повеќе награди, меѓу кои и втората награда како трубач-солист на меѓународниот натпревар во Анкона, одржан во 1979 година, како и Југословенската награда за млади музичари, во Загреб, во 1979 година. Во 2006 година, градот Прилеп го наградил за животен придонес во културата.[3]

Наводи

уреди
  1. 10без10. „IN MEMORIAM: Почина Љубен Димкароски - прилепски музичар, поет и сликар“. 10без10. Посетено на 2018-12-04.[мртва врска]
  2. „Почина музичарот Љубен Димкароски“. Република Online. Архивирано од изворникот на 2016-10-19. Посетено на 2018-12-04.
  3. 3,0 3,1 „И од Љубљана се шири македонската песна во светот“, Дневник, година XVIII, број 5542, петок, 15 август 2014, стр. 28.