Пела (музичка група)

Пела е вокален квартет од Љубљана, Словенија.


Вокалниот квартет „Пела“ е основан во Љубљана, во 2004 година. Составот негува стари народни македонски и словенечки песни. Во групата членуваат: Љубен Димкароски, по чија иницијатива е основан квартетот, Мајда Кушар-Педирец, Метода Потолски-Кошир и Весна Младенова. Групата одржала повеќе од 300 концерти во Словенија, Хрватска, Србија, Италија, Австрија, Шпанија, Англија, Грција, Албанија и Македонија. Објавила неколку албуми со македонски и словенечки народи песни.[1]

Наводи уреди

  1. „И од Љубљана се шири македонската песна во светот“, Дневник, година XVIII, број 5542, петок, 15 август 2014, стр. 28.