Јанински Санџак
Јанински Санџак (турски: Sanjak-i Yanya) — санџак кој припаѓал на Румелискиот Пашалак во рамките на Отоманското Царство, а со реформите во 19 век, на Јанинскиот Пашалак. Градот Јанина (во денешна Грција) бил административен центар на санџакот.
Јанински Санџак | |||||
Санџак на на Отоманското Царство | |||||
| |||||
Јанински Санџак, доцен 19 век | |||||
Главен град | Јанина | ||||
Историја | |||||
- | Отоманско освојување на Јанина | 1430 | |||
- | Битка кај Бизани | 1913 | |||
Денес во | Албанија Грција |
Администрација
уредиСанџакот се состоел од следниве кази: централната каза Јанина, Ајдонат, Филат, Мегва, (сите во денешна Грција), Лесовик, Конице, Погон и Пермеди (сите во денешна Албанија)[1][2].
Од 1430 до 1670 година санџакот бил дел од Румелија[3]. Од 1670 до 1787 година, санџакот бил дел од Јанинскиот Пашалак. Во 1788 година Али-паша ја стекнал контролата врз Јанина и го споил со Трикалскиот Санџак[4]. Али-паша бил убиен во 1822 година. Во 1834 година, Махмуд Хамди-паша бил назначен да управува со Делвинскиот, Јанинскиот и Белградскиот Санџак[5]. Во 1867 година, санџакот бил споен со Белград, Ѓирокастро, Превеза и Касторија во рамките на Јанинскиот Пашалак.
За време на владеењето на Бајазит II (1481-1512), санџак-бег на Јанина бил Давуд Паша-Зиде Мустафа-бег[6].
Областа беше окупирана од грчките трупи за време на Првата балканска војна, и била вклучена во составот на Грција на мировната конференција во Лондон во 1913 година.
Наводи
уреди- ↑ H. Karpat, Kemal (1985). Ottoman population, 1830-1914: demographic and social characteristics. стр. 146. Посетено на 22 September 2011.
- ↑ Motika, Raoul (1995). Türkische Wirtschafts- und Sozialgeschichte (1071-1920). стр. 297. Посетено на 22 September 2011.
Sancaks Yanya (Kazas: Yanya, Aydonat (Paramythia), Filat (Philiates), Meçova (Metsovo), Leskovik (war kurzzeitig Sancak) und Koniçe (Konitsa)
- ↑ Haim, Abraham (1991). חברה וקהילה. стр. 31. Посетено на 22 September 2011.
large districts and sanjaks in Rumeli: Jannina Naupaktos Egripoz (Euboea) Sanjak of Jannina ...
- ↑ The biographical Dictionary of the Society for the Diffusion of Useful Knowledge, Volume 2, Issue 1. UK. 1843. стр. 141. Посетено на 22 September 2011.
To reward his services he was appointed Pasha of Trikala... At the close of the year 1788 he succeeded in obtaining the Sanjak of Janina
- ↑ sir Grenville Temple Temple (10th bart.) (1836). Excursions in the Mediterranean. стр. 277. Посетено на 23 July 2013.
Mahmood Hamdi pasha confirmed to the sanjaks of Yanina, Delvina, and Avlonia
- ↑ Prilozi za Orijentalnu Filologiju. 1962. стр. 339. Посетено на 20 September 2011.
Poznato nam je da je u doba Bajazita II njen sandžak-beg bio Davudpašazade Mustafa-beg
Извори
уреди- Birken, Andreas (1976). Die Provinzen des Osmanischen Reiches. Beihefte zum Tübinger Atlas des Vorderen Orients (германски). 13. Reichert. ISBN 9783920153568.
- Nikolaidou, Eleftheria I. (1987). „Η οργάνωση του κράτους στην απελευθερωμένη Ήπειρο (1913-1914)“ [State organization in liberated Epirus (1913-1914)]. Dodoni (грчки). Ioannina: History and Archaeology Department of the Philosophical Faculty of the University of Ioannina. 16 (1): 496–610.