Јанаково или Јанакево (грчки: Γιαννακοχώρι, Јанакохори; книжевно: Γιαννακοχώριον, Јанакохорион; до 1926 година: Γιαννάκοβο, Јанаково; книжевно: Γιαννάκοβον, Јанаковон[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Јанаково
Γιαννακοχώρι
Јанаково is located in Грција
Јанаково
Јанаково
Местоположба во областа
Јанаково во рамките на Негуш (општина)
Јанаково
Местоположба на Јанаково во општината Негуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°40′N 21°03′E / 40.667° СГШ; 21.050° ИГД / 40.667; 21.050
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаНегуш
Општ. единицаНегуш
Надм. вис.&10000000000000290000000290 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно415
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на седум километри северно од градот Негуш, на патот што води од Негуш за селото Голема Река, на надморска височина од 290 метри.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 18 квадратни километри.

Сместено е во североисточните пазувите на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла).

Историја

уреди

Селото порано било многу поголемо, но настрадало во времето на Негушкото востание, поради што голем дел од селаните се раселиле на сите страни.[3]

Селото Јанаково, како и селата од целото ова подрачје, до 1924 година било населено исклучително со македонско население.[3]

По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени понтски Грци, бегалци од Понт. Во 1928 година, Јанаково претставувало мешана населба со 17 бегалски семејства со вкупно 79 жители.[4].

Во 1926 година, името на селото било променето во Јанакохорион (Γιαννακοχώρι).

Стопанство

уреди

Поголемиот дел од обработливите површини во селото се наводнуваат од реката Голема Река, поради што е развиено овоштарството, а само на ограничени површини се сеат памук и пченица.[3]

Население

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Јанакиево (Yanakievo) било село во Воденската каза со 15 домаќинства и 70 жители.[5] Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Јанаково живееле 70 Македонци христијани.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јанакиево (Yanakievo) имало 72 Македонци.[7]

Во пописот од 1913 година било забележано со 47, а во 1920 година со 128 жители. По 1924 година тука се населиле неколку бегалски семејства (вкупно 80 бегалци), така што селото станало мешана населба, која во 1928 година била забележана со 229 жители, во 1940 година со 461, во 1951 година со 418, во 1961 година со 504, во 1971 година со 444, во 1981 година со 440, а во 1991 година со 468 жители, од кои нешто повеќе од половината Македонци.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 410 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 415 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 229 461 418 504 440 468 410 415
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Јанаково, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди
  • Кула (или Драгаца) — кула од османлиско време, прогласена за споменик на културата.[8]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιαννάκοβον - Γιαννακοχώρι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 35–36.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Македонија и Одринско. Статистика на населението од 1873 г.“ Македонски научен институт, Софија, 1995, стр. 158-159.
  6. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
  8. „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΔΙΛΑΠ/Γ/2113/43532 π.ε/11-4-1985 - ΦΕΚ 244/Β/2-5-19852“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-03-01. Посетено на 30 јуни 2018.

Белешки

уреди