Јакуб Селимоски
Јакуб еф. Селимоски (Кичево, 1946 - Истанбул, 29 март 2013) ― македонски теолог, 11-ти реис-ул-улема во периодот на СФР Југославија.
Јакуб еф. Селимоски | |
---|---|
11. Реис-ул-улема на СФРЈ | |
На должноста 1989 – 1993 | |
Претходник | Хусеин Мујиќ |
Наследник | Мустафа Цериќ |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1946 Кичево, НР Македонија, ФНРЈ |
Починал(а) | 23 март 2013 Истанбул, Турција | (возр. 66–67)
Националност | Македонец Југословен (порано) |
Народност | Македонец |
Професија | Теолог |
Вероисповед | Муслиман |
Животопис
уредиДипломирал на Гази Хусрев-беговата медреса во Сараево во 1966 година. По дипломирањето на медресата се запишува на Филолошкиот факултет - отсек ориенталистика во Белград. Подоцна ги продолжува студиите на Одделот цивилизации и култури на универзитетот Ал-Азхар во Каиро и дипломира во 1972 година. По враќањето во Исламската заедница бил назначен за верски и просветен референт, а малку подоцна и за секретар на Старешинството на Исламската заедница во Македонија.
По смртта на Бедри еф. Хамид, поранешен претседател на Старешинството на Исламската заедница во Македонија, Јакуб еф. Селимоски бил поставен за вршител на должноста претседател, а потоа од страна на Врховниот собор на Исламската заедница на СФР Југославија во 1981 година бил именуван за претседател на Старешинството на Исламската заедница во Македонија. Неговата подготвеност и организациски вештини резултирале со изградба и отворање на Иса-беговата медреса во Скопје, изградба и реновирање на бројни џамии, отпочнување на издавачка дејност и објавување на првиот верски билтен по Втората светска војна во Македонија, Ел-Хилал и промоција, како и унапредување на верската поука.
Во 1989 година Јакуб еф. Селимоски бил назначен за вршител на должноста реис-ул-улема, при што беа одржани избори на сите нивоа во Исламската заедница и биле завршени измените на Уставот на Исламската заедница. Една година подоцна, на 9 март 1991 година, со тајно гласање на седницата на Изборното тело на Реис-ул-Улема во Сараево, тој победил меѓу четворица кандидати. Неговиот избор се зема како прв слободен, демократски избор на реис-ул-улема по Втората светска војна. Ова бил и првиот и до денес единствениот реис-ул-улема кој не бил од Босна и Херцеговина. Функцијата реис-ул-улема ја извршувал за време на војните во Хрватска и Босна и Херцеговина сè до распаѓањето на Исламската заедница на СФР Југославија, односно формирањето на Обновливото собрание за Исламската заедница во Босна и Херцеговина во 1993 година.[1]
Починал на 29 март 2013 година во Истанбул, каде бил на лечење.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Sjećanje na Jakub ef. Selimoskog“. preporod.com. Архивирано од изворникот на 2019-10-26. Посетено на 2019-10-26.
- ↑ Умро реис Селимоски последњи реис Исламске заједнице СФРЈ rtv.rs
Надворешни врски
уреди- Почина Јакуб Селимовски, еден од челниците на ИВЗ Архивирано на 19 јануари 2021 г. mkd.mk
- Јакуб еф се преселил на ахирет. Архивирано на 26 октомври 2019 г. Селимоски, последниот југословенски реис Архивирано на 26. listopada 2019..