Реис-ул-улема

појаснителна страница
Дел од темата

Ислам



Историја на исламот

Верувања и обичаи

Божје единство
Вероисповед
МолитваПост
АџилакДобротворност

Главни дејци

Мухамед
АлиАбу Бакр
Дружината на Мухамед
Семејството на Мухамед
Исламски пророци

Текстови и Закони

КуранХадисШеријат
Исламско правоТеологија
Мухамедовите биографии

Гранки на исламот

СунизамШиизамСуфизам

Социополитички аспекти

АкадемциФилозофија
УметностНауки
АрхитектураГрадови
КалендарПразници
Жените во исламотВодачи
ПолитикаЏихадЛиберализам

Поврзано

Исламски лексикон
Индекс на статии за исламот

Реис-ул-улема[1] или голем муфтија (арапски: مفتي عام, muftī ʿām или арапски: كبير المفتين, kabīr al-muftīn) – врховен поглавар на исламската верска заедница во Македонија, највисок претставник на верското право во сунитските или ибадиските муслимански земји. Реис-ул-улема издава правни мислења и заповеди, т.н. фатви, на основа на толкувањата на исламските закони за приватни клиенти или за помош на судиите во решавање на случаи. Добиените мислења од реис-ул-улемата служат како драгоцен извор на информации за практичната примена на исламскиот закон како спротивност на апстрактните формулации. Фатвите на реис-ул-улемите не се задолжителни во областите на граѓанското право кои го регулираат склучувањето и разводот на брак, наследството, како ни во кривичното право.

Историја

уреди

Муфтиите се муслимански верски научници кои издаваат влијателни правни мислења (фатви) со толкување на шеријатот.[2] Османлиското Царство ја започнало праксата за давање официјално признавање и статус на еден муфтија, кој е над сите други, како реис-ул-улема.[3] Реис-ул-улемата на Цариград од крајот на 16 век добил статус на шеф на верските установи.[4] Тој бил одговорен за религиско-правните стручњаци и давал правни поуки за битни работи од државната политика, како што е рушење на владетелот од престоло.[4] Оваа пракса подоцна била преземена и приспособена во Египет во текот на 19 век.[3] Оттогаш, овој концепт се проширил и на другите муслимански држави, така што денес има 16 земји со значително муслиманско население кои имаат реис-ул-улема.[5] Односот меѓу реис-ул-улемата на која било држава и владетелот на истата може битно да се разликуваат, како од регионот, така и од историската ера.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „реис-ул-улема“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Vogel, Frank E. (1999). Islamic law and legal system: studies of Saudi Arabia. BRILL. стр. 16–20. ISBN 978-90-04-11062-5.
  3. 3,0 3,1 Vogel, Frank (1999). Islamic Law in the Modern World: Legal System of Saudi Arabia. BRILL. стр. 5. ISBN 978-9004110625.
  4. 4,0 4,1 Faroqh, Suraiya N. (ed.) (2006). The Cambridge History of Turkey: Volume 3, The Later Ottoman Empire, 1603-1839. Cambridge University Press. стр. 213. ISBN 978-0521620956.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  5. Janin, Hunt Janin; Kahlmeyer, André (2008). Islamic law: the Sharia from Muhammad's time to the present. BRILL. стр. 85. ISBN 978-9004110625.