Јазици во Белорусија

Јазиците во Белорусија е поим со кој се опфаќаат сите живи и знаковни јазици кои се зборуваат/ користат на територијата на Република Белорусија. Белорусија е официјално двојазична држава, што значи има два официјални јазика: белоруски јазик и руски јазик. Според уставот на Белорусија се гарантира зачувување на културното наследство на сите етнички малцинства во државата, вклучувајќи ги и нивните јазици. Најголеми малцински јазици се полскиот јазик и украинскиот јазик.

Белорусија Јазици во Белорусија Белорусија
Официјален јазикбелоруски јазик, руски јазик
Малцински јазикполски јазик, украински јазик
Демографија на Белорусија

Статистика

уреди

Иако доминантна етничка група во Белорусија се Белорусите, сепак доминантен јазик во државата е рускиот. За домашна употреба, околу 70% од населението на државата зборува руски (според пописот од 2009). Меѓу самите Белоруси, околу 70% од нив зборуваат руски. Исто така и Украинците и Евреите воглавно зборуваат руски. Од другата страна пак, Полјаците по дома воглавнио зборуваат белоруски (околу 41%), остатокот од Полјаците зборуваат руски и само 0.01% од нив зборуваат полски.[1]

Јазик кој се зборува по дома, % од населението на дадената етничка група[2]
етничка група население белоруски руски
вкупно 9.503.807 23.4 70.2
Белоруси 7.957.252 26.1 69.8
Руси 785.084 2.1 96.5
Полјаци 294.549 40.9 50.9
Украинци 158.723 6.1 88.4
Евреи 12.926 2.0 95.9
Белешка: Сите останати јазици кои се зборуваат во државата, а не се наведени во табелата, се зборуваат од население помалку од 10.000.

Службени јазици

уреди

Белоруски јазик

уреди

Белорускиот јазик (кирилица: беларуская мова, латиница: biełaruskaja mova) или поретко именуван како белорутенски јазик, е источнословенски јазик и мајчин јазик на Белорусите. Белорускиот јазик е службен јазик во Белорусија, каде се наоѓаат најголемиот број белоруски говорници, но јазикот се зборува и во Русија, Полска, Украина и меѓу останати белоруски заедници во дијаспората.[3] Белорускиот јазик се служи со белоруската азбука која е заснована на кирилицата, но јазикот може да се пишува и со латиничната белоруска азбука. Овој јазик го зборуваат од 4 до 9 милиони жители во светот. Белорускиот јазик споделува јазични одлики со рускиот и украинскиот јазик.

Според пописот во Белорусија од 1999 година, белорускиот јазик е „јазик кој се зборува дома“ од околу 3.686.000 белоруски граѓани или 36.7% од вкупното население.[4] Според истиот попис, 85.6% или 6.984.0000 од Белорусите се изјасниле дека белорускиот им е мајчин јазик. Според други извори, 6.715.000 луѓе во Белорусија и 9.081.102 во остатокот од светот зборуваат белоруски.[5] Според истражување извршено од белоруската влада во 2009 година, 72% од Белорусите зборуваат руски по дома, додека белорускиот се зборува од само 11.9%. Според истото истражување, 29.4% од Белорусите можат да пишуваат, читаат и зборуваат белоруски, додека остатокот можат само на читаат и зборуваат белоруски.

Руски јазик

уреди

Рускиот јазик (руски: русский язык) е еден од најраспространетите јазици во Европа и најраширениот од сите словенски јазици.

Рускиот јазик припаѓа на групата на индоевропските јазици, па затоа е поврзан со санскритот, грчкиот и латинскиот јазик, како и со современите германски јазици, романски јазици и келтски јазици, вклучувајќи го и англискиот, францускиот и ирскиот јазик. Пишани извори на руски јазик се најдени од X век.

Иако тој има зачувано од неговата синтетичко-нефлексионална структура и од заедничката словенска зборовна база, современиот руски јазик има влијанија од меѓународниот речник на политиката, науката и технологијата. Како јазик со големо политичко значење, рускиот е еден од службените јазици во ОН. Иако меѓународниот престиж на јазикот опадна по распадот на Советскиот Сојуз, позициите на рускиот јазик како лингва франка во источна Европа и северна Азија се засилени.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 2010-10-31. Посетено на 2010-10-31.
  2. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 2010-10-30. Посетено на 2010-10-30.
  3. Ethnologue.
  4. Од овие само 41.3% се Белоруси.
  5. (Johnstone and Mandryk 2001) as cited on Ethnologue.

Поврзано

уреди