Ѓурчин Кокалески

македонски преродбеник, стопанственик, кнез, политичар и писател
(Пренасочено од Ѓурчин Кокале)

Ѓурчин Илиов Кокалески наречен Ѓурчин Кокале (17751863) — еден од првите македонски преродбеници и општественици. Бил истакнат големопоседник, трговец, кнез, ктитор и писател. Автор е на првиот македонски автобиографски текст на народен јазик и словенското писмо под наслов „Наказание“.[1]

Ѓурчин Кокалески
Портрет на Ѓурчин Кокалески во МАНУ, дело на Петар Попчев
Роден(а)Ѓурчин Илиов Кокалески
1775
Лазарополе
Починал(а)1863
Лазарополе
ПочивалиштеЦрква „Св. Ѓорѓи“
НационалностМакедонец
Занимањеопштественик, големопоседник, писател
Значајни дела„Наказание“
Вераправославие
Гробот на Кокалески (најлево) заедно со оние на поп Мартин Петров Димковски, архимандрит Теофил Аврамов Жунгулоски и поп Серафим Мартинов Димковски пред црквата „Св. Ѓорѓи“.

Кокалески е роден во 1775 г. во Лазарополе. Во младоста изучил повеќе занаети, а кога почнува да се занимава со сточарство станува ќаја. Подоцна основа карашица (1801) и е меѓу првите организатори на сточарска производна задруга. Бил претставник на мануфактурната индустрија и земјиштен големопоседник, а се занимавал и со лихварство и трговија. На општествен план, бил заштитник на христијаните и борец против грчката културна доминација.

Кокалески добил прием кај султанот, од кого добил дозвола за градење црква и џамија, за постојано носење оружје и ферман со кој се уредуваат давачките во неговиот крај. Покрај тоа, зачуван е ферманот со кој добива законското право да биде кнез и воен заповедник на својот крај со цел да го штити од одметници и добива членство во покраинското собрание. Во родниот крај финансира изградба, зографисување и снабдување со црковнословенски книги на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Лазарополе, во која било основано и првото лазарополско основно училиште (1841). Гради џамија во берското село Либаново околу Солунскиот Залив, помага во обновата на манастирот „Св. Пречиста“ кај Кичево, му помага на манастирот „Св. Јован Бигорски“, како и при изградбата на храмот во с. Росоки (1836). Имал свој престол во лазарополската црква на кој редовно седел.

Починал во 1863 г. во Лазарополе и погребан во дворот до олтарот на матичната црква по барање на народот. Во мијачките песни и преданија е запаметен како јунак.

Поврзано

уреди

Библиографија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Кокалески, Ѓурчин“. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 709. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски

уреди