Петар Попчев (с. Гаково, Сомбор, 30 јуни 1954) — македонски ликовен уметник. Познат е по тоа што тој прв го има насликано големиот мијачки јунак Ѓурчин Кокале.[1]

Петар Попчев
Роден 30 јуни 1954
с. Гаково, Сомбор, СФРЈ СФР Југославија
Занимање ликовен уметник

Животопис

уреди
 
Портрет на Ѓурчин Кокалески во МАНУ, дело на Петар Попчев

Попчев е роден 30 јуни 1954 година во Сомборското село Гаково во Војводина. Средно училиште за применета уметност – отсек сликарство завршил во Скопје, кај професорите Миле Корубин и Родољуб Анастасов. Педагошка Академија во класата на Димитар Кондовски завршил во Скопје 1976 година. Ликовна Академија завршил во Приштина во класата на Муслим Муслиќи во 1979 година. Од 1977 до 1984 година работел како хонорарен иллустратор во списанието Детска Радост во Скопје, а од 1980 до 1994 година работел како ликовен педагог во средното трговско училиште во Скопје. Од 1994 година живее и работи како слободен уметник. Член е на Друштвото на ликовни уметници за применета уметност на Македонија од 1980 година. Студиски престои има остварено во Франција, Германија, Италија, Туција, Русија, Грција и др земји.

Изложби

уреди

Учествувал на триесетина групни изложби во земјава и странство и исто толку меѓународни колонии.

  • 1983 г. Карлструе, Германија – Галерија Парк
  • 1987 г. Ровињ, Хрватска – Галерија Себастијан
  • 1992 г. Скопје – Центар за култура и информации
  • 1994 г. Скопје - Галерија Парк
  • 1995 г. Скопје – Центар за култура и информации
  • 1997 г. Скопје – Музеј на Град Скопје
  • 2001 г. Струмица – Ликовна галерија Р.У.
  • 2003 г. Скопје – Музеј на Град Скопје
  • 2009 г. Софија, Р. Бугарија - КИЦ на Р Македонија
  • 2010 г. Скопје - Музеј на Град Скопје
  • 2014 г. Скопје - МАНУ[2]

Наводи

уреди
  1. Го насликав Ѓурчин Кокале измислувајќи го неговиот лик. Архивирано од изворникот на 2014-10-19. Посетено на 2014-10-16.
  2. СЛИКИ ОД ПЕТАР ПОПЧЕВ ВО МАНУ. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-10-16.

Надворешни врски

уреди