Ха Ѓин

кинеско-американски писател
(Пренасочено од Ѓин Сјуефеј)

Ѓин Сјуефеј (кинески: 金雪飞; трад. 金雪飛, пинјин: Jīn Xuěfēi) — современ кинеско - американски писател кој го користи уметничкото име Ха Ѓин (哈金, Ha Jin). "Ха" доаѓа од неговиот омилен град, Харбин. Во 1984, доаѓа во САД и започнува да пишува за Кина исклучиво на англиски јазик. Неговите дела привлекуваат големо внимание и фрлаат светло на кинеската култура и историја.

Ха Ѓин
哈金
Роден Ѓин Сјуефеј
21 февруари 1956
Љаонинг, НР Кина
Националност Американец со кинеско потекло
Занимање Писател

Роден е на 21 февруари 1956 во покраината Љаонинг, Манџурија, НР Кина. Како син на офицер, тој многу млад се приклучил на Народноослободителната армија (вооружените сили на Кина), на почетокот на Културната револуција. Кон крајот на 1977, тој започнал да го изучува англискиот јазик, а потоа и американската литература на универзитетот во Хеилунгџианг, каде дипломирал во 1981. За време на протестите на плоштадот „Тјенанмен“ во 1989 се наоѓал во САД, како стипендист на универзитетот Брандајс (Brandeis University) од 1985 година. Се откажал од плановите да се врати во Кина и решил да остане во САД со неговата жена и неговиот син. Започнал да пишува поезија и ја издал својата прва збирка во 1990. Неговиот прв роман, Во мочуриштето (In the Pond), е набрзо следен од Чекање (Waiting), роман, кој во 1999 година ќе му донесе Национална книжевна награда (National Book Award), а потоа и наградата за белетристика ПЕН/Фокнер во 2000 година. Во 2005, Ха Ѓин повторно ќе се здобие со ПЕН/Фокнер награда за неговиот роман Отпадоци од војната (War Trash). Моментално е професор на универзитетот на Бостон.