WR 137променлива Волф-Рајеова ѕвезда која се наоѓа околу 6000 светлосни години од Земјата во соѕвездието Лебед .

WR 137
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 20ч 14м &1000000000317675400000031,76754с[1]
Деклинација 36° 39′ &1000000000039601000000039,6010″[1]
Прив. величина (V) 7.91[2] (7.86 - 7.93[3])
Особености
Развојна фаза Волф-Рајеова
Спектрален тип WC7pd + O9[4]
U−B Боен показател −0,40[2]
B−V Боен показател +0,29[2]
Променлив тип WR[5]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) Рект: −2,722[6] млс/г
Дек.: −5,663[6] млс/г
Паралакса (π)0.4442 ± 0.0296[6] млс
Оддалеченост7.300 ± 500 сг
(2.300 ± 200 пс)
Апсолутна величина (MV)−5,7[7] (−4.52 + −5.25)
Орбита[7]
Период (P)4,766 ± 66
Голема полуоска (a)16 ае
Занесеност (e)0,178 ± 0,042
Наклон (i)67°
Полузамав (K1)
(главна)
27,9 ± 1,2 км/с
Полузамав (K2)
(споредна)
6,1 ± 1,3 км/с
Податоци [7]
WR
Маса4,4 ± 1,5 M
Полупречник10[4] R
Сјајност537.000[4] L
Температура56.000[4] K
O
Маса20 ± 2 M
Старост4,5[8] Мг.
Други ознаки
V1679 Cygni, WR 137, HD 191765, HIP 99769, BD+35°4001, Hen 3-1839
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
Спектар на WR 137 кој ги прикажува издвоените оддавни линии на јонизираниот јаглерод и хелиум

WR 137, заедно со WR 134 и WR 135, е една од трите ѕвезди во Лебед забележана во 1867 година кои имаат невообичаени спектри коисе состојат од изразени оддавни линии, наместо нормални непрекинати линии на и линии на впивање. Ова се првите членови на класата на ѕвезди наречени Волф-Рајеови (WR ѕвезди) по Чарлс Волф и Жорж Раје, кои го забележале нивниот необичен изглед.[9] Таа е член на јаглеродната секвенца на WR ѕвезди, што укажува на недостаток на азотни линии и изразена оддавноср на јаглеродот. WR 137 има спектар со оддавност C III послаба од C IV и O V, што доведува до определување на спектрален тип WC7. Во спектарот, исто така, се забележани оддавни линии на He II и O IV .[10]

WR 137 е двоен систем, со придружник од главната низа од спектрален тип О9 или џиновски придружник. Двете ѕвезди орбитираат со орбитален период од тринаесет години во благозанесена орбита, и постои изразено создавање на прашина во близина на периастронот. Наклоноста на орбитата е непозната, најверојатно близу 67 °, но некои анализи укажуваат на вредности од околу 23 °. Ѕвездата од спектрален тип О е визуелно посветла и помасивна, но WR ѕвездата доминира во спектарот и има повисока болометриска сјајност.

WR 137 е на околу еден степен подалеку од WR 135 и се верува дека двете ѕвезди се наоѓаат на приближно исто растојание од Земјата во рамките на ѕвезденото здружение Лебед OB3.[11] Нејзините особини се непознати поради присуството на топол прозрачен придружник. Псевдо-комбинираниот спектар дава температура од 56.000 К, сјајност од 537,000 L, и полупречник од 10 R. Потипичен полупречник за WC7 ѕвезда би бил 4.5 R, што укажува на повисока температура.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Van Leeuwen, F. (2007). „Validation of the new Hipparcos reduction“. Astronomy and Astrophysics. 474 (2): 653. arXiv:0708.1752. Bibcode:2007A&A...474..653V. doi:10.1051/0004-6361:20078357.
  2. 2,0 2,1 2,2 Ducati, J. R. (2002). „VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Photometry in Johnson's 11-color system“. CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues. 2237. Bibcode:2002yCat.2237....0D.
  3. Alfonso-Garzón, J.; Domingo, A.; Mas-Hesse, J. M.; Giménez, A. (2012). „The first INTEGRAL-OMC catalogue of optically variable sources“. Astronomy & Astrophysics. 548: A79. arXiv:1210.0821. Bibcode:2012A&A...548A..79A. doi:10.1051/0004-6361/201220095.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Sander, A.; Hamann, W.-R.; Todt, H. (2012). „The Galactic WC stars. Stellar parameters from spectral analyses indicate a new evolutionary sequence“. Astronomy & Astrophysics. 540: A144. arXiv:1201.6354. Bibcode:2012A&A...540A.144S. doi:10.1051/0004-6361/201117830.
  5. Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
  6. 6,0 6,1 6,2 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
  7. 7,0 7,1 7,2 Lefèvre, L.; Marchenko, S. V.; Lépine, S.; Moffat, A. F. J.; Acker, A.; Harries, T. J.; Annuk, K.; Bohlender, D. A.; Demers, H.; Grosdidier, Y.; Hill, G. M.; Morrison, N. D.; Knauth, D. C.; Skalkowski, G.; Viti, S. (2005). „Spectroscopic study of the long-period dust-producing WC7pd+O9 binary HD192641“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 360: 141. arXiv:astro-ph/0504475. Bibcode:2005MNRAS.360..141L. doi:10.1111/j.1365-2966.2005.09017.x.
  8. Smith, L. F.; Meynet, G.; Mermilliod, J.-C. (1994). „Improved bolometric corrections for WR stars from cluster membership and evolutionary models“. Astronomy and Astrophysics. 287: 835. Bibcode:1994A&A...287..835S.
  9. Murdin, P. (2001). „Wolf, Charles J E (1827-1918)“. The Encyclopedia of Astronomy and Astrophysics. стр. 4101. Bibcode:2000eaa..bookE4101.. doi:10.1888/0333750888/4101. ISBN 0333750888.
  10. Hiltner, W. A.; Schild, R. E. (1966). „Spectral Classification of Wolf-Rayet Stars“. Astrophysical Journal. 143: 770. Bibcode:1966ApJ...143..770H. doi:10.1086/148556.
  11. Gervais, Simon; St-Louis, Nicole (1999). „A Large H I Shell surrounding the Wolf-Rayet Star HD 191765“. The Astronomical Journal. 118 (5): 2394. Bibcode:1999AJ....118.2394G. doi:10.1086/301065.

Надворешни врски

уреди