I'm Not Dead

албум од Пинк

I'm Not Dead е четвртиот студиски албум на американската пејачка Пинк. Албумот е издаден на 4 април, 2006 година во САД, со цел да се совпадне со издавањето на деби албумот на Пинк, Can't Take Me Home, кој бил издаден шест години претходно за да има успех на музичките табели.

„I'm Not Dead“
Студиски албум од Пинк
Издаденмарт 31 2006 (2006-03-31)
Снимен2005
ЖанрПоп рок
Траење54:07
Издавачка куќаLaFace
ПродуцентМакс Мартин, Били Мен, МакоПсајхо, Кристофер Ројас, Бач Валкер, Лукас Готвалд, Џош Абрахам, Пинк (exec.)
Пинк — Хронологија
Try This
(2003)
I'm Not Dead
(2006)
Funhouse
(2008)
Издадени песни од I'm Not Dead
  1. "Stupid Girls"
    Издадена: 7 февруари, 2006
  2. "Who Knew"
    Издадена: 8 мај, 2006
  3. "U + Ur Hand"
    Издадена: 28 август, 2006
  4. "Nobody Knows"
    Издадена: 20 ноември, 2006
  5. "Dear Mr. President"
    Издадена: 21 декември, 2006
  6. "Leave Me Alone (I'm Lonely)"
    Издадена: 12 март, 2007
  7. "'Cuz I Can"
    Издадена: 4 октомври, 2007

Оригинално наречен Long Way To Happy и закажан за издавање на 20 септември, 2005,[1] насловот на албумот бил променет со цел да се означи враќањето на Пинк, а датумот на издавање бил одложен поради непознати причини.

Пред да се издаде I'm Not Dead се појавил контроверзбиот водечки сингл, „Stupid Girls“, кој се искачил на 13 место на Билборд Хот 100, а музичкото видео за песната, режирано од Дејв Мејерс, добило VMA за Најдобро Поп Видео.

Вториот и третиот сингл, „Who Knew“ и „U + Ur Hand“, се искачиле на 9 место на Хот 100 Табелата, секој од нив продал преку еден милион копии и добил платинска сертификација од RIAA, со што повторно се зацврсти кариерата на Пинк во САД и со тоа албумот повторно се вратил на Билборд табелите, после неколкумесечните борби на Пинк со слабите продажби на нејзините албуми. Песните како „Nobody Knows“, „Leave Me Alone (I'm Lonely)“, „Dear Mr. President“ и „'Cuz I Can“ станале регионални синглови и го повториле успехот на претходните синглови без некое извонредно место на табелите.

Албумот го означува враќањето на Пинк по сиромашниот комерцијален и критички успех на нејзиниот претходен албум, Try This. I'm Not Dead добил Платина во неколку региони вклучувајќи ги и САД, Канада и Франција и постигнал вртоглав успех во Австралија, каде добил 11x Платина и се издвоиле Топ 5 хитови од албумот на Табелата за Синглови ARIA. Биле продадени 6,500,000 копии до почетокот 2010. Албумот бил повторно издаден под името I'm Not Dead - Platinum Edition, со бонус песни, ремиксови и ДВД.

Заднина

уреди

Пинк рекла дека го нарекла албумот I'm Not Dead бидејќи „е за тоа да се биде жив и енергичен, а не секогаш да замолчуваш иако луѓето би го сакале тоа од тебе“;[2] таа рекла дека дошло од „будењето“ и „беше добро да чувствуваш повторно ... Јас наполнив дваесет и пет и на еден начин се разбудив и сфатив дека имам многу за учење, а претходно мислев дека знам сè. Тоа дефинитивно е голем дел од насловот.“[3] Според Пинк, таа не очекувала да биде многу емотивно вклучена во изработка на албумот бидејќи искуството во правењето на нејзиниот последен албум, Try This (2003), била „исрпна“, но таа била „принудена да биде емотивно вклучена“ од страна на нејзините соработници, како Били Ман. „Претпоставувам дека бев на место каде почувствував дека можам нешто да му додадам на светот“, рекла таа. „Се чувстувам како да има дупка, а јас знам како да ја пополнам, луѓето веќе не зборуваат лошо. Само се чувствував креативно и навистина емоционално, па на крајот излезе одлично.“[3] Според Пинк, таа напишала повеќе од четириесет песни.[4] На 4 декември, 2007, било издадено издание на албумот наречено I'm Not Dead: Platinum Edition.[5]

Список на песни

уреди
  • Сите песни се напишани од Пинк, а дополнителните текстописци се напишани подолу.
Песна Текстописец Должина
1. Stupid Girls Били Мен, Робин Мортенсен Рич 3:17
2. Who Knew Макс Мартин, Лукас Готвалд 3:28
3. Long Way to Happy Бач Валкер 3:49
4. Nobody Knows Били Мен 3:59
5. Dear Mr. President (со Indigo Girls) Били Мен 4:33
6. I'm Not Dead Били Мен 3:46
7. 'Cuz I Can Макс Мартин, Лукас Готвалд 3:43
8. Leave Me Alone (I'm Lonely) Бач Валкер 3:18
9. U + Ur Hand Макс Мартин, Лукас Готвалд, Рејми Јакуб 3:34
10. Runaway Били Мен 4:23
11. The One That Got Away Били Мен 4:42
12. I Got Money Now Мајк Елизондо 3:55
13. Conversations With My 13 Year Old Self Били Мен 3:50
14. Fingers (International bonus track) Били Мен, Ројас 3:44
15. I Have Seen The Rain Џејмс Т. Мур 3:30

Ограничено Издание Бонус ДВД

уреди
ОК дупол дикс
  1. Целиот албум во 5.1 Surround Sound & Enhanced Stereo
  2. Преглед на Live in Europe Concert DVD
  3. Интервју со Пинк
  4. Пинк Презентира: Глупавите девојки
  5. „Stupid Girls“ музичко видео
  6. „Stupid Girls“ извадоци
Австралиско турнејско издание
  1. „Stupid Girls“ – Видео
  2. „Who Knew“ – Видео
  3. „U + Ur Hand“ – Видео
  4. „Nobody Knows“ – Видео
  5. „Dear Mr. President“ – Ѓиво
  6. „Leave Me Alone (I'm Lonely)“ – Live
  7. „Stupid Girls“ – Правење
  8. „U + Ur Hand“ – Правење
Платинско издание во САД
  1. „Stupid Girls“ – Правење на Видеото
  2. „U + Ur Hand“ – Правење на Видеото
  3. „Stupid Girls“ – Видео
  4. „U + Ur Hand“ – Видео
  5. „Who Knew“ – Видео
  6. „Nobody Knows“ – Видео
  7. „Dear Mr. President“ – Видео
  8. „U + Ur Hand“ - Настап во Живо
  9. „Who Knew“ - Настап во Живо
  10. „Just Like a Pill“ - Настап во Живо
  11. „Dear Mr. President (featuring Indigo Girls)“ - Настап во студиото

Наводи

уреди
  1. http://tehparadox.com/forum/f117/pink-im-not-dead-%5Bflac%5D-573615/
  2. "Pink: Singing With Dad Was 'Awesome'". CBS News. July 12, 2006. Retrieved March 30, 2007.
  3. 3,0 3,1 Kalow, Natalie. "P!nk 'I'm not dead' Interview" Архивирано на 26 септември 2007 г.. GenerationQ. Retrieved May 31, 2007.
  4. McLean, Craig. "Pink: The outspoken pop star on fame and growing up" Архивирано на 18 февруари 2007 г.. The Independent. March 25, 2006. Retrieved March 30, 2007.
  5. "I'm Not Dead (Deluxe Edition)". Amazon.com. Retrieved November 7, 2007.

Надворешни врски

уреди