Risk
Risk е осмиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth, издаден во 1999 г. Ова впрочем е и последниот албум на групата кој бил издаден под капата на Капитол Рекордс. Ова остварување значело и крај на соработката со долгогодишниот гитарист Марти Фридмен, кој поради несогласувања со Мастејн околу музичката насока по која би требало да се движи бендот ќе побара разделба.
„Risk“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум од Megadeth | ||||
Издаден | 31 август, 1999 г. | |||
Снимен | јануари – април 1999 г. Нешвил | |||
Жанр | Хард рок, хеви метал | |||
Траење | 52:34 66:31 (ремикс) | |||
Издавачка куќа | Капитол | |||
Продуцент | Ден Хаф, Дејв Мастејн | |||
Megadeth — Хронологија | ||||
|
Насловот е инспириран од една изјава на Ларс Улрих од Металика, кој вели дека Мегадет „мораат да ризикуваат со смена на нивниот стил ако сакаат да се пробијат на глобално ниво“, како во случајот со Металика. Оваа ненадејна промена за Мегадет беше меч со две острици. Иако добија слушаност на ТВ и радио станиците, загубија голем дел од верните обожаватели, кои биле длабоко разочарани од ова ЦД. И музичката јавност го протолкува овој пресврт во нивната кариера како фијаско и тотален неуспех. Во едно интервју, Мастејн ќе потенцира дека овој албум добро би поминал на музичкиот пазар доколку не го носел името Мегадет.[1][2]
Имено, од овој албум се објавени три синглови, сите поткрепени со видео записи. Првиот и носечки, „Crush 'Em“, се смета за спортска химна, во која се говори за борба во арената и мелење на противникот. Вториот синг, „Breadline“, ја раскажува приказната за сиромашен човек и нарко-зависник кој се бори за гола егзистенција. Оваа песна не е балада, но е исклучителна и многу трогателна со својата светла мелодија. „Insomnia“ е трета и последна објавена песна од оваа плоча, а нејзината тематика, како што говори и самиот наслов, се проблемите со спиење. Како што ќе открие и самиот Мастејн во една прилика, оваа песна на некој начин ги содржи неговите сопствени проблеми со несоница по долгите вечерни журки и забави.
Овој албум доживеал аудио ремикс во 2004 г. како дел од желбата на Мастејн за комплетна ревизија на целокупниот дотогашен музички каталог на Мегадет. Песните се со подобрена продукција и звучност, а како бонус се додадени три од постоечките синглови, но дигитално преработени од страна на различни диџеи.
Професионални оценки | |
---|---|
Прегледни резултати | |
Извор | Оценка |
Allmusic | [3] |
Entertainment Weekly | B−[4] |
Metal Forces | 6/10[5] |
The Rolling Stone Album Guide | [6] |
Piero Scaruffi | 5/10[7] |
Sputnikmusic | 3.5/5 |
Список на песни
уредиСите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн. Марти Фридмен се потпишува како соавтор на музиката во нумерите 2 до 9, додека Дејвид Елефсон е соавтор на текстот во траките 10 и 11.
Бр. | Наслов | Текст | Музика | Траење |
---|---|---|---|---|
1. | „Insomnia“ (4:16 на реизданието од 2004) | 4:34 | ||
2. | „Prince of Darkness“ | Мастејн, Марти Фридмен | 6:26 | |
3. | „Enter the Arena“ (0:44 на реизданието од 2004) | Мастејн, Бад Преџер | 0:52 | |
4. | „Crush 'Em“ | Мастејн, Преџер | Мастејн, Фридмен | 4:58 |
5. | „Breadline“ | Мастејн, Преџер | Мастејн, Фридмен | 4:24 |
6. | „The Doctor Is Calling“ | Мастејн, Преџер | Мастејн, Фридмен | 5:40 |
7. | „I'll Be There“ (5:13 на реизданието од 2004) | Мастејн, Преџер | Мастејн, Фридмен | 4:20 |
8. | „Wanderlust“ (5:48 на реизданието од 2004) | Мастејн, Фридмен | 5:22 | |
9. | „Ecstasy“ | Мастејн, Фридмен | 4:28 | |
10. | „Seven“ (4:46 на реизданието од 2004) | Мастејн, Дејвид Елефсон | 5:01 | |
11. | „Time: The Beginning“ | Мастејн, Елефсон | 3:05 | |
12. | „Time: The End“ (2:41 на реизданието од 2004) | 2:26 | ||
Вк. траење: |
52:36 |
Јапонското издание со бонус нумери | ||||
---|---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текст | Музика | Траење |
13. | „Duke Nukem химна“ | (инструменталка) | Ли Џексон | 3:54 |
Реизданието од 2004 | ||||
---|---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текст | Музика | Траење |
13. | „Insomnia“ (микс на Џеф Болдинг) | 4:19 | ||
14. | „Breadline“ (микс на Џек Џозеф) | Мастејн, Преџер | Мастејн, Фридмен | 4:28 |
15. | „Crush 'Em“ (микс на Јокс) | Мастејн, Преџер | Мастејн, Фридмен | 5:10 |
Специјално издание („No Risk Disk“) | ||||
---|---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текст | Музика | Траење |
1. | „Peace Sells“ | 4.04 | ||
2. | „In My Darkest Hour“ | Мастејн, Елефсон | 6:20 | |
3. | „Holy Wars... The Punishment Due“ | 6:36 | ||
4. | „Symphony of Destruction“ | 4:06 | ||
5. | „À Tout le Monde“ | 4:31 | ||
6. | „Use the Man“ | Мастејн, Фридмен | 4:37 |
Наводи
уреди- ↑ All Music „Критички осврт на Risk“ Album Review
- ↑ Metal Storm „Критички осврт на Risk“ Album Review
- ↑ Huey, Steve. „Risk (2004 Remix/Remaster) - Megadeth“. Allmusic. Посетено на 17 October 2011.
- ↑ Morgan, Laura (1 October 1999). „Risk Review“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2014-07-31. Посетено на 11 November 2012.
- ↑ Arnold, Neil. „Megadeth: Risk“. Metal Forces. Посетено на August 8, 2013.
- ↑ Brackett, Nathan; Christian Hoard (2004). The Rolling Stone Album Guide. New York City, New York: Simon and Schuster. стр. 534. ISBN 0-7432-0169-8.
- ↑ Scaruffi, Piero (1999). „Megadeth“. pieroscaruffi.com. Посетено на August 6, 2013.