Use the Man вториот сингл на Мегадет од албумот Cryptic Writings, официјално издаден во 1998 година. Песната се пласирала на 15. место на Билборд табелата за рок нумери. Во прилог се изјавите на членовите од бендот во врска со песната:

„Use the Man“
Сингл од Мегадет
од албумот Cryptic Writings
Издаден 1998
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 1996
Жанр Хеви метал
Должина 4:04
Издавачка куќа Капитол
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Мегадет
Almost Honest
(1997)
Use the Man
(1998)
A Secret Place
(1998)

Познавав еден тип кој живееше близу до мене. Пишуваше и компонираше одлични песни, имаше зацртано големи планови за иднината. Но по една доза хероин, несреќно почина.

—Дејв Мастејн

Имавме пријател од Феникс (Аризона) кој им помагаше на зависниците од хероин. Еден негов пациент починал од таа дрога и тој ни ја раскажа неговата приказна.

—Дејвид Елефсон[1]

Почетната идеја за песнава беше на Мастејн. Воведот многу потсетува на песната „Needles and Pins“ од 60-тите, но текстот крие уникатна порака. Според мене еден од класиците од каталогот на Мегадет. Преку оваа нумера им покажавме на обожавателите колку сме созреале како бенд изминативе години.

—Марти Фридмен[2]

Список на песни на винил изданието уреди

  1. „Use the Man“ (скусена верзија) - 4:04
  2. „Use the Man“ - 4:35

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

Поврзано уреди