Дејв Мастејн
Дејв Мастејн (англиски: Dave Mustaine) е гитарист, пејач и автор на поголемиот дел од песните на треш метал бендот Megadeth. Пораснал во калифорниските предградија, а бил и поранешен член на Metallica. Се смета за еден од пионерите на треш металот.[1]
Дејв Мастејн | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Дејвид Скот Мастејн |
Роден(а) | 13 септември 1961, Ла Меса, Калифорнија САД |
Жанрови | Треш метал, хеви метал, спид метал |
Занимања | Гитарист, музичар, композитор |
Инструменти | Гитара, вокал, пијано |
Период на активност | 1981 - денес |
Мреж. место | официјалното мрежно место на Мегадет |
Значајни инструменти | |
Jackson Guitars |
Роден е 1961 година во Ла Меса, Калифорнија. Кога неговите родители се развеле, тој неговата младост ја поминал заедно со неговата мајка и сестра му оддалечувајќи се од неговиот татко. На неговата 15 годишна возраст, Дејв изнајмил свој стан кој го плаќал со парите од продавање на дрога. Некаде околу 1970 година Дејв започнува да свири електрична гитара повеќе позната како „B.C. Rich“, и бил член на групата „Panic“ за кратко време, кога се одлучил да ја прифати понудата на Ларс Улрих како водечки гиратист во групата Metallica, каде останува некаде околу 2 години. Заедно со Ларс и бендот ги напишал песните The Four Horsemen, Jump in the Fire, Phantom Lord, Metal Millitia, Ride the Lightning, The Call Of Ktulu, кои се нашле на првите два албуми на Металика. Неговите проблеми со дрогата и алкохолот беа пресудни за неговото отпуштање од бендот.[2]
Во 1983 г. заклучил дека неговата цел во животот е да направи бенд кој би бил поуспешен од Металика. Тогаш тој го сретнал Дејвид Елефсон, бас гитарист со кој ја формираат групата Megadeth. Двајцата одлучуваат во групата да ги примат Грег Хандевит за гитарист и Дижон Карутерс како тапанар. Во 1985 г. Megadeth го пуштиле во продажба нивниот прв албум Killing Is My Business... and Business Is Good!, со кој се здобиле со голема популарност во Америка. Megadeth подоцна станал еден од предводниците на екстремниот метал во САД, па и пошироко во светот. Тие се активни и ден денес.[3]
Наводи
уреди- ↑ All Axess - Куса биографија на Дејв Мастејн
- ↑ Metallica World - Зошто Мастејн се раздели со Металика?
- ↑ „Ultimate Guitar - Приказната за Дејв Мастејн“. Архивирано од изворникот на 2010-08-26. Посетено на 2012-09-16.
Надворешни врски
уреди„Дејв Мастејн“ на Ризницата ? |