Symphony of Destruction“ е песна од хеви метал бендот Мегадет, издадена како сингл од нивниот студиски албум Countdown to Extinction. Тектот е политички обоен, а во него се зборува за држава која е водена од страна на невидлива и марионетска влада.[1] Песната е напишана и компонирана од вокалот и гитарист на бендот, Дејв Мастејн. Од нејзиното објавување па до денес, композицијата уживала значајна радио и ТВ промоција, што придонело да стане една од најпознатите песни на Мегадет.[2][3][4]

„Symphony of Destruction“
Сингл од Megadeth
од албумот Countdown to Extinction
Издаден јуни 1992
Вокал(и) Дејв Мастејн
Текстописец Дејв Мастејн
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 6 јануари - 28 април 1992
Жанр Хеви метал
Должина 4:07
Издавачка куќа Капитол
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Макс Норман и Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Megadeth
Hangar 18
(1990)
Symphony of Destruction
(1992)
Foreclosure of a Dream
(1992)

Музичката критика позитивно ја оценила нумерата,[5] а бил снимен и видео запис под режисерската палка на Вејн Ишам. Спотот бил доста емитуван на англиската МТВ, но поради контроверзниот текст и насилната содржина на филмскиот запис спотот постепено бил испуштан од списокот на песни за емитување.[6] На спотот секој член свири поединечно, додека во останатиот дел на црно-бела слика е прикажано убиството на политички кандидат, што подоцна предизвикало масовни протести и безредија.[6][7] Со текот на времето, песната била активно присутна во медиумите, а била и преработена од повеќе рок состави.

Список на песни

уреди
  1. „Symphony of Destruction“ - 4:02
  2. Peace Sells“ (во живо) (снимено за време на турнејата Clash of the Titans, на стадионот Вембли, октомври 1990)

Пласман на табелите

уреди
Табела Највисоко
место
Билборд Хот 100 (САД)[8] 71
Рок нумери (САД)[8] 29
Канада[9] 91
Ирска[10] 14
Нов Зеланд [11] 15
Велика Британија [12] 15

Музички персонал

уреди

Наводи

уреди
  1. „Symphony of Destruction Info“. rockmetal.art.pl. Архивирано од изворникот на 2019-12-16. Посетено на 2010-03-19.
  2. „Megadeth > Charts and Awards > Billboard Singles“. Allmusic.com. Посетено на 2009-01-05.
  3. „Top 100 Singles“. Chartsstats.com. Архивирано од изворникот 2012-05-30. Посетено на 2008-11-27.
  4. „Megadeth Discography“. Australians-chart.com. Архивирано од изворникот 2012-05-30. Посетено на 2008-07-31.
  5. „Symphony of Destruction Review“. Metal Archives.com. 2007-04-22. Посетено на 2010-10-15.
  6. 6,0 6,1 „Exposure of a Dream“. The Realms of Deth.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2010-10-15.
  7. „Megadeth - Symphony Of Destruction (Broadcast Music Video)“. Youtube.com. 2007-08-18. Посетено на 2010-10-15.
  8. 8,0 8,1 „Megadeth > Charts & Awards > Billboard Singles“. Allmusic. Macrovision. Посетено на 5 јануари 2009.
  9. „Top 100 Singles“. RPM. Library and Archives Canada. 56 (13). 26 септември 1992. Архивирано од изворникот (DjVu) на 2012-10-06. Посетено на 27 ноември 2008.
  10. „Search the Charts“. The Irish Charts. Irish Recorded Music Association. Посетено на September 5, 2008.
  11. „New Zealand singles chart“. charts.org.nz. Архивирано од изворникот на 2012-04-19. Посетено на March 6, 2010.
  12. „Megadeth - UK Singles & Albums Chart Archive“. Chart Stats. Архивирано од изворникот 2012-05-30. Посетено на January 5, 2009.

Надворешни врски

уреди

Поврзано

уреди