So Far, So Good... So What!

(Пренасочено од In My Darkest Hour)

So Far, So Good… So What! е третиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Издаден бил во 1988 г. во издаваштво на Капитол Рекордс. Во 2004 бил реиздаден со четири ремиксувани песни. Ова е единственото издание на бендот на кое се појавуваат Џеф Јанг и Чак Белер. По промотивната турнеја на албумот, тие си заминале од групата.

„So Far, So Good... So What!“
Студиски албум од Megadeth
Издаден19 Јануари, 1988 г.
Снимен1987 г.
ЖанрТреш метал
Траење34:42
54:20 (ремикс)
Издавачка куќаКомбат, Капитол
ПродуцентДејв Мастејн, Пол Лени
Megadeth — Хронологија
Peace Sells... but Who's Buying?
(1986)
So Far, So Good... So What!
(1988)
Rust in Peace
(1990)

На овој диск се наоѓа една од првите песни кои воопшто ги напишал Мастејн, а тоа е втората нумера „Set The World Afire“. Тоа била првата негова песна која ја составил по напуштањето на Металика, а во едно интервју открил дека ја компонирал додека бил во автобусот со кој си заминувал дома.

In My Darkest Hour“ е балада посветена на Клиф Бартон, кој бил колега на Мастејн од времето кога тој бил во Металика. Бартон починал во сообраќајна несреќа една година пред објавувањето на албумот. Ова е исто така последниот албум на Мегадет на кој била поставена преработена верзија од некоја постара песна на друг музичар.

 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 2.5/5 ѕвездички[1]
Robert Christgau B−[2]
Rolling Stone 3/5 ѕвездички[3]
Sputnikmusic 3/5[4]

Список на песни

уреди

Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, додека Дејвид Елефсон помогнал со текстот во нумерите 4 и 6, а напишал и дел од музиката за траките 7 и 8.

Бр. НасловТекстМузика Траење
1. „Into the Lungs of Hell“ (инструментална)   3:23
2. „Set the World Afire“     5:48
3. „Anarchy in the U.K.“ (преработка на Секс Пистолс)РотенРотен, Џонс, Матлок, Кук 3:01
4. Mary Jane“  Мастејн, Елефсон  4:25
5. „502“     3:29
6. In My Darkest Hour(6:26 на реизданието од 2004)Мастејн, Елефсон  6:20
7. Liar“   Мастејн, Елефсон 3:20
8. Hook in Mouth“   Мастејн, Елефсон 4:49
Вк. траење:
34:42
Бонус песни од 2004
Бр. НасловТекстМузика Траење
9. „Into the Lungs of Hell“ (микс на Пол Лени)   3:32
10. „Set the World Afire“ (микс на Пол Лени)   5:53
11. „Mary Jane“ (микс на Пол Лени)Мастејн, Елефсон  4:08
12. „In My Darkest Hour“ (микс на Пол Лени)Мастејн, Елефсон  6:11

Наводи

уреди
  1. Allmusic review
  2. Robert Christgau Consumer Guide
  3. „Rolling Stone review“. Архивирано од изворникот 2007-10-01. Посетено на 2007-10-01.
  4. Stagno, Mike (25 April 2007). „Megadeth - So Far, So Good... So What! (staff review)“. Sputnikmusic. Посетено на 15 July 2012.