Insomnia е песна од Мегадет, објавена како втор сингл од студискиот албум Risk. На ре-изданието од албумот направено во 2004 г. била поставена и ремиксуваната верзија од песнава, под продукција на Џеф Болдинг, која била со исто времетраење. Синглот се искачил на 26-тото место на американската топ список на рок нумери.

„Insomnia“
Сингл од Мегадет
од албумот Risk
Издаден летото 1999 г.
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 1999 г.
Жанр Хард рок
Должина 4:16
Издавачка куќа Капитол
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Дејв Мастејн и Ден Хаф
Хронологија на синглови на Мегадет
Crush 'Em
(1999)
Insomnia
(1999)
Breadline
(2000)

Видео спотот бил во режија на Лен Визман, а бил снимен во 1999 г. На филмскиот запис не се појавува никој од членовите на бендот, туку се прикажува една мачка како лови стаорец, слично како и омотот на синглот, додека во позадина оди песната.[1]

Коментари од бендот во врска со песната уреди

Мислам дека ова е нешто на што луѓето нема да се надеваат. Добив инспирација од англиските техно бендови, но песната исто така е и доста тврда. Во песната се зборува за феноменот инсомнија, но истовремено таа е и на некој начин моја биографска песна, особено за мојот живот во 80-тите. Секој којшто се забавувал до доцните вечерни часови може да се пронајде во оваа композиција.

Дејв Мастејн, 1999 г.[2]

Бев на едно предавање по психологија додека престојував во Нешвил, и бев изненаден кога дознав дека инсомнија не е појава кога не можеш да заспиеш, туку кога не можеш да имаш подолг сон. Тоа ме потсети на времето кога земав таблети за спиење, колку ми беше тешко да заспијам и колку ме болеа очите. Се чувствував празно, сум го сетил тоа на своја кожа што значи оти голем дел од песната е вистинит.

Дејв Мастејн, 1999 г.[2]

Необичниот почеток на песната е всушност последниот дел кој го снимивме. Тоа воедно беа и последните ноти кои ги отсвирев за Мегадет. Оваа трака е во целост огледало на карактерот на Мастејн. Исто така бев импресиониран од новитетите и модерниот звук кој ги воведе продуцентот Ден Хаф.

Марти Фридмен, 2002 г.[2]

 
Иронично, Мастејн својот најголем кошмар го преточил во убава песна - чаша со логото на Мегадет

Список на песни уреди

  1. „Insomnia“ (радио верзија) – 4:16
  2. „Insomnia“ (студиска верзија) – 4:34

Музички персонал уреди

Наводи уреди

  1. „Crush 'Em“. MTV. MTV Networks. 8 август 1999. Посетено на 6 јануари 2009.
  2. 2,0 2,1 2,2 http://megadeth.rockmetal.art.pl/lyrics_risk.html#Insomnia

Надворешни врски уреди

Поврзано уреди