Breadline е песна на Мегадет од нивниот осми студиски албум Risk. Подоцна бил направен ремикс од овој сингл, кој бил наменет за јапонскиот музички пазар.[1]

„Breadline“
Сингл од Мегадет
од албумот Risk
Издаден 16 февруари 2000
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 1999
Жанр Хард рок
Должина 4:23
Издавачка куќа Капитол
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Дејв Мастејн и Ден Хаф
Хронологија на синглови на Мегадет
Insomnia
(1999)
Breadline
(2000)
Moto Psycho
(2001)

Оваа песна не е класична балада, но сепак е доста уникатна поради нејзината лесна мелодија, за разлика од останатата дискографија на Мегадет. Во текстот се говори за сиромашен човек, без никаков имот и парични средства. Од текстот исто така дознаваме дека бил зависник од кокаин. Бил снимен и видео запис, кој не се нашол на ДВД изданието Arsenal of Megadeth.

Breadline е и насловот на еден мини албум од Мегадет, кој првично не бил издаден во САД. Денес може да се најде во некои музички продавници, а достапен е и на iTunes. Дискот содржи и двете верзии од оваа композиција, плус 4 ремиксувани песни од претходните албуми.

Марти Фридмен (кој заедно со Мастејн ја создал песната), ја вклучил на својот соло албум Future Addict, издаден 2008 г. Неговата верзија е доста потешка и подинамична.

Список на песни

уреди

Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, додека Марти Фридмен се потпишува како соавтор на музиката од нумерите 1, 2 и 5.

  1. Breadline (скратена верзија) – 4:01
  2. Breadline (стандардна верзија) – 4:29
  3. Insomnia (ремикс) – 4:53
  4. Symphony of Destruction (ремикс) – 9:52
  5. Crush 'Em (ремикс) – 5:10
  6. Holy Wars... The Punishment Due (ремикс) – 4:57

Коментари од бендот во врска со песната

уреди
 
Задната страна од мини албумот

Breadline ме потсетува на времето кога Елефсон и јас се возевме низ улицата каде се наоѓаше народната кујна. Ги гледавме сиромасите како чекаат во ред со нивните бонови во рака. Чудно, но имаа насмевки на лицата, како воопшто да немаат никакви проблеми. Веројатно нивните умови отрпнале од преголемиот глад и консумирањето дрога и алкохол.

Дејв Мастејн, 1999 г.[2]

Оригиналната верзија на песната премногу ме потсетуваше на I Love Living in the City. Текстот беше многу лош. Многу се разликуваше од тој на албумот. На крајот композицијата испадна добра бидејќи на некој начин им помогнавме на младите деца-бездомници од Америка. Навистина кул работа.

Дејв Мастејн, 2001 г.[2]

Музички персонал

уреди

Наводи

уреди
  1. „Мегадет – Breadline – Видео запис, преслушување & статистика на“. Last.fm. 11 февруари 2009. Посетено на 14 август 2011.
  2. 2,0 2,1 Коментар на Мастејн во врска со песната

Надворешни врски

уреди

Поврзано

уреди