Телевизија
Телевизија — познат телекомуникациски медиум за испраќање (емитување) и примање слики, тие можат да бидат и монохроматски („црно бели“/еднобојни) или во боја, обично овиее слики се придружени со звук. „Телевизија“ може да се однесува и на направата која се користи за гледање телевизија, телевизорот. Зборот доаѓа од помешано латински и грчки, што значи „далекувид“: грчки tele (τῆλε), далеку, и латински visio, вид (од видео, vis- да видиш или да видиш во прво лице).
Браун HF 1, Германија, 1958 г. | |
Изумител | Фило Фарнсворт Владимир Зворикин Џон Логи Берд |
---|---|
Излегол | 1923 |
Достапен? | Ширум светот |
Постои аналогна и дигитална телевизија.
Историја на телевизијата
- 1884 г.-Нипковиот диск е изум на германецот Паул Нипков (1860-1940). Вртечкиот диск претходно е во катодна цевка.
- 1897 г.-Катодната цевка е изум на германскиот физичар Карл фердинанд Браун (1850-1918). Таа е претходник на современата цевка во приемникот.
- 1926 г.-Џон Логи Берд (1888-1946), шкотски пронаоѓач, приредил прва демонстрација на телевизијата, прикажувајќи ги првите човечки лица кои можеле да се разпознаат.
- 1929 г.-ББЦ (Бритиш Броадкестинг Корпорејшн) во доцните ноќни часови ги емитува 30-линиските слики на Берд.
- 1930 г.-Звукот е додаден на сликите на Берд.
- 1932 г.-Првата практична телевизиска камера ја прикажал Американецот со руско потекло Владимир Козма Зворикин (1889-1982). За разлика од Бердовата механичка, неговата била во целост електронска.
- 1950 г.-Телевизија во боја воспоставува американската компанија CBS.
- 1954 г.-Основана е Евровизијата со цел промовирање на телевизијата во Европа.
- 1960-1961 г.-Целосно транзисторирана телевизија првпат е воведена во САД.
- 1962 г.-Први прекуокеански слики се пренесени во живо преку комуникацискиот сателит Телстар, кој го лансира НАСА.
- 1970 г.-Директен пренос од сателит со висока телевизиска дефиниција (HDTV) го оствари јапонската телевизиска мрежа NHK.
- 1973 г.-Кифекс, информативен систем кој се служи со резервни линии од 625-линискиот телевизиски систем (телетекст) воспоставен е во Британија.
- 1979 г.-Прв редовен систем за емитување преку сателит (DBS) е воведен во Канада. За прием на емисии потребна е антена.
- 1979 г.-Џепен телевизор е изум на јапонската компанија Мацушита. Телевизорот не е поголем од видео-касета.
- 1980 г.-CNN (кабловска мрежа за вести) званично почнала да функционира од јуни. Оваа американска ТВ станица преку сателит праќа непосредни извештаи од кризните подрачја во светот.
- 1981 г.-Камкордер револуционерно го менува телевизиското новинарство.
- 1991 г.-Хај-вижн, телевизија со висока дефиниција, осум часа на ден ја емитува јапонската NHK.
- 1999 г.-Дигиталната ТВ овозможува значително зголемување на бројот на канали.
Social aspects and effects on children Main article: Social aspects of television
Улога во социјализацијата и промени кај децата
Телевизијата изигра важна улога во социјализацијата во 20 и 21 век. Има многу истражувања во кои телевизијата е внесена како причина , вклучувајќи го насилството предизвикано од содржината на медиумите.
Промени кај околината
Во време кога старите CRT телевизори содржат големо количество на олово , додека новите LCD и плазма телевизори содржат жива , има голема загриженост за отпадот од отфрлените вакви уреди но и зголемената потребна од електрична енергија.
Телевизијата како тема во уметноста и во популарната култура
- „Филм на телевизија“ — расказ на српскиот писател Давид Албахари.[1]
- „Последниот канал“ (италијански: L'ultimo canale) — расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[2]
- „Исповед на еден телевизор“ — расказ од истоимената збирка на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[3]
- Телевижн (англиски: Television) — американска рок-група, основана во 1973 година.[4]
- „ТВ забава“ (англиски: TV Party) — песна на американската панк хард-кор група Блек флег (Black Flag) од 1981 година.[5]
- „ТВ-екран“ (англиски: TV Screen) — песна на Горан Бреговиќ од 1993 година.[6]
- „Телевизијата, дрога за народот“ (англиски: Television, The Drug Of The Nation) — песна на американската рап-група The Disposable Heroes Of Hiphoprisy од 1992 година.[7]
- „Легс Лари во телевизискиот центар“ (англиски: Legs Larry At Television Centrer) — песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1972 година.[8]
- „Нема гомна на телевизија вечерва“ (англиски: There Ain't Shit On TV Tonight) — песна на американската рок-група Минитмен (Minutemen) од 1984 година.[9]
- „ТВ жртва“ (англиски: TV Casualty) — песна на американската панк-рок група Мисфитс (The Misfits).[10]
- „Таа го гледа каналот нула?!“ (англиски: She Watch Channel Zero?!) — песна на американската рап-група Паблик енеми (Public Enemy) од 1988 година.[11]
- „Телевизори“ — песна на хрватската рок-група Прљаво казалиште.[12]
- „ТВ-око“ (англиски: T.V. Eye) — песна на американската рок-група Стуџис (The Stooges) од 1970 година.[13]
- „Јас сум зависник од телевизија“ (англиски: I'm Telly Addict) — песна на британската панк-рок група Тој долс (The Toy Dolls).[14]
- „Телевизиски човек“ (англиски: Television Man) — песна на американската рок-група Токинг хедс (Talking Heads) од 1985 година.[15]
- „Си имам кола и телевизор“ (англиски: I've got my car and my TV) — песна на германската рок-група Фауст.[16]
- „Тоа го видов на телевизија“ (англиски: I Saw It on T.V.) песна на американскиот рок-пејач Џон Фогерти (John Fogerty) од 1985 година.[17]
Поврзано
Наводи
- ↑ Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 125-131.
- ↑ Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 113-119.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 9-11.
- ↑ Discogs, Television (пристапено на 9.4.2024)
- ↑ Black Flag, Damaged. SST Records CD 007.
- ↑ DISCOGS, Goran Bregović – Arizona Dream (Original Motion Picture Soundtrack) (пристапено на 19.8.2020)
- ↑ Discogs, The Disposable Heroes Of Hiphoprisy – Hypocrisy Is The Greatest Luxury (пристапено на 8.10.2021)
- ↑ John Cale – The Academy In Peril (пристапено на 19.5.2022)
- ↑ Discogs, Minutemen – Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)
- ↑ Discogs, The Misfits* – Static Age (пристапено на 28 јануари 2021)
- ↑ DISCOGS, Public Enemy – It Takes A Nation Of Millions To Hold Us Back (пристапено на 25.8.2019)
- ↑ Novi val osamdesetih, City records, CD 000 395, 2005.
- ↑ DISCOGS, The Stooges – Fun House (пристапено на 9.7.2019)
- ↑ Toy Dolls – We're Mad! (The Anthology) (пристапено на 26.12.2023)
- ↑ Talking Heads, Little Creatures, Cai 9144, Jugoton.
- ↑ Two Classic Albums from Faust, Collectors' Choice Music, CCM-179-2, 2000.
- ↑ YouTube, John Fogerty Centerfield Full album vinyl LP (Original release, including Zanz Kant Danz) (пристапено на 5.7.2017)
Оваа статија за телевизија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |