R Златна Рипка
R Златна Рипка (лат. R Doradus) или HD 29712 — променлив црвен џин од типот мирида во далечното јужно соѕвездието Златна Рипка, иако навидум изгледа како да е поблиска до соѕвездието Мрежичка. Оддалечена е 178 ± 10 сг (55 ± 3,1 пс) од Земјата.[1] Има рамномерен дисков пречник од 0,057 ± 0,005 лсек,[8] и се смета за ѕвезда со најголема привидна величина гледана од Земјата веднаш по нашето Сонце (кое, сепак, е неспоредливо поблиску до нас). Се проценува дека R Златна Рипка има пречник од 515 ± 70 милиони километри (3,46 ае) или 370 ± 50[7] пати поголем од оној на Сонцето. Доколку ја ставиме оваа ѕвезда во средината на нашиот Сончев Систем, во неа би се содржела орбитата на Марс и најголемиот дел од главниот астероиден појас.
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Златна Рипка |
Ректасцензија | 04ч 36м [1] | 45,59.127с
Деклинација | −62° 04′ [1] | 37,7.974″
Прив. величина (V) | 4,8 - 6,6[2] 5.40[3] |
Особености | |
Спектрален тип | M8IIIe |
Привидна ѕвездена величина (J) | -2,6[4] |
Привидна величина (K) | -4,2[4] |
U−B Боен показател | +0,86[1] |
B−V Боен показател | +1,58[1] |
Променлив тип | мирида |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | +26,1[5] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: -69,36[1] млс/г Дек.: -75,78[1] млс/г |
Паралакса (π) | 18.31 ± 0.99[1] млс |
Оддалеченост | 178 ± 10 сг (55 ± 3 пс) |
Податоци | |
Маса | 1,2[6] M☉ |
Полупречник | 370 ± 50[7] R☉ |
Сјајност | 6.500 ± 1400[7] L☉ |
Температура | 2.740 ± 190[7] K |
Вртење | 340 дена |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Видливата величина на R Златна Рипка изнесува 4,8 до 6,6, што значи дека е одвај забележлива со голо око, но гледана преку инфрацрвена светлина претставува една од најсјајните ѕвезди на нашето небо, со вкупна сјајност 6500 ± 1400 пати поголема од онаа на Сонцето.[9] Со величина од −2.6 во речиси инфрацрвениот појас J,[4] единствена посјајна ѕвезда од неа е Бетелгез со −2,9.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 van Leeuwen, F. (ноември 2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357
- ↑ „GCVS Query=R Dor“. General Catalogue of Variable Stars @ Sternberg Astronomical Institute, Moscow, Russia. Посетено на 2012-08-22.
- ↑ Nicolet, B. (1978). „Photoelectric photometric Catalogue of homogeneous measurements in the UBV System“. Astronomy and Astrophysics Supplement Series. 34: 1–49. Bibcode:1978A&AS...34....1N.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 doi:10.1086/498708
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ Wilson, Ralph Elmer (1953). General Catalogue of Stellar Radial Velocities. Washington: Carnegie Institution of Washington. Bibcode:1953QB901.W495.....
- ↑ Jacob, A. P.; и др. (March 2004), „Multiwavelength visibility measurements of Miras: observations of R Dor and R Leo with MAPPIT“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 349 (1): 303–312, Bibcode:2004MNRAS.349..303J, doi:10.1111/j.1365-2966.2004.07503.x
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Bedding, T. R.; и др. (April 1997), „The angular diameter of R Doradus: a nearby Mira-like star“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 286 (4): 957–962, arXiv:astro-ph/9701021, Bibcode:1997MNRAS.286..957B, doi:10.1093/mnras/286.4.957
- ↑ Richichi; Percheron, I.; Khristoforova, M. (February 2005), „CHARM2: An updated Catalog of High Angular Resolution Measurements“, Astronomy and Astrophysics, 431: 773–777, Bibcode:2005A&A...431..773R, doi:10.1051/0004-6361:20042039
- ↑ European Southern Observatory (11 март 1997). "The Biggest Star in the Sky". Соопштение за печат. посет. 5 септември 2006 г Архивирано на 21 мај 2008 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-05-21. Посетено на 2022-10-09.
Надворешни врски
уреди- R Златна Рипка на Ризницата ?
- Златна Рипка (R Doradus) Архивирано на 26 август 2006 г.— Свинберн (англиски)
- 3µ-спектар на R Златна Рипка гледан од ISO-SWS (англиски)