Каталог на ѕвезди-водилки
Каталог на ѕвезди-водилки (англиски: Guide Star Catalog или GSC) наречен и Основен каталог на вселенскиот телескоп „Хабл“ (Hubble Space Telescope, Guide Catalog HSTGC) — ѕвезден каталог составен според наодите на вселенскиот телескоп „Хабл“ со одредишта на ѕвезди вон оската. GSC-I содржи околу 20.000.000 ѕвезди со привидна величина од 6 до 15. а GSC-II опфаќа 945.592.683 ѕвезди со величина до 21. Колку што е можно се изземаат двојни ѕвезди и неѕвездени тела како неподобни за набљудувачкиот апарат „Сетилник за уточнето водење“[1]. Ова е првиот целосен ѕвезден каталог наменски предвиден за наведување и пловидба по вселенскиот простор.[2]
Формат на каталогот
уредиСекој запис во каталогот се наведува по форматот GSC FFFFF-NNNNN,[3] или GSCfffff0nnnnn (fffff0nnnnn). Низата со букви F се однесува на Хабловиот код на дадено небесно подрачје.
Каталог на ѕвезди-водилки II
уредиВо 2008 г. е издадено значајно проширување на каталогот, наречено „Каталог на ѕвезди-водилки II“ (Guide Star Catalog II или GSC-II). Составен е од одделението за каталогизација и попис на Институтот за вселенскиот телескоп (Space Telescope Science Institute). Содржи записи за 945.592.683 ѕвезди, со положби, класификации и величини на 455.851.237 од нив. Најновата преработка (2.3.2) е во активна употреба за уточнето насочување на вселенскиот телескоп „Хабл“.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ анг. Fine Guidance Sensor
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „Dictionary of Nomenclature of Celestial Objects: Result of query: info cati GSC$“. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 2009-09-12.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
Надворешни врски
уреди- Портал на GSC I и GSC II (англиски)
- GSC II (англиски)