Мајбах

(Пренасочено од Maybach)

Мајбах-Моторенбау д.о.о. (герм. Maybach-Motorenbau GmbH) — компанија основана од Вилхелм Мајбах и неговиот син Карл, бил германски производител на мотори за цепелини и подоцна големи луксузни автомобили. Компанијата влече корени од фирмата Дајмлер-Моторен-Гезелшафт (Дајмлер) дотолку што нејзиниот основач бил технички директор таму. Денес, компанијата е сместена во Штутгарт, а марката ја поседува ДајмлерКрајслер. Во периодот помеѓу 1921 и 1940 г. ова фирма произведувала разни модели на луксузни класични возила.

Знакот на Мајбах
Знакот на Мајбах

За време на Втората светска војна, фирмата почнала да произведува мотори за разни воени возила и оклопни возила како Панцер IV, Тигар I и Пантер.

Мајбах исто така поризведувал дизел мотори за поморски и железнички превоз. Некои од познатите дизел локомотиви со нивни мотори се германската V200 и Британска железница класа 52, т.н. „Westerns“.

Во 1960 год, Дајмлер-Бенц го купува големиот дел од акциите на Мајбах. Шест години подоцна, Мајбах-Моторенбау се спојува со гранката за тешки мотори на Дајмлер-Бенц заедно оформуваат нова компанија со име Мајбах Мерцедес-Бенц Моторенбау д.о.о. Во 1969 г. пак, оваа фирма станува МТУ Фридрихсхафен.

Мајбах 57

Мајбах повторно заживеал како марка во раните 2000-ти под водство на Мерцедес-Бенц со производствотона нов модел во две варијации - Мајбах 57 и 62 (броевите ја означуваат должината на автомобилите во дециметри). Нивната цена се движи од 305,000 до 357,000 УСД и се наменети како конкуренти на Бентли и Ролс-Ројс. Во 2005 е додаден новиот 57S, со помоќен мотор и спортска козметика.

Класични модели

уреди
 
Мајбах DS8 Цепелин

Современи модели

уреди

Тенковски мотори

уреди

Надворешни врски

уреди

Македонски

уреди

Странски

уреди