Азиска бубамара

(Пренасочено од Harmonia axyridis)
Азиска бубамара
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Coleoptera
Семејство: Coccinellidae
Род: Harmonia
Вид: H. axyridis
Научен назив
Harmonia axyridis
(Pallas, 1773)
Синоними
  • Anatis circe Mulsant, 1850
  • Coccinella bisexnotata Herbst, 1793
  • Leis axyridis (Pallas) Mulsant, 1850
  • Ptychanatis axyridis (Pallas) Crotch, 1874
  • Coccinella axyridis Pallas, 1773

Азиска бубамара (Harmonia axyridis), позната и како харлекин, разнобојна азиска бубамара, е голема бубачка од семејството бубамари. Ова е еден од најразновидните видови во светот, со исклучително широк спектар на бои.[1] Потекнува од источна Азија, но вештачки е донесен во Северна Америка и Европа заради контрола на лисните вошки. Распространета е исто така во Африка и низ Јужна Америка.

Опис

уреди

Азиската бубамара е типична бубамара според формата и структурата. Може да биде од 5,5–8,5 мм во големина, а по боја е портокалова или црвена, со црни точки од 0 до 22 со променлива големина. Другите вообичаени форми се рамномерно црни со, соодветно, со две или четири црвени ознаки. Долната страна е темна со широка црвеникаво-кафеава граница.

Сепак се евидентирани и бројни други форми. Екстремните форми може да бидат целосно црни, или да содржат комплексни модели на црна, портокалова и црвена боја.

Големината на овој вид обично е прва индикација за нејзината идентификација.[2][3] И покрај варијациите, овој вид генерално не се преклопува со други видови, освен во необележаните портокалови или црвени форми. Во Европа таа е слична на многу помалата десетточкаста бубамара (Adalia decempunctata), додека во Америка е слична на две други бубамари. Кога е тешко да се идентификува, долната страна обично овозможува сигурен заклучок.[1] Идентификацијата е едноставна за вообичаените форми, додека за поретките видови може да потрае подолго за да се идентификуваат.[4] Тие секогаш имаат црвеникаво-кафени нозе, а на долната страна на стомакот се кафеави.[5]

Опсег

уреди

Азиската бубамара живее во источна Азија, од централниот дел на Сибир, Казахстан и Узбекистан на запад, преку Русија јужно од Хималаите и источно до тихоокеанскиот брег и Јапонија, вклучувајќи ги Кореја, Монголија, Кина и Тајван. Како незаситен грабливец, се смета за биоконтрола на лисните вошки. Поради ова, азиската бубамара била внесувана во оранжерии, на земјоделски полиња и во градини во многу земји, вклучително и САД и делови од Европа. Овој вид веќе живее во САД, Канада, Аргентина, Бразил, Италија, Велика Британија, Данска, Шведска, Норвешка, Финска, Холандија, Белгија, Израел, Луксембург, Франција, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Полска и Јужна Африка.[5]

Размножување во светски рамки

уреди

Овој вид се смета за еден од најинвазивните во светот на инсектите,[6][7] делумно и заради нивната тенденција да ги гризат луѓето. Во Европа во моментот се зголемува бројот на азиските бубамари на штета на домашните видови, а нивната исхрана дури содржи и други бубамари. Оваа бубамара е исто така многу отпорна на болести кои влијаат врз другите видови бубамари и носи еден вид паразит на кој таа е имуна, но може да ги зарази и да ги убие другите видови. Домашните видови бубамари доживеале често драматични опаѓање во бројот на единки во областите зафатени од азиската бубамара.[8]

Пријавени се штети на овошје и грозје[9] во Ајова, Охајо, државата Њујорк, и Онтарио,[10] односно загаденоста на грозјето од оваа бубамара го менува вкусот на виното.[11]

Биологија и однесување

уреди

Азиската бубамара не е активна во постудени месеци, но се движи секогаш кога температурата ќе достигне околу 10 °C (50 °F). Бубачките користат пукнатини и други ладни, суви, и затворени простории за да ја поминат зимата, но значителен број може да се соберат во sидовите, доколку постоие доволно голем отвор.

Овие бубачки користат феромони за да си сигнализираат едни на други, и се собираат во големи групи, што често се гледа на есен.

Тие честопати се собираат на сончеви области заради топлина, па дури и во прилично студени зимски денови, некои бубачки ќе се „разбудат“ заради греење на сонцето. Бројноста може да биде проблематична, бидејќи тие можат да формираат рој и да лебдат на подрачје подолго време. Овие бубачки во групи остануваат во горните агли на прозорците, и исто така, се покажало дека ги привлекуваат темни материјали заради неговата апсорпција на топлина. Оваа бубамара има добар вид, се враќа на локација од која е отстранета, и се знае дека може да касне ако е испровоцирана.[12]

Контрола

уреди

Истражени се бројни методи за контрола во областите каде што е донесена оваа бубамара и предизвикува закана за природните видови и биолошката разновидност, како и за индустријата на грозје. Методи на контрола вклучуваат инсектициди, стапици, отстранување на бубамарите и механичко спречување да влезат во зградите.[13] Методите кои се испитуваат вклучуваат употреба на природни паразити и патогени микроорганизми, вклучително и употреба на паразитски сексуално преносливи грини и габични заболувања.[14]

Најдобрите методи за справување со азиската бубамара во приватни домови се затворање на отворите низ кои може да влезат.[15] Нивно собирање во правосмукалка е еден од начините,[16] а создадена е и стапица дизајнирана за домашна употреба која ги привлекува бубамарите со светло и ги запечатува торба. Но, бидејќи бубамарите не се посебно привлечени кон светлината, оваа стапица не е многу корисна.

Биохемија

уреди

Азиската бубамара лачи голем број на одбранбени соединенија, од кои едното, (9Z, 17R) -9-октадекен-1,17-диамин (хармонин) е изолирана од хемолимфата. Пријавено е дека оваа молекула има антимикробно дејство со широк спектар што вклучува човечки патогени. Антибактериската активност е најизразена против брзорастечките микобактерии и микобактериум туберкулоза, и исто против видови отпорни на хлорохин.[17]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Adalia, Field Guide to Ladybugs of North America on the App Store“. App Store. Посетено на 10 March 2018.
  2. „Harlequin Ladybird Survey - Recognition and Distinction“. www.harlequin-survey.org. Архивирано од изворникот на 2011-11-08. Посетено на 10 March 2018.
  3. „Species Harmonia axyridis - Multicolored Asian Lady Beetle - BugGuide.Net“. bugguide.net. Посетено на 10 March 2018.
  4. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-05-09. Посетено на 2014-05-12.
  5. 5,0 5,1 „The Harlequin Ladybird Survey“. July 20, 2009. Архивирано од изворникот на November 30, 2012. Посетено на July 3, 2010.
  6. „Harlequin Ladybird Survey - Origins“. www.harlequin-survey.org. Архивирано од изворникот на 2019-02-18. Посетено на 10 March 2018.
  7. Yong, Ed (2013). „Invasive ladybird has biological weapon“. Nature. doi:10.1038/nature.2013.13011. Посетено на 10 March 2018.
  8. Russell F. Mizell III (2007). „Impact of Harmonia axyridis (Coleoptera: Coccinellidea) on native arthropod predators on pecan and crape myrtle“. Florida Entomologist. 90 (3): 524–536. doi:10.1653/0015-4040(2007)90[524:IOHACC]2.0.CO;2. ISSN 0015-4040. JSTOR 4494179. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-18. Посетено на 2020-02-19.
  9. „Multicolored Asian Lady Beetle“ (PDF). Посетено на 2015-04-03.
  10. Betty Summerhayes (July 6, 2007). „OMAFRA Achievements in Crop Technology 2007“. Government of Ontario. Архивирано од изворникот на January 16, 2009. Посетено на June 24, 2011.
  11. Gary Pickering; James Lin; Roland Riesen; Andrew Reynolds; Ian Brindle; George Soleas. „Influence of Harmonia axyridis on the sensory properties of white and red wine“. American Journal of Enology and Viticulture. 55 (2): 153–159.
  12. „Multicolored Asian Ladybeetle (Harmonia axyridis)“. Архивирано од изворникот на 2010-06-09. Посетено на 2010-06-26.
  13. Marc Kenis; Helen E. Roy; Renate Zindel; Michael E. N. Majerus (2008). „Current and potential management strategies against H. axyridis (PDF). BioControl. 53 (1): 235–252. doi:10.1007/s10526-007-9136-7.
  14. Helen Elizabeth Roy; Peter M. J. Brown; Peter Rothery; Remy L. Ware; Michael E. N. Majerus (2008). „Interactions between the fungal pathogen Beauveria bassiana and three species of coccinellid: Harmonia axyridis, Coccinella septempunctata and Adalia bipunctata in: From Biological Control to Invasion: the Ladybird Harmonia axyridis as a Model Species“. BioControl. 53 (1): 265–276. doi:10.1007/s10526-007-9122-0.
  15. „USDA site“. Ars.usda.gov. Архивирано од изворникот на 2010-07-20. Посетено на 2010-07-03.
  16. „Ohio State University Extension Fact Sheet“. Ohioline.osu.edu. Посетено на 2017-04-29.
  17. Christian Rene Röhrich; Che Julius Ngwa; Jochen Wiesner; Henrike Schmidtberg; Thomas Degenkolb; Christian Kollewe; Rainer Fischer; Gabriele Pradel; Andreas Vilcinskas (21 September 2011). „Harmonine, a defence compound from the harlequin ladybird, inhibits mycobacterial growth and demonstrates multi-stage antimalarial activity“. Biol. Lett. 8 (2): 308–311. doi:10.1098/rsbl.2011.0760. PMC 3297383. PMID 21937493.

Надворешни врски

уреди