Хармонија (род)
(Пренасочено од Harmonia (род))
Хармонија | |
---|---|
Азиска бубамара, Harmonia axyridis | |
Harmonia testudinaria | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Coleoptera |
Семејство: | Coccinellidae |
Потсемејство: | Coccinellinae |
Род: | Harmonia Mulsant, 1846 |
Синоними | |
Хармонија е род од бубамари кои припаѓаат на под-семејството коксинелина (Coccinellinae).
Опис
уредиЧесто е многу тешко да се разликуваат одделните видови во рамките на родот, а во некои случаи бара испитување на репродуктивниот систем. Бојата и точките на бубамарите од родот хармонија се многу различни, не само помеѓу видовите, туку и во рамките на секој вид. Основната боја е обично црвена до портокалова со црни точки. Точките може да се поврзат заедно и да формираат црни линии. Видот може да достигне должина од 3 до 7 мм. Антените се малку пократки од главата и се составени од единаесет сегменти. Трите последни сегменти се задебелени на врвот.
Список на видови
уреди- Harmonia axyridis (Палас, 1771) - азиска бубамара, со потекло од Непал, Кина, Тајван, Јапонија, донесена и во Западна Европа и Америка
- Harmonia antipoda (Боисдувал, 1835) - ендемска за Нов Зеланд
- Harmonia basinotata (Биелавски, 1964) - Нова Гвинеја
- Harmonia bicolor (Блекбрн, 1892) - Австралија
- Harmonia conformis (Боисдувал, 1835) - обична забележана бубамара, Австралија, донесена и во Нов Зеланд
- Harmonia dimidiata (Фабрициј, 1781) - Индија, Пакистан, Непал, Бутан, Кина, Тајван, Јапонија ; донесена и во Северна Америка
- Harmonia dunlopi (Кроч, 1874) - Индија, Малезија, Филипини
- Harmonia eucharis (Мулсант, 1850) - Индија, Пакистан, Мјанмар, Непал, Хималајскиот регион, Јужна Кина
- Harmonia expallida (Ваиз , 1907) - Индија
- Harmonia octomaculata (Фабрициј, 1781) - Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш, Шри Ланка, Микронезија, Австралија
- Harmonia quadripunctata (Понтопидан, 1763) - Европа
- Harmonia sedecimnotata (Фабрициј, 1801) - Индија, Непал, Југоисточна Азија
- Harmonia testudinaria (Мулсант, 1850) - Индонезија, Нова Гвинеја, Северна Австралија
- Harmonia uninotata (Биелавски, 1964) - Нова Гвинеја
- Harmonia yedoensis (Такизава, 1917) - Јапонија
Надворешни врски
уреди„Хармонија (род)“ на Ризницата ? |
- Биолиб
- Каталог на животот
- Фауна Европа Архивирано на 4 март 2016 г.