Бубамари

семејство тврдокрилни инсекти
(Пренасочено од Coccinellidae)
Бубамара
Coccinella magnifica
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Coleoptera
Подред: Polyphaga
Натсемејство: Cucujoidea
Семејство: Coccinellidae
Latreille, 1807 [1]
Потсемејства [1]

Бубамари (Coccinellidae) е раширено семејство на мали инсекти кои се со големина од 0,8-18 мм.[3] Овие инсекти не се класифицирани како полутврдокрилци.[4]

Поголемиот дел од видовите, генерално, се сметаат за корисни инсекти, затоа што ги ловат тревопасните еднаквокрилци како што се лисните вошки, кои се земјоделски штетници. Многу видови на бубамари ги ставаат своите јајца директно во колониите на лисните вошки и други инсекти, со цел да се осигурат дека нивните ларви ќе имаат непосреден извор на храна.[5] Бубамарите од потсемејство Epilachninae се земјоделски штетници, бидејќи се тревопасни, што значи дека јадат лисја од жито, компири, грав и разни други култури, а нивниот број може да се зголеми експлозивно во години кога бројот на нивните природни непријатели е намален. Во такви ситуации, тие можат да предизвикаат големи штети на земјоделските култури.

Потекло на поимот

уреди

Латинското име коцинелиди (coccinellids) е изведено од латинскиот збор coccineus што значи „скарлетно“.[6] Англиското име е „ladybird“ потекнува од Велика Британија, каде што инсектите станале познати како „птица на нашата дама“.[7][8] Богородица често е прикажана облечена во црвена наметка на првите слики, а точките на седумточкестата бубамара (која е најчеста во Европа) се вели дека ги симболизираат седумте радости и седумте таги.[9] Во Соединетите држави, името на оваа бубачка е „ladybug“.

Опис

уреди

Бубамарите често се видливо обоени жолто, портокалово или црвено со мали црни точки на крилцата, со црни нозе, глави и антени. Сепак, постои голема варијација во боите. На пример, некои видови, како што е Vibidia duodecimguttata, дванаесетточкест забележан вид, имаат белузлави дамки на кафеава позадина. Бубамарите ги има ширум светот, и опишани се над 6.000 видови.[10][11]

 
Clitostethus arcuatus ларва, кукла и возрасни единки

Повеќето бубамари имаат кружни до елипсовидни тела во форма на купола, со шест кратки нозе. Во зависност од видот, тие можат да имаат точки, ленти или воопшто да немаат обележување. Седумточкестите бубамари се црвени или портокалови со три точки од секоја страна и по една во средина; имаат црна глава со бели точки од секоја страна.

Освен вообичаените жолти и темноцрвени бои, многу видови бубамари се претежно, или во целост, црни, темносиви, сиви или кафеаво по боја, и може да им биде тешко на не-ентомолозите воопшто да ги препознаваат како бубамари. Спротивно на тоа, не-ентомолозите може лесно да згрешат со многу други мали бубачки, за кои ќе претпостават дека се бубамари. Погрешно идентификување се случува посебно доколку се забележани бубачки во црвена, портокалова или жолта и црна боја. Примери за ова има многу.

Заеднички мит, сосема неоснован, е дека бројот на точки на грбот на инсектот укажува на нејзината возраст.[12][13] Всушност, основната шема и бојата ги одредува видот и генетиката на бубачката. Кај некои видови, бубачката го има крајниот изглед во времето кога излегува од фазата кукла, но во повеќето случаи може да се потребни неколку дена за да созрее и да се стабилизира бојата на возрасната бубачка.

Paraplectana tsushimensis е азиски пајак што личи на бубамара.

Биологија и живеалиште

уреди
 
Основна анатомија на бубамара

Бубамарите се најпознати како грабливци. Еден род на мали црни бубамари, (Stethorus), се специјализирани за ловење на грини, особено пајаци грини (од видот Tetranychus). Тие се природни грабливци на низа сериозни штетници, како што е на пример европскиот пченкарен молец, кој ја чини американската земјоделска индустрија повеќе од една милијарда американски долари годишно во загуби на земјоделски култури и контрола на населението.[14][15]

Различни поголеми видови на бубамари напаѓаат гасеници и ларви на други бубачки. Неколку родови се хранат со разни инсекти или нивните јајца; на пример, јајцата и ларвите на молци, ларвите и јајцата на другите бубамари, од својот или од други видови. Како семејство, бубамарите се сметале за чисто месојадни,[16] но сега се знае дека се сештојадни отколку што се сметаше претходно. Покрај пленот што го сакаат, повеќето грабливи бубамари вклучуваат и други производи во исхраната, вклучувајќи мед, полен, нектар и разни габи. Значењето на ваквата исхрана сè уште се истражува и се дискутира меѓу научниците.[17]

За некои видови бубамари се смета дека оставаат неоплодени јајца заедно со оплодените, очигледно за да обезбедат резервен извор на храна за ларвите кога ќе се изведат. Односот на неплодни и плодни јајца зависи од недостигот на храна за време на положувањето на јајцата.[18]

Некои видови бубамари се тревопасни животни и можат да бидат многу деструктивни земјоделски штетници.

 
Група бубамари во Колорадо Спрингс, Колорадо

Главните непријатели на бубамарите обично се птиците, но тие се плен и на жаби, оси, пајаци и вилински коњчиња. Светлите бои на бубамарите обесхрабруваат некои потенцијални грабливци да не ги јадат. Овој феномен е наречен апосематизам.

Бубамарите во умерените региони влегуваат во дијапауза во текот на зимата, така што тие често се меѓу првите инсекти што се појавуваат во пролетта. Некои видови (на пр. Hippodamia convergens) се собираат во групи и се префрлаат на повисоки места, како што е планина, за да влезат во дијапауза.

Повеќето бубамари ја минуваат зимата како возрасни, собирајќи се на јужните страни од големи објекти, како што се дрвја или куќи во текот на зимските месеци.[19]

Грабливите бубамари обично може да се најдат на растенија каде ќе се појави нивниот плен. Тие ги оставаат своите јајца блиску до својот плен, за да ја зголемат веројатноста ларвите лесно да го пронајдат пленот. Во зависност од достапноста на ресурсите, ларвите поминуваат низ четири фази во текот на 10-14 дена, по што се јавува фазата кукла. По периодот екдиза кој трае неколку дена, возрасните стануваат репродуктивно активни. Вкупниот животен век на бубамарите е просечно една до две години.[20]

Односи со луѓето

уреди

Наезди

уреди
 
Бубамари на сува гранка

Во Северна Америка, бубамарите обично започнуваат да се појавуваат во затворени простории на есен кога ги напуштаат своите летни места за хранење во полиња, шуми и дворови, и бараат место за да ја поминат зимата. Обично, кога температурите се топли во доцните попладневни часови (околу 18 °C), по периоди на постудено време, бубамарите може да се видат на ѕидови или во згради осветлени од сонцето. Куќите или другите згради близу полиња или шуми се особено склони кон наезда.[21]

По невообичаено долг период на топло, суво време во летото 1976 година во Велика Британија, значително се зголемил бројот на бубамари, при што имало и бројни извештаи на луѓе дека се каснати од бубамарите.[22][23]

Како инвазивен вид

уреди

Видот наречен харлекин бубамара (Harmonia axyridis) е пример за тоа како бубачката може да биде делумно добредојдено и делумно штетно. Таа била доведена во Северна Америка од Азија во 1916 година за контрола на лисните вошки, но сега е најчестиот вид, надминувајќи многу од домашните видови.[24] Оттогаш се проширила во поголемиот дел од западна Европа, а од 2004 година и во Велика Британија.[25] Кога овој вид бубамара се размножил во делови од Африка, се покажал како штетник за земјоделските култури.[26]

Во културата

уреди

Многу култури сметаат дека бубамарите носат среќа и имаат изрази или песнички во кои се опева ова верување. На пример, турското име за бубамара буквално значи „бубачка за среќа“ (uğur böceği).

Бубамарите се симбол на книгите „Ladybird“ (дел од групацијата „Пингвин“).[27][28]

Бубамарите се усвоени и како маскота на Канданчи,[29] ски-центар на шпанските Пиринеи.

Бубамарата како моти во книжевноста

уреди
  • „Што ли бара Буба Мара“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[30]
  • „Лиле и лет-лет Мара“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[31]

Бубамарата како мотив во популарната музика

уреди
  • „Бубамара“ (англиски: Lady Bird) - песна на американското дуо Ненси Синатра (Nancy Sinatra) и Ли Хејзелвуд (Lee Hazlewood) од 1968 година.[32]
  • „Бубамара“ (снглиски: Lady Bird) - песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1993 година.[33]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Coccinellidae Latreille, 1807“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 24 July 2012. (англиски)
  2. „Wikispecies: Microweiseinae“. 2012. Посетено на 9 March 2013.
  3. Seago, A. E.; Giorgi, J. A.; Li, J.; Ślipińskia, A. (July 2011). „Phylogeny, classification and evolution of ladybird beetles (Coleoptera: Coccinellidae) based on simultaneous analysis of molecular and morphological data“. Molecular Phylogenetics and Evolution. 60 (1): 137–151. doi:10.1016/j.ympev.2011.03.015. PMID 21426943.
  4. White, R.E. 1983. A field guide to the beetles of North America. Peterson Field Guide Series #29.
  5. Society, National Geographic. „Ladybugs, Ladybug Pictures, Ladybug Facts – National Geographic“. Посетено на October 4, 2016.
  6. Brown, L., уред. (2007). The Shorter Oxford English Dictionary. 1 (6. изд.). стр. 441.
  7. Anonymous. „Why are ladybirds so-called?“. UK Ladybird survey. Архивирано од изворникот на 1 July 2018. Посетено на 15 October 2010.
  8. Samaha, John M. „Marian Roots of the Name“. Our Lady's Bug. Dayton, Ohio: International Marian Research Institute. Архивирано од изворникот на 15 December 2012. Посетено на 15 October 2010.
  9. Roy, Helen E.; Brown, Peter M.J.; и др. (15 April 2013). Ladybirds (2. изд.). Pelagic publishing. стр. 142. ISBN 9781907807077.
  10. Judy Allen & Tudor Humphries (2000). Are You A Ladybug?, Kingfisher, p. 30
  11. Seago, Ainsley E.; Giorgi, Jose Adriano; Li, Jiahui; Slipinski, Adam (15 March 2011). „Phylogeny, classification and evolution of ladybird beetles (Coleoptera: Coccinellidae) based on simultaneous analysis of molecular and morphological data“ (PDF). Molecular Phylogenetics and Evolution. 60: 137–151. doi:10.1016/j.ympev.2011.03.015. PMID 21426943. Посетено на 14 February 2016.
  12. „Everything Ladybug! The source for Ladybug Stuff!“. Everything-ladybug.com. Архивирано од изворникот на 2018-03-14. Посетено на 22 June 2010.
  13. Anonymous. „Ladybird spotters“. UK Ladybird survey. Архивирано од изворникот на 1 July 2018. Посетено на 17 June 2010.
  14. „European corn borer - Ostrinia nubilalis (Hubner)“. entnemdept.ufl.edu. Посетено на 13 November 2017.
  15. „The European Corn Borer“. www.ent.iastate.edu. Посетено на 13 November 2017.
  16. Smart, John (1963). British Museum (Natural History) Instructions for Collectors NO. 4A. Insects. London: Trustees of the British Museum.
  17. Almeida, Lúcia M. ; Corrêa, Geovan H. Giorgi, José A. ; Grossi, Paschoal C. New record of predatory ladybird beetle (Coleoptera, Coccinellidae) feeding on extrafloral nectaries. Revista Brasileira de Entomologia 55(3): 447–450, setembro, 2011
  18. J. Perry & B. Roitberg (2005). „Ladybird mothers mitigate offspring starvation risk by laying trophic eggs“. Behavioral Ecology and Sociobiology. 58 (6): 578–586. doi:10.1007/s00265-005-0947-1.
  19. A. Honek, Z. Martinkova & S. Pekar (2007). „Aggregation characteristics of three species of Coccinellidae (Coleoptera) at hibernation sites“ (PDF). European Journal of Entomology. 104 (1): 51–56. doi:10.14411/eje.2007.008. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-11-09. Посетено на 2020-02-16.
  20. „What Is the Life Span of a Ladybug?“. Sciencing. Посетено на 24 December 2017.
  21. University of Kentucky-College of Agriculture Cooperative Extension Service
  22. Anonymous (5 July 2001). „Phew, what a scorcher!“. The Northern Echo. Архивирано од изворникот на 4 July 2009. Посетено на 8 April 2010.
  23. Wainwright, Martin (17 May 2006). „The great drought“. London: The Guardian. Посетено на 8 April 2010.
  24. Anonymous (5 October 2004). 'Deadly ladybird' sighted in UK“. BBC News. Посетено на 17 June 2010.
  25. Anonymous. „The Harlequin Ladybird has landed!“. The Harlequin ladybird survey. Архивирано од изворникот на 30 November 2012. Посетено на 17 June 2010.
  26. „Invasive Species South Africa - Protecting Biodiversity from Invasion - Harlequin ladybird citizen science project“. Архивирано од изворникот на 24 December 2017. Посетено на 24 December 2017.
  27. Gani, Aisha (12 October 2015). „Ladybird books introduce Peter and Jane to hipsters and hangovers“.
  28. „Ladybird“. www.penguin.co.uk.
  29. www.staffmedia.com, StaffMedia Branding Design S.L. ->. „Estación de Esquí de Candanchú – Ven a esquiar en Familia“. Посетено на 15 September 2016.
  30. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 21-22.
  31. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 60.
  32. DISCOGS, Nancy & Lee* ‎– Nancy & Lee (пристапено на 1.3.2020)
  33. DISCOGS, The Fall ‎– The Infotainment Scan (пристапено на 22.10.2020)

Надворешни врски

уреди