Јајце
Јајце (лат. ovum) е органска форма во која најпрвин почнува да се разбвива ембрионот. Кај повеќето птици, влекачи, инсекти, мекотели, риби, и два вида цицачи (клунести ежови и клунари) јајцето претставува зигот, кој е исфрлен од телото, па ембрионот може да се развива самостојно, надвор од телото на мајката.
Опис
уредиЈајцето најчесто има неправилна топчест облик, со различна големина и боја на лушпата, во зависност од видот на живиот организам. Тоа настанува од оплодена женска јајцева станица, што уште се вика јајце-клетка или гамет и претставува најран облик на самостоен развој на новото живо суштество.
Според квалитетот, односно начинот на употреба јајцата во важечката европска стандардизација се класифицираат во две класи:[1]
- “А“ класа (свежи јајца)
- “Б“ класа (јајца наменети за индустриска преработка)
Физички одлики
уредиСо тежина од 1,5 килограми јајцето од ној во моментов е најголемото јајце што е познато во природата. Изумрениот вид праисториски животни, како Aepyornis и некои диносауруси, имале поголеми јајца. Птицата од видот колибри има најмало птичјо јајце, кое тежи половина грам. Јајцата што ги несат некои влекачи и повеќето риби можат да бидат и помали, а оние од инсектите и другите безрбетници се уште помали.
Според големината јајцата од птиците (обично кокошки) се класифицираат во 4 класи:
- XL - многу големи (потешки од 73 г)
- L - големи (63 - 73 г)
- M - средни (53 - 63 г)
- S - мали (полесни од 53 г)
Јајцето како тема во уметноста и во популарната култура
уредиЈајцето како мотив во книжевноста
уреди- „Приготвено јајце“ (англиски: A Cooking Egg) - песна на британскиот поет Т.С. Елиот од 1920 година.[2]
- „калој и пржени јајца за вечера“ - расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[3]
- „Кобни јајца“ - книга на рускиот писател Михаил Булгаков.[4]
- „Јајце“ (српски: Јаје) - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[5]
- „Едно јајце, жар црвено“ — краток расказ на македонскиот писател Сашо Стефановски (под псевдонимот Џанго Помалиот).[6]
Јајцето како мотив во музиката
уреди- „Човек-јајце“ (англиски: Egg Man) - песна на американската хип-хоп група „Бисти бојс“ (Beastie Boys) од 1989 година.[7]
- „Змиското јајце“ (англиски: The Serpent's Egg) - албум на британската група „Дед кен денс“ (Dead Can Dance) од 1988 година.[8]
- „Исусово јајце што плачело“ (англиски: Jesus Egg That Wept) - албум на британската поп-рок пејачка Дениел Декс (Danielle Dax) од 1984 година.[9]
- „Лушпа од јајце“ (Eggshell) - песна на британската група „Фјучер соунд оф Лондон“ (The Future Sound of London) од 1994 година.[10]
- Во јајцето влакно бара - ситничар е.
- Гази како на јајца - оди внимателно, на прсти.
- Гајгурови јајца ќе добие - ништо нема да добие.
- (ирон.) Големи јајца - нешто безначајно.
- Го чува како велигденско/црвено јајце - многу се грижи за некого.
- И јајце ќе снесе - ќе направи сѐ за да ја постигне целта.
- Квачи јајца - ништо не работи.
- (книж.) Колумбово јајце - смело, остроумно решение на тежок проблем.
- Кукавичино јајце - туѓ проблем наметнат некому.
- Му дојде јајцето на газот - крајно време е некој да направи нешто.
- На јајцето уште коко му вика - уште е млад и неискусен.
- Си личат како јајце на јајце - многу се слични.
- Удри јајца на масло - почна да троши многу.
Гатанки
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Council Regulation (EC) No 5/2001 of 19 December 2000 amending Regulation (EEC) No 1907/90 on certain marketing standards for eggs (анг.)
- ↑ T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 36-37.
- ↑ Ненад Јолдески Wezdensky, Штамата на Енхалон (Мемоари), Темплум, Скопје, 2009.
- ↑ Хорхе Луис Борхес, Сеќавањето на Шекспир. Скопје: Бегемот, 2016.
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 145.
- ↑ Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018, стр. 14-15.
- ↑ Discogs, Beastie Boys – Paul's Boutique (пристапено на 25.9.2019)
- ↑ Discogs, Dead Can Dance – The Serpent's Egg (пристапено на 24.5.2020)
- ↑ Discogs, Danielle Dax – Jesus Egg That Wept (пристапено на 18.12.2017)
- ↑ DISCOGS, The Future Sound Of London – Lifeforms (пристапено на 13.11.2020)
- ↑ „јајце“ — Дигитален речник на македонскиот јазик