Елен лопатар

вид цицач
(Пренасочено од Dama dama)

Елен лопатар (научDama dama) — цицач од семејството на елените (Cervidae) домороден во Евроазија (вклучувајќи ја Македонија[2]), но потоа доведен во многу краишта како ЈАР, Фернандо По, Саун Томе, Мадагаскар, Маврициус, Мајот, Реинион, Сејшелите, Коморите, Мароко, Алжир, Тунис, Кипар, Зелениот ’Рт, Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД, Фолкландските Острови и Перу.[3][4]

Елен лопатар
Мажјак
A male (buck) bellowing, UK, October 1964
Женка
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Елени
Потсемејство: Вистински елени
Род: Елени лопатари
Вид: Елен лопатар
Научен назив
Dama dama
(Linnaeus, 1758)
Распространетост:
1: (порано) домороден, вкл. D. mesopotamica
2: Можеби домороден
3: Стародоведен
4: Современо доведен
Синоними

Cervus dama Linnaeus, 1758

Таксономија

уреди

Некои таксономисти го вклучуваат пореткиот персиски елен лопатар како подвид (D. d. Mesopotamica),[5] додека други го третираат како различен вид (D. mesopotamica). Белоопашестиот елен (Odocoileus virginianus) некогаш била класифициран како Dama virginiana, а еленот муле или црноопашестиот елен (Odocoileus hemionus) како Dama hemionus; им бил даден засебен род во 19 век.

Опис

уреди
 
Елени лопатари во околината на Бристол, Англија.

Мажјаците се долги 140–160 см, високи 85–95 см и тешки 60–100 кг. Кошутите (женките) се долги 130–150 см, високи 75–85 см и тешки 30–50 кг. Најголемите мажјаци достигнуваат 190 см во должина и 150 кг во тежина.[6] Младенчињата се раѓаат напролет со големина од 30 см и тежина од околу 4,5 кг. Животниот век на еленот лопатар е 12–16 години.

Единките прилично се разликуваат по боја, при што постојат четири главни варијанти: обична, менилна (светлa) меланистична и леукистична.[7] Најсветли се белите, а потемни се обичните и менилните, додека пак меланистичните се многу темни, па дури и црни (лесно можат да се помешаат со дамчестиот елен).

Највеќето стада се состојат од обични единки, но неретко се среќаваат и менилни единки. Меланистичните единки се поретки, а белите пак најретки, освен новозеландските стада, кои имаат по многу меланистични единки.[8]

Само мажјаците имаат рогови, кои првите две години се шилести, а потоа го добиваат карактеристичниот лопатест облик. По исхрана се тревопасни и претпочитаат мешани шуми и отворени тревести предели. Во парната сезона, мажјаците се расејуваат, а женките се движат меѓу нив. Ова е посебно поведение кое не се јавува во остатокот од годината, кога единките настојуваат да бидат заедно во групи до 150 единки.

Ова е мошне брзи и агилни животни кои развиваат брзина до 48 км/ч[9] на кратки растојанија, но не се побрзи од многу нивни сродници како срната поради послабата мускулатура. Можат да скокнат 1,75 м во висина и 5 м во далечина.

Распространетост и историја

уреди
Леукистична и обична единка во Зоолошката градина во Скопје

Еленот лопатар е евроазиски вид[10] кој бил домороден во речиси цела европа за време на последниот меѓуледнички период. Во холоценот, живеалиштето му е ограничено на Блискиот Исток и можеби, делови од Средоземјето, додека на југоисток живеел персискиот елен лопатар кој е поголемо тело и рогови. Утврдено е дека во Левантот, еленот лопатар играл значајна улога во исхраната на луѓето за време на палеолитската кебарска култура (17 000–10 000 п.н.е.), како што се гледа од наодите во северен Израел, но нивниот број се намалил за време на епипалеолитската натуфска култура (10000–8500 п.н.е.), што можеби се должи на поголемата сушност и губитокот на шумските предели.

Во Македонија

уреди
 
Стадо елени во Зоо Скопје.

Во Македонија еленот лопатар е присутен како доведен вид.[11]. Неговата бројност флуктуира од година на година и од регион во регион. Најзастапен е во Источниот Регион.[12] Еве ја бројната состојба во периодот од 2010 до 2014 г.[12]

Бројна состојба на еленот лопатар во Македонија, 2010-2014
Година 2010 2011 2012 2013 2014
Единки 260 495 260 476 378

Родос

уреди

Родоското домородно население на еленот лопатар е помало во просек од оној на Средна и Северна Европа, иако е слично обоено. Во 2005 година, откриено било дека родоскиот елен лопатар е генетски различен од сите други населенија и дека претставува итен интерес за зачувување.[13] На влезот во пристаништето во градот Родос, статуи на мажјак и женка елен лопатар сега стојат на местото на која некогаш се наоѓал Родоскиот колос.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Masseti, M.; Mertzanidou, D. (2008). Dama dama. Црвен список на загрозени видови. 2008: e.T42188A10656554. doi:10.2305/IUCN.UK.2008.RLTS.T42188A10656554.en. Посетено на 19 November 2021.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Елени“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 527. Text "series " ignored (help)
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-11-05. Посетено на 2015-08-20.
  4. LONG JL 2003. Introduced Mammals of the World: Their History, Distribution and Influence (Cabi Publishing) by John L. Long (ISBN 9780851997483)
  5. Wilson, D.E.; Reeder, D.M., уред. (2005). Mammal Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference (3rd. изд.). Johns Hopkins University Press. ISBN 978-0-8018-8221-0. OCLC 62265494.
  6. Burnie D and Wilson DE (Eds.), Animal: The Definitive Visual Guide to the World's Wildlife. DK Adult (2005), ISBN 0789477645
  7. „The British Deer Society“. Архивирано од изворникот на 2014-05-23. Посетено на 2015-08-20.
  8. „New Zealand Hunting Info“. Архивирано од изворникот на 2018-06-20. Посетено на 2015-08-20.
  9. „The Deers of the Ranch of America“. Архивирано од изворникот на 2020-07-31. Посетено на 2015-08-20.
  10. Urdang, p. 476
  11. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Дивеч“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 460. Text "series " ignored (help)
  12. 12,0 12,1 „Бројна состојба на дивечот,по години по региони“. Државен завод за статистика на РМ. Посетено на 3 февруари 2016.[мртва врска]
  13. Masseti, M; Cavallaro, A.; Pecchioli, E.; Vernesi, C. (2006-11-11), „Artificial Occurrence of the Fallow Deer, Dama dama dama (L., 1758), on the Island of Rhodes (Greece): Insight from mtDNA Analysis“, Human Evolution, 21 (2): 167–175, doi:10.1007/s11598-006-9014-9, S2CID 84328010

Литература

уреди
  • FAO ANIMAL PRODUCTION AND HEALTH PAPER 27. (1982). Deer farming guidelines on practical aspects. ISBN 92-5-101137-0. Посетено на 4 January 2008.
  • Clutton-Brock, J. (1978). A Natural History of Domesticated Animals. London, British Museum.
  • Lyneborg, L. (1971). Mammals [of Europe]. ISBN 0-7137-0548-5.
  • Level 1 DSC Training Manual. http://www.eskdalewildlife.com/training.html Архивирано на 12 февруари 2009 г.
  • Urdang, Laurence. The Random House Dictionary of the English Language. 1969; Laurence Urdang, Editor in Chief, Random House.

Надворешни врски

уреди