8 август (настани)
шаблон на Викимедија
1786 | Мишел-Габриел Пакар и Жак Балма се првите луѓе кои го искачиле врвот Монблан. |
1918 | Прва светска војна: Започнала Битката кај Амјен во Франција, која била серија на континуирани победи на сојузниците во текот на 100-дневната офанзива, со кои завршила војната. |
1938 | Започнала изградбата на концентрациониот логор Матхаузен во Австрија, тогаш анектирана од Нацистичка Германија. |
1945 | Со договорот во Лондон меѓу Велика Британија, СССР, САД и Франција, основан е Меѓународниот воен суд за судење на водачите на Третиот рајх. Овој суд ќе го спроведе познатиот Нирнбершки процес. |
1966 | „Битлси“ го издаваат албумот „Револвер“, прогласен за трет најдобар на сите времиња според списанието Rolling Stone и за најдобар според мрежното место Rate Your Music. |
1969 | Советскиот Сојуз ја лансира автоматската вселенска станица Зонд-7 со задача да ја проучува Месечината и пространствата околу неа. |
1974 | Под притисок на јавното мислење на САД, претседателот Ричард Никсон соопшти дека на 9 август ќе поднесе оставка поради обвиненијата дека е замешан во аферата Вотергејт, која силно го погоди американскиот претседателски систем. Наместо Никсон, американски претседател стана дотогашниот потпретседател - Џералд Форд. |
1976 | Американската рок-група „Бостон“ го издава истоимениот албум, кој до денес е најпродаван дебитантски албум во историјата. |
2001 | Десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија се убиени, а тројца се повредени во нападот што албанските терористи го извршија врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје - Тетово. |